логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

РАДОСТ ЗА СВЕТИИТЕ

Постојат светители што ни е дадено, а постојат и некои што не ни е дадено да ги знаеме, но кои како пресветли ѕвезди светат на небото. Светиот Гаврил Светогорец е една од тие ѕвезди што самата ни се објави, која заедно со другите знајни и незнајни го осветлуваат небото на нашите срца.

Да знаев, тогаш, дека „Херувим“ не припаѓа и не служи на земната, туку на Небесната Црква, ќе ме фатеше страв и немаше да одам кај него. Неговиот однос со мене не беше како татко и син, туку како другар од најрано детство, кој ја има целата моја душа на дланка. Многупати не зборувавме, а само се гледавме, и се разбиравме!

Ме испраќа до портата манастирска за дома. Одам десет чекори, не се вртам, а нешто ми вели: „обѕирни се назад“. И во тој миг, го гледам со кренати раце – како да слегува оган од небото. „Брат Живко, не се врти, оди напред, ајде продолжи!“, ми вели. Продолжувам, и повторно исто, сѐ додека не ме сокри од неговите раце. Ама тоа е видливо, а тој останува и понатаму со мене, сѐ додека нѐ грее. 

До точка светогорски типик, богослужба во ладна црква без оган, нејадење, а од каде доаѓаше таа топлина – медицински несфатливо. Чувствувам како и мене ме грее, се прелева, ја предава, каква е таа, чудотворна.
Ме вика во светиот олтар. Нема струја, а внатре свети на секое влегување. Благо се наведнува, рацете – целив за благослов, кадилница. Го подигнува Агнецот. „Свјатаја свјатих...“ Глетка незаменлива – рај, рај, рај... Ех, Боже, какви се тие души – сѐ си му зел и сѐ си му оставил – само Ти и молитва за сѐ.

Еднаш ми рече: „Душата да ти ја побарам, ќе ми ја дадеш ли?“ Јас нему ништо не му дадов, а тој не само на мене, ами на колку такви како мене сиот им се даде... Не постои книга што ќе ја докаже неговата светост...
Шепотеше како на уво на „друг“ човек. Тогаш научив кој е Тој Друг со Кој зборува и на Кого му шепнува имиња: Фјодор, Живко, Ѕвонко, Горан, Марика, Родна, Ружа, Теодора...

Покрај тоа што беше исполнет со Божја љубов за луѓето, тој ги беше возљубил сите созданија: во црквата имаше малечки глувчиња, сосем мали, убави, со црни очички и долги опавчиња, па понекогаш досадуваа. Тој живи ги фаќаше со стапици, но не ги убиваше; само ќе ги однесеше во шумата и ги пушташе на слобода. Ми велеше: „Нека ја исполнат волјата Божја“. Ех, Боже, прекрасен си во Твоите Светии...

На секое заминување го прашував: „Отец Гаврил, што да ти донесам или испратам?“ Обично порачуваше некои ситни нешта. Но тогаш се зауми малку и рече: „Знаеш што? Донеси ми еден мртовечки сандак!“ Јас во мој стил негодував и почнав да се карам. А тој стоеше така мирно и ме гледаше. Наскоро се случи и тоа. Дванаесетти јануари. Кога влегував во дворот, го видов сандакот и се сетив што ми кажа. Наместо да се радувам, почнав силно, наглас да плачам. Кој може да ме разбере? Може ли да бидам дрзок пред Милоста? Зошто, мили Боже, тоа го направи...

Каква милост ми даде небото, да видам ангел во тело и жив светител. Ова време, и ние во него, не можеме да разбереме и сфатиме – живееме чисто бесловесен живот, без и малку сознание за имагинацијата во која сме замотани. Малку е зборот жални за да ја искаже целата жалост на нашата суета!

Може да се направи цела збирка за мојот свет духовен отец Гаврил, навестувајќи ги миомирисите на ливанските темјани од неговите чуда. Нешто како „мала радосна сцена“ пред да се дигне големата пурпурна, како боја од старо вино, тешка завеса.

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

д-р Живко Котевски
специјалист физијатар


Извор: ПРЕМИН 111/112



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2743
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1923
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…