Ангел на радоста – за Патријархот Илија II, Грузија и љубовта
Нема нација на земјата, во која немало духовно прекрасни луѓе, надарени со длабока вера, преданост, пожртвуваност и одѕивност. Тоа се луѓе од посебен род, за кои Пресвета Богородица рекла: „Овие – се од нашиот род“. По таквите луѓе судат за земјите. Тие – се лице на нацијата, и образот Божји, според кој ние сме создадени, во нив се гледа во посебна боја.