логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје,15ти февруари  2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

  На 15ти февруари 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Сретение Господово;
  • Светиот новомаченик Јордан;

 

 

 

 

 На 15ти  февруари 2019 година, во триесетишестата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-  Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот наСретение Господово, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на ѓаконите  Методиј  Митановски и Михаил Манојлов, отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 

 

Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва. На пример, кога ќе ни донесе лоши или хулни помисли, ја почнуваме молитвата и му велиме на тракатанецот: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”. Значи, кога ќе го направиме ова, и да сакаме да го задржиме тракатанецот, нема да остане бидејќи не е глупав да работи напразно, а воедно да ѝ прави добро на нашата душа.- Старец Паисиј Светогорец

 

 

Преминпортал (к.т)

Друго:

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie