Архимандрит Захариј од Есекс: Духовното раководство како служба на помирување меѓу човекот и Бог – I дел
Во Стариот Завет, Христос е пророчки најавен како „Отец на идниот век“ (Ис 9,6) од Неговите неизглаголиви „наследници“ (Ис 53, 8). /Кој може да зборува за Неговите наследници, не само за Неговите небесни, туку и за Неговите земни наследници? / Преку Неговите неискажливи „наследници“, Тој дојде и ни зборуваше за творечките и животодавни слова на Неговиот Отец (сп. Jн 6, 63). Уште повеќе: „како јагне Тој беше одведен на колење“ (Ис 53, Дела 8, 32) и со Својата крв си „очисти“ нов „избран народ“






-Да не празнуваме Воскресение Христово без Христос. Оти овој ден е велик, голем ден и не може да биде таков без Великиот Бог кој доброволно се унижи, се понижи заради нас. За жал можам да заклучам дека многумина од нас празнуваат Воскресение Христово без Христос.
Ќе се собереме
Што подразбираме под духовна надградба? Што уште ни покажа и со дело нѐ поучи Богочовекот Исус Христос?
Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.
Според мерата, по која човекот, од своја страна, дејствително и вистински се подвизува во очистувањето од нечисти дела, желби и страсти, нечисти мисли, во таа мера на него, со посредство на Црквата и нејзините Свети Тајни, слегува осветувањето од Бога, кое нека сите нè направи причесници на седејствителната благодат на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.
На 29.04.2021 година во навечерието на Велики петок, Неговото Блаженство, Архиепископт Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Утрена богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.
Христијанскиот живот е борба за доброто и спасоносното, за правдата и за вистината, а против сите зла, и во себе и кај другите. Но, да не очајуваме, зашто Христос го победи секое страдање и ја донесе радоста, осветлувајќи ја вселената. Нашата вера нè учи дека на страдањето треба да му пристапуваме крстовоскресно, доживувајќи го преку Воскресението, сведочејќи дека ништо не може да нè оддели од љубовта Божја

Не сум психијатар, но од книжевноста се учат многу работи. Така, на пример, од драмскиот текст „Паралелни светови“ на мојот хрватски пријател Миро Гавран, врз „жив пример“ (книжевен лик) научив што е дисоцијативна фуга. Таму, ликот околу кој се врти сѐ, професорот економист Адам, откако ќе ја затекне сопругата во неверство со најдобриот пријател, заминува во банка да ги подигне сите пари и да фати пустелија.

Oтците подвижници инсистираат да ставиме една полезна бариера на јазикот. Авва Амон вели дека горењето на срцето, духовната топлина се гаси поради завлекувањето со суетни зборови. Човек не може да има умилителна и чиста молитва навечер, ако цел ден го озборува целиот град. Суетното зборување го нарушува вниманието, ја намалува енергијата, го задржува духовното возвишување,

Додека свештениког го читаше Светото Евангелие на Божествената Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, парохијаните забележаа дека иконата на Богородица Паригоритрија започна да плаче. За време на кадењето пред Големиот Вход, свештеникот се спушти од главното скалило на Олтарот и се упати кон Храмот каде што е иконата. Парохијаните го коментираа настанот, и се прашуваа зошто и што се случува.
Секоја идеја или дело, колку и да се свети, колку и да се благородни, како што се љубовта кон татковината, социјалната помош или зачувувањето на традициите и обичаите, доколку не ги надминат границите на овоземниот живот, се собитија што му отежнуваат на човекот да ја достигне Вечноста.Тоа се моменти на една историчност, која, сепак, останува затворена во времето и просторот без перспектива за нетление и спасение, односно за полнота.
Уште од првите векови на христијанството Црквата морала да издржи и издржала многу жестоки прогонувања. Во текот на првите три столетија Црквата дала не илјадници, туку стотици илјади маченици, кои ѝ обезбедија победа над многубоштвото. Подоцна, за наредните речиси пет века, православието морало да се бори против внатрешните непријатели, еретиците, секташите, кои сакаа...
























