логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 apostol.Timotej.jpg

ОКУЛТИСТИ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО

Малку квас го потквасува целото тесто.
Галатјаните 5:9

Еднаш забележав колку е голема тагата што во душите на современите луѓе вика за избавување, и по какви необични патишта ги води. Верата во Бога се сметала за глупост, дури за нешто неприлично, затоа тие верувале во различни учења и имиња  во Шопенхауер, во Буда, во Заратустра и во многу други.

Херман Хес, „Петер Каменцинд“

Во прв ред, станува збор за луѓе што доаѓаат во Црквата од сферата на окултизмот и неопаганството. Во новата средина тие се чувствуваат како дома. Лесно ја прифаќаат мистичната страна на христијанството, чудата и пророштвата, брзо се адаптираат, како да не ја промениле средината. Но, не смее да се пренебрегнува она моќно разурнувачко дејство коешто темниот мистицизам го има врз севкупниот човек, правејќи од него, фактички, психопатолошка личност, но не во строго научна смисла на зборот, туку во религиозно-философска смисла. Како што укажал С. Л. Франк, „од наука за растројствата на механизмите на духовниот живот, психологијата се претвора во наука за растројствата на смисловните врски, на светогледите, потпирајќи се на философско-психолошки и, може дури да се каже, на религизно-философски теории“.27
Врската со демоните кај луѓето што се занимаваат со окултизам може да биде сила од најразличен вид. За среќа, најчесто се среќава најобичен развој на фантазирање, вообразба и високо мнение за своите способности, под влијание на суетата и славољубието. Во тој случај душевното и духовното здравје страдаат делумно, главно на сметка на хипертрофијата  на вообразбата и на фантазирањето.
Искусните духовни учители отсекогаш предупредувале на опасноста од последиците од преоптоварувањето на меморијата и на вообразбата. Современите творци на масовната култура се во длабока заблуда кога сметаат дека со демонстрирање слики на насилство, на ужас или на заплеткани сирреалистички  фантазии ја елиминираат енергијата на агресијата и на самоуништувањето, насобрана во човекот. Злото останува зло, без оглед колку е мало. „Затоа во нашиот живот големо значење треба да имаат и паметењето и вообразбата како сили коишто го водат нашето срце по истите оние добри или опасни патишта, по кои чекорел нашиот живот во минатото.“28
„Духовното здравје подразбира јасност и чистота на свеста со максимална ориентација на душата кон вистинската состојба на нештата, кон реалноста и кон правдата. Православната, пак, аскетика директно го насочува подвижникот на постојана, свесна борба со вообразбите.“29 Мора да напоменеме дека степенот на развојот на вообразбата и нејзината насоченост можат исто така да бидат различни. Вообразбата може да биде слуга на грубите, плотски страсти, создаваќи блудни слики и претстави. Тука нема никаква противречност, зашто дури и самите „духовни“ окултни методи се пронижани со скриен еротизам (фактички, со  блуд). Сите пагански мистерии на древноста, коишто во наше време активно се возобновуваат, содржат во себе силна сексуална компонента.
Друга форма на вообразба е  фантазирањето.30 Човекот поврзан со окултизмот се нурнува во светот на езотерична фантазија: медитирање со предизвикување на впечатливи колоритни претстави, фиксирање на „внатрешниот поглед“ врз лицата на „боговите“, предизвикување разновидни телесни чувства преку сложени асоцијации, разговор со сопствените органи, безбројни техники на ширење или на стеснување на свеста, откривање на внатрешните резерви, активирање на силите на кундалини . Но, во повеќето случаи занимавањето со слични техники сепак не го спушта човекот длабоко во демонската сфера, туку само ги засилува порочните својства на душата.
Притоа често се случува надворешното однесување на човекот да се подобрува. Познато е дека следбениците на „богот на Земјата“, Порфириј Иванов, не пијат, не крадат, водат здрав живот. Но во нивната душа неверојатно многу нараснува колосот на гордоста. Тие, сепак, ја нарушуваат првата Божја заповед и му се поклонуваат на човек, правејќи, фактички, идол од него.


   Тука во смисла на претеран развој.
  Surrealism: антирационално движење во Европа во 20 век за имагинативна слобода (забел. на прев.).
  Кундалини  „огнена моќ“, голема магнетна сила којашто се крие во материјата и во човекот.


Друг пример.

Професионален виолинист, кој водел развратен живот и кој „земниот живот го изминал до половина“, на крајот сфатил дека често и неумерено пие. Неколку пати му успевало да се оттргне од алкохолот, но тоа траело најмногу до еден месец. Еднаш некој му предложил да го промени не само начинот на живеењето, туку и самите мисли, да стане „духовен“. Но, на „мислечкиот“ човек барањето духовност во рамките на Православната Црква му изгледало несериозно и старомодно. По игра на случај, нашиот музикант присуствувал на едно предавање за астрална сфера, одржано од страна на еден хиндуистички маг облечен во бела облека и со чалма на главата. По првиот час, музикантот почувствувал прилив на сили, по петтиот час научил да влегува во астралот. По тринаесеттиот час веќе престанал да пие. Но, истовремено, ја напуштил работата, ја оставил сопругата со две деца, ги заборавил пријателите на коишто им должел пари. Ја продал колата за да посетува курс за усовршување на техниката на медитирање, каде што постепено се губи од видокругот на блиските. Пријателите со воздишка си спомнувале за него: „Подобро ќе беше да продолжеше да пие!“

„Уште еден вид вообразба, по својата суштина, е обидот да се проникне во тајните на постоењето и да се достигне Божествениот свет. Но, всушност, човекот притоа самиот си создава „бог“ според свој образ и подобие, т.е. бог каков што тој го разбира и го замислува, што претставува голема грешка, зашто ограниченото материјално битие си замислува дека може да го постигне неограниченото, нетварното, трансцендентното“.31 Според својот однос спрема Бога, секоја фантазија е опасна и не може да го приближи човекот кон познанието на тајната на светот, туку само ја затскрива вистината. „Вообразбата не може да го соедини човекот со Бога. Доказ за тоа е и падот на ангелот кој си замислил да стане еднаков со Бог и кој, поради тоа, се претворил во ѓавол. Тој го наполнил својот ум со замислени претстави и ја изумил силата што ја користи за да ги погуби луѓето“32
Развојот на наброени видови фантазирање е поддржан со мноштво окултни методи и со армија екстрасенсови и гуруи. Тоа понекогаш го води човекот до патопсихолошки состојби проследени со растројство на мислењето, а почесто до нарушување на процесите на саморегулација на спознавачкото дејствување, со изопачување на личносната компонента на мислењето. Психијатрите едногласно тврдат дека бројот на „наполеони“ и на „ајнштајни“ во нивните болници значително се намалил со засилувањето на окултизмот. Но, затоа одделенијата се преполни со контактори, уфолози, медитатори, коишто за доручек дишат прана а за ужина бркаат кундалини по внатрешните органи.
Обидот на апологетите на пантеистичките учења да се растворат во вселената што ги опкружува, да го обезличат своето „јас“, да ја избришат индивидуалноста, понекогаш водат до жалосен исход.  Некои техники на медитација, од гледна точка на еден психијатар, претставуваат метода на свесно, намерно саморазурнување.  Имавме можност да се сретнеме со луѓе коишто, по долгото практикување на методите на управување со својот организам, почнале да страдаат од синдром на деперсонализација, при што дошло до нарушување на чувствувањето на одделни делови од телото или на целото тело.
Исто толку често се среќава и нарушување на чувството за времето. Еден од најомилените приоди кон „работа“ врз свеста кај некои медитативни секти и кај затворени секции на боречки вештини претставува задржувањето и развлекувањето на времето во својата свест. Притоа настапуваат состојби слични со наркотична опиеност во полесен степен. Според нашите набљудувања, обидот да се влијае врз восприемањето на времето го воведува човекот во добродушна, релаксирана состојба којашто понекогаш се нарекува еуфорија. Специјалистите по источните вештини на борење го користат феноменот „забавување на времето“ за брзо изострување на вниманието на борецот за време на дуелот. Психијатрите таа појава ја сметаат за нарушување на психата, што спаѓа во деснополусферни растројства.


  Прана и кундалини  називи за енергии во источните пантеистички култови.
  Интересна е забелешката на нашиот виден познавач на религиите, во врска со искажувањето за „трагедијата на будизмот“: трагедијата на будистите е во тоа што тие се стремат кон небитие, но небитието, едноставно, не постои. Постојат Царството Небесно и адските маки. И сакајќи да го достигнат небитието, тие се устремуваат кон адот. И во тоа е нивната вистинска трагедија.
  Од христијанска гледна точка, тоа е блиску до најтешкиот грев на самоубиството.

Веќе одамна се говори за тоа дека практично сите методи на промена на свеста се наркотизирачки, и дека предизвикуваат навика. Се работи за тоа дека човековиот мозок создава специфични опијатни супстанци со протеинска структура (ендоморфини) кои предизвикуваат еуфорија и лесна промена на свеста. Во нормална состојба ги има малку, но тие се неопходни во особени ситуации: при бременост и при породување, при болка и стрес – за подобрување на адаптацијата.34 Тие, на пример, предизвикуваат особена состојба кај вљубените, кога објектот на љубовта се гледа во розова светлина. Со одредени методи може да се стимулира создавање на овие супстанци, но тоа воопшто не е безопасно. Слично како наркотиците, и тие може да создадат жариште на доминантно побудување на неактивните зони на кората на големите хемисфери. Тие жаришта, според теоријата на А. Ухтомски, ги определуваат сите зависности.
Состојбите со променета свест може да имаат различна природа, и познати се под општ назив алтернирачки состојби. Психијатарот А. Лудвиг ги дефинирал на следниов начин: „Алтернирачки состојби се оние состојби коишто се провоцирани од физиолошки, психолошки и фармаколошки агенси, коишто субјектот (или, пак, набљудувачот при објективно набљудување) ги разликува од будноста и од јасната свест.“ Слични процеси се одвиваат во главниот мозок и при користење најразлични методи за „промена на свеста“. Тие можат да се појават како кај болните, така и кај нормалните луѓе.  Така, со сигурност е утврдено зголемување на амплитудата на алфа-брановите при ЕЕГ-активности за време на практикувањето трансцендентална медитација, при пушењето марихуана и при обична релаксација со користење на техника на „обратна врска“. Со овој важен факт може да се објасни веќе споменатото зголемено присуство на некогашни наркомани во новите религиозни движења. Можно е со новата практика тие да ги доживуваат истите чувства.
Опасни методи на работење врз свеста навлегле и во психологијата и во психијатријата. Некои психотерапевти сметаат дека хипнозата може да се примени и за корекција на „личносните програми“. Меѓутоа, разјаснето е дека „неповратните разрушувања на некои програми со дефектно функционирање, коишто го усложнуваат самочувството на субјектот, може да внесат нови, уште потешки проблеми во неговиот живот... Особено внимание треба да се преземе при оние психолошки операции кои, отстранувајќи ги дефектните програми, не му оставаат на субјектот ништо во замена, и со самото тоа формираат своевидни состојби на фрустрација“, смета авторитетниот психолог проф. Л. Гримак. Авторите на оваа книга се придржуваат до еден покатегоричен пристап, отфрлајќи ја во принцип можноста за користење на хипнозата и на слични методи во психотерапевтската практика.
Сето ова нè води до заклучок дека зад човек којшто активно се занимава со источни култови и со екстрасензорика, во обиди да ја промени свеста, при влегувањето во Црквата се влече долга „опашка“ од изминатиот живот. Да повториме: никакви практики од сличен вид не минуваат без да остават траги во човекот. Таквите луѓе бараат особен пристап и компетентна рехабилитација.
Желбата во својата фантазија да се доосмисли и да се доцрта секоја можна ситуација, станува жалосно наследство на луѓе надарени со мистика и со хипертрофирана вообразба. Нив за сето време им се чини дека се опкружени со чудесија, за нив е карактеристично барањето на таинствената смисла на настаните. Тоа се луѓе со огнено срце, коишто не мислат со разумот туку со чувствата, луѓе коишто во почетните етапи на религиозниот живот ја одрекуваат главната улога на умот. Свети Игнатиј Брјанчањинов предупредува: „Срце очистено со покјание, возобновено со Светиот Дух, е способно за сведоштво; но, срце коешто е заробено од страсти и од демони, е способно само за лажни и за погрешни сведоштва“.38 Но, ако срцето постојано треба да е разгорено, „умот секогаш треба да биде ладен, зашто умот го следи срцето. Како најличносен дел од човекот, почеток на неговата свест и слобода, умот во човековата природа во најголема мера соодветствува на неговата личност; може да се каже дека тој е  место на пребивање на личноста.“39 Разгорувањето на срцето може да предизвика сериозни компликации при молитвата. Развиеното фантазирање, умеењето човекот да се убеди самиот себеси во реалноста на илузорните претстави, од една страна, и силно вкоренетиот пантеистички мистицизам од друга, несвесно формираат однос спрема молитвата како спрема една од техниките за медитација, макар и најсовршена.
За молитвата како начин на соединување со Бога, за особени благодатни молитвени состојби е напишано многу, и тоа се, главно, дела на светите отци. Тоа се книги коишто, главно, први доаѓаат во рацете на неофитите. Отсуството на духовно искуство и малата информираност за православното учење придонесуваат за развојот на девијантните појави во духовниот живот. Молитвената активност се восприема како редовна обврска, како техника. Стремежот кон непрестајна, самодвижечка Исусова молитва понекогаш станува превасходна (доминантна) идеја на личноста. Како што е и утврдено со законите на психопатологијата, тој стремеж е проследен со значително емоционално напрегање и со отсуство на критички однос спрема ситуацијата. Тоа „горење“ може да се доживува како благодатен оган. А оттука веќе не е далеку до прелест. 


  Медицински кажано, од физиолошки аспект овие состојби се релативно неспецифични.

Некои православни автори, коишто пишуваат за влијанието на окултизмот врз физичкото и психичкото здравје, се обидуваат да ги обединат сите пројави на тоа влијание во некаква нозолошка единица под назив „окултно заболување“.41 Во неа ги вклучуваат како психичките симптоми, така и голем број соматски заболувања, на пр., онколошката патологија. Поздравувајќи го таквото смело расудување во духот на итегративно-класификацискиот приод (очигледно, по аналогија со алкохолизмот), ќе си земеме слобода да не се согласиме со научната страна на прашањето. Спонтано, на ум ни доаѓа книгата Јов: читајте, таму е сè запишано! 
Имавме прилика да контактираме со еден човек кој во себе имаше соединето два спротивни квалитети: со крајна сериозност, со молив в рака, тој ги изучуваше окултно-фантастичните творби на Д. Андреев под назив „Розата на светот“, но се смееше на глас кога со него разговаравме за постоењето на мрачните сили. Се сеќавате, уште Душевадникот и Пелинчо  на К. С. Луис мечтаеле за „одгледување“ посебен тип луѓе  крајни материјалисти кога се во прашање совеста и верата и истовремено љубопитни и лековерни истражувачи на окултни теории.42
Но, од полусвесното мајтапење со мистичниот свет човекот лесно може да стаса до свесно служење на духовите на злото. Треба јасно да се разбере дека дури и најнаивните експерименти со „силите“, со „енергиите“ и со слични нешта веќе претставуваат повикување на мрачните духови. Демоните на секаков начин ќе настојуваат да го доведат во заблуда човекот, убедувајќи го во реалноста на виртуелниот свет во кој тој влегува. А во непостоечкиот свет, како во некој спектакл, сè е можно. Прашањето е кој е режисерот и како тој ќе го заврши спектаклот. На православниот христијанин му е познат одговорот на тоа прашање.

Еве една животна сторија.

Знаевме дека нашите пријатели А. и М. се занимаваат со медитација, но се покажа дека работите се многу посериозни одошто можевме да претпоставиме. Еднаш, при случајна средба на улица, забележавме дека се во извесна мера „вон себе“ и дека бурно се расправаат за нешто. Се покажа дека во текот на една медитација се случило нешто неочекувано.
А. јасно почувствувал присуство на некаква мрачна и студена сенка. Со последни напори на волјата успеал да ја крене слушалката и да го повика М. Таа обична телефонска врска (поточно, милоста Божја, искажана преку обична физичка појава) го повратила А. во колку-толку нормална состојба. По настанот, тој лежел неколку часови во кревет со силна главоболка и со тремор во рацете и нозете. Потоа дојде до споменатата средба со М., на која и ние присуствувавме. Сè што следуваше потоа може да се припише на нарушено психичко здравје и на илјада други причини. Но, како прво, А. и М. воопшто не наликуваа на малоумни. А како второ, описот на настанот премногу наликуваше на студената реалност (чија подробност намерно ја изоставаме) од сведоштвата на светите отци за јавувањето на паднатите духови на грешните луѓе.

Колку подлабоко човекот тоне во окултизам, толку повеќе му стануваат блиски вредностите на демонската философија, и толку поактивно мрачните сили проникнуваат во неговиот живот. Под тоа влијание се менува сето устројство на душата. Сметајќи дека напредува на скалилото на совршенството, потчинувајќи под себе нови и нови енергетски струи, човекот, всушност, сè повеќе пропаѓа во свет на привид и на измама што му го подметнуваат демоните. Притоа, тие ја држат својата жртва на кратко јаже, и фактички управуваат со неа. Привлечноста на „алтернативниот“ свет (свет-антипод, вируелно царство), создаван од злите духови, е толку силна што дури и големите подвижници и молитвеници се фаќале на таа јадица, доколку се потпирале на свое поимање а не на Божјата милост, и почнувале да вообразуваат и да си претставуваат нешта коишто не постојат. А што да се каже за оние коишто немаат никаква претстава за интригите на демоните!


  Погледнете ги делата на св. отци, особено св. Игнатиј Брјанчањинов, св. Теофан Затворник, писмата на преп. Макариј Оптински.
  Погледнете, исто така, и Јован 9:2-4.
  Имињата се земени од преводот на делото на македонски: К. С. Луис, „Писмата на душовадникот“, Метаноја, Скопје, 2001 (забел. на прев.).

Притоа, срцето  органот на богопознанието и на богоопштењето, којшто мора да се чува „од сè што е за пазење“ (Изреки 4:23)  буквално замрзнува, се претвора во пустина. Познато е дека човечката душа како да го опфаќа сето тело и ги ползува телесните органи за искажување. „Како што е мозокот за умот, така е и срцето за душата  орудие“  вели св. Теофан Затворник.43 „По филтрирањето на сите надворешни впечатоци и на сиот внатрешен живот, во срцето се таложи и се кристализира еден квалитет  чувство, извор на сета наша душевно-духовно-физичка животна активност“.44 Може да се претпостави какви кристали се налепуваат во срцето препуштено на служење на неопаганството и на окултизмот. Кога од чисто умствено познание на езотеричните тајни човекот преминува на практично занимавање и на контакти со духови, тој го прави своето срце прибежиште за демоните. „Кога на она што е зло и безобразно му се придава романтичен карактер, настанува пародија на духовноста  сатанизам или студено естество; впрочем, последново е карактеристично за етички инвалиди“.45 Извлекувањето од таа јама е мошне сложено, макар што „за Бога сè е можно“ (Марко 10:27).
Сето разнообразие на слични методи на која-годе етапа на нивното познание се слева во еден ток. Источните секти, практиката на взаемно дејство со „космосот“, паганските мистерии, парапсихологијата, медитацијата со длабоко нурнување во нив  водат кон груб демонизам. „Зашто, како што покажува искуството, дури и незаинтересирано читање на окултна литература е процес на соединување со мрачните сили, коишто невидливо ја трујат и ја погубуваат душата на читателот“.46 Тоа се случува поради тоа што се среќаваме со опасен, привлечен и виртуелен свет кој дејствува суптилно, „создаван“ од злите духови за да нè измамат. Пројавувајќи каков било интерес кон тој свет, ние стапуваме во контакт со демони коишто се постојано подготвени да го нарушат мирот во срцето и да го задушат гласот на совеста.
Внатрешното чувство на секој човек му кажува дека неговата суштина не се сведува на она што е тој самиот во даден миг, и неговата сегашна состојба не е пресудна. Секој од нас е нешто неизмерно повеќе од своето сегашно јас. Но, каде да најдеме нешто подобро? Како да се исполни призивот кој одекнува во срцето, за да од земјен  човек станеме „космички Адам“?47 На овие прашања може да се одговори најразлично, но едно е јасно: контактите со паднатите духови во потрага по натприродни дарби досега на никого не му донеле нешто добро.48 Човекот не е автономно битие на земјата. Започнувајќи со самоволието, човекот веќе премногу често завршува со предавање на своето срце на ѓаволот во тоталитарни или окултни организации на кои не им се знае бројот. Обидот за бунт против Бога, за да се стане слободен, води кон зависност од спротивните сили. Тоа, всушност, е патот на Адам од рајот кон земјата, посочен од змијата. Последиците за душата на човек кој длабоко потонал во демонизам се огромни.
Подлабоко впуштање во ова прашање излегува од рамките на целите на нашите огледи. Тоа е поблиску до компетенциите на православната аскетика и демонологија.

(Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издава : Преминпортал

(Превел од руски: Михајловиќ С. Драган)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.


Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1238
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1561
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная