† БЛАГОВЕШТЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА 2020
„Архистратигот на ангелските сили беше испратен од Бога при чистата Дева да ѝ го благовести необичното и неискажливо чудо: бессеменото воплотување на Бога од неа и нејзиното девствено раѓање, заради обновување на целиот човечки род. Луѓе, објавувајте ја оваа радосна вест“ (Светилен на Утрена на Благовештение на Пресвета Богородица).






На 7 април 2020 година, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, каде беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој е епархиска слава на
Цвет не можам да донесам
Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански идентитет – го зајакнува својот национален идентитет.
Постојат моменти во нашиот живот што имаат посебно значење. Ако се важни тие моменти зашто треба да ги искористиме за нашето спасение, тогаш толку се важни и овие кои му претстојат на нашето братсво. Сите увидуваме дека се судбоносни и дека нашите одлуки треба да бидат во согласност со светата волја Господова.
Богородица Марија. Име на возвишеност и светост; име на Божествена убавина, „радост за сите народи“, „Служителка на светата радост!“ Колку и да се големи искушенијата што ги врвиме; колку и да се длабоки и бурни брановите што се закануваат да нè потопат и удават; колку и да се тешки маките што нè притискаат; колку и да се големи тагите и жалостите што нè гушат – секогаш последниот збор го има Мајката Христова, Мајката наша, Утешителката на децата
Лесно е да кажеш - љубов. Но, колку само подвиг треба за да ја стекнеш вистинската љубов. Таа нѐ завидува, нѐ суди, не се срди, на сѐ се надева, во сѐ верува. Таква е љубовта. Оти ако завидуваш, ако сѐ срдиш, како можеш да имаш нешто заедничко со Бога? Ако постојано судиш или завидуваш, како ќе живееш во просторот на љубовта? Таа ќе те гори, ќе те пече, ќе те измачува!
„Од каде да почнам да ги оплакувам делата на бедниот живот мој? И што да поставам за почеток на плачот мој сегашен, Христе? Но Ти, како Благоутробен, дај ми прошка на прегрешенијата“ – започнува молитвениот плач на Свети Андреј, чиишто зборови неизоставно оставаат печат во сечија душа. И така, се редат непрестајно, примери и поуки од Стариот и Новиот Завет, проткаени со неопислив дух на покајание и скрушеност.
Општо земено, кога човекот е глув за верата, не е надарен за мистично чувство или, пак, е скептички настроен спрема религиозно-филозофската проблематика, тој може да биде подеднакво оддалечен и од Христа и од Неговиот антипод. Кога човекот е религиозен, па дури и кога е религиозно надарен и образован, него од Христа до антихриста, со тек на времето, може да го дели само еден чекор, доколку самиот е исполнет со гордост, желба за слава и властољубие.
Во еден манастир имало еден калуѓер, кој бил клучар и им давал вино на другите браќа. Тој имал голема љубов кон света Богородица и никогаш не го оставал црковното пеење. Многу се трудел во монашкиот живот, но и пиел многу вино.
- Разбрав! Прво ќе бомбардира авијацијата и потоа ќе се случи нападот! Значи, ќе одам горе и ќе ви донесам вести!… Некои луѓе, дури и постари, доколку лекарот им каже: „ќе умреш“ или: „педесет проценти е надежта да преживееш“, се секираат. Сакаат да живеат. Што ќе постигнат? Се чудам! Доколку некој е млад, на некој начин тоа е оправдано; но, еден остарен човек да прави обиди за да живее, тоа не го разбирам. Друго е да зема терапија, за некако да може да ја издржи болката.
Богослужбите не се забрануваат ниту некогаш треба да престанат. Тие се стожерот на живата црква и вера. Мерките, пак, не се репресија врз верата и догмите,туку се превентивен систем наменет за верниците и клириците. Вака директорот на Комисијата за односи со верските заедници во интервју за весникот ВЕЧЕР одговара на прашањето дали со владините мерки за справување со пандемијата на коронавирусот се забрануваат богослужбите.
Толку, колку будно внимаваш на својот ум, со толку потопла желба ќе Му се молиш на Исуса; а доколку невнимателно го надгледуваш својот ум, толку ќе се оддалечуваш од Христа Исуса. И како што првото го осветлува воздухот на умот, така последното, - отклонувањето од трезвоумието и слаткото повикување на Исуса – обично потполно го помрачува.
Унапредувањето со времето е духовен темперамен
“Светов го опфаќа една нова заразна болест - бесчуствителност кон оние што страдаат. Ај кај светските моќници, но кај обичните луѓе?
Некој богат човек имал ќерка, по име Ефимија, која била толку побожна и живеела така богоугодно што уште како дете отишла в манастир и никојпат не изостанувала од црковните богослужби; била и многу убава. Колку повеќе растела, толку поубава станувала, а заедно со телесната снага растела и нејзината духовна сила, па сите се чуделе на нејзината светост.

























