логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Скопје,10ти февруари  2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 На 10ти февруари 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  •  Преподобен Ефрем Сирин
  • Преподобен Исаак Сирин
  • Преподобен Паладиј

 

 на денот на свети Исак Сирин и свети Ефрем Сирин

Од житието на  Закхеј : „Светиот апостол Закхеј најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во Ерихон заради Него, влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј кон покајание. Подоцна тој го придружуваше светиот апостол Петар, кој го постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи на Евангелието и мирно се упокои“.

 

   На 10ти  февруари 2019 година, во триесетишестата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-  Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на Преподобен Ефрем Сирин,Преподобен Исаак Сирин,Преподобен Паладиј, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на ѓаконите  Методиј  Митановски и Михаил Манојлов, отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 

 

 

Од  Евангелието:

Потоа, влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митарите, и беше богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок.

Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине.

 „Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може многу лесно да се откаже од својата човечка слава, па дури иако знае дека ќе изгледа споулавен и смешен во очите на целата јавност. Колкумина од нас се навистина спремни да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава, и колкумина од нас се спремни да изгледаат бедно и да служат за потсмев заради Господ и заради можната средбата со Него; макар и оддалеку, макар не знаејќи или само надевајќи се дека потоа ќе треба и во својот дом да Го примат.“   

 

Поголем непријател и од сатаната е злобата поврзана со гордост. Ним не им е достатно што ги расипуваат добордетелите и ги прават неупотребливи, туку го заморуваат и телото, а ја опеколуваат и душата. Како што една дупка во конзерва предизвикува таа да се расипе бидејќи навлегува воздух, така и само една горда помисла, ако помине во нашата глава тогаш главата се полни со високомислие, та добродетелите стануваат неупотребливи. Старец Паисиј Светогорец

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 

Друго:

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »