Симеон Стефковски: Единствената револуција
Општеството не пропаѓа затоа што нема идеологии, туку затоа што нема совест. Нема мир, затоа што нема смирение. Нема правда, затоа што секој сака да суди, а никој да се преиспита.
Христос не дојде да го спаси системот, туку човекот. И сè додека човекот бега од таа вистина, светот ќе продолжи да се распаѓа, без оглед на тоа колку гласно зборуваме за промена.


Полесно ни е да се држиме за формата отколку за срцето, зашто формата не нè распнува. Таа не бара да умре стариот човек. Како што кажал свети Јован Златоуст, не е грев што човек влегува во храмот неподготвен, туку што излегува од него непроменет. Обичајот може да нè доведе до прагот, но не и до преображението — ако срцето остане затворено.
На столбот на фенерот има плоча: „Тука, шест години, еден татко остави 17.520 сендвичи за деца кои не беа негови. Затоа што не можеше да ги спаси своите. Хернан, твојот син би бил горд на тебе.“
Во секој човечки живот постои една точка на пресврт, миг кога Небото тивко го допира срцето и сè во нас се менува. Кај некого тоа е преку страдање, кај друг — преку тивка радост или неочекуван знак. Кај мене, тој прв допир со Божественото дојде преку едно свето име кое ме следи од детството: името на Свети Никола.
Некои луѓе ќе останат емотивно заглавени во своето детство.
























