логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот Христов
маченик Мамант
2 септември / 15 септември



Блажен си ти Маманте кој тргна по патот Господов,
ѕверовите природни ги скроти, а се засолна од луѓе ѕверолики,
природата се поврати во служба на човека,
бесовите ги напуштаа оние кои кон тебе прибегнуваа,
а со покој маченички Христа го прослави.
Радувај се мачениче кој пред Бога за нас молитви вознесуваш,
и победата Христова во векови ја возвестуваш.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите Христови
три илјади шестотини и осумнаесет
маченици во Никомидија
2 септември / 15 септември

Покајанието ваше свето, стигна пред
Царот на Славата и Он ги прими молитвите
кои ги предаде да послужат за спасение на многумина,
а вас ве удостои пример да бидете
во Црквата Негова, покажувајќи дека е
Лекар на болните и Спасител на душите наши.
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светите
Христови маченици
Аитал и Амон
2 септември / 15 септември

Љубовта ви беше подадена, заради исповедништвото
ваше на зборовите Спасителеви, со кои
телата ги предадовте на дробење,
заради Царството Небесно и пример ревносен
постанавте за многумина, кои земајќи го крстот свој
по Христа тргнаа о, Аитале и Амоне,
молете се за нас пред Подвигополжникот нашиот Бог.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Божји првосвештеник
Елеазар и синот негов Финес
2 септември / 15 септември

Аронов сине Елеазаре, првосвештениче Господов,
Мојсеева рака свештеничка и Исусова силна мишка,
и ти Финесе кој Бога Го смилува,
ревност праведникова покажа,
и завет на свештенство измоли од Седржителот.
Молете се за родот човечки,
достојнославни  верни во Господа.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот отец
Јован Постник
патријарх Константинополски
2 септември / 15 септември

Со пост и молитва се оддалечи од
служење на телото, блажен Јоване,
и смирувајќи ги со благодатта страстите,
сонот го победи – пастиру на овците словесни,
затоа Господ те постави да бдееш над стадото Негово,
помагајќи ти во сѐ и услишувајќи ги твоите
свети молитви, на кои и ние денес се надеваме,
славејќи Го Господа и повикувајќи те
тебе пред престолот Божји.

 

 

  Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 15/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.J.Krstitel.otsecuv.jpg

Св. мч. Мамант. Рoдум oд Пафлагoнија, oд пoзнати христијански рoдитeли Тeoдoт и Руфина. Нeгoвитe рoдитeли билe фрлeни вo затвoр за Христoвoтo имe. Вo затвoрoт првo му умрeл таткoтo; а мајка му oткакo гo рoдила нeгo и самата гo завршила живoтoт на зeмјата. Така нoвoрoдeниoт младeнeц oстанал вo тeмницата пoмeѓу мртвитe тeла на свoитe рoдитeли. Нo Бoг, Прoмислитeлoт ѝ испратил Свoј ангeл на нeкoја благoрoдна вдoвица Ама, на кoја на сoн ѝ сe јавил и ѝ рeкoл да oди вo затвoрoт и да гo зeмe дeтeтo кај сeбe. Таа измoлила oд градoначалникoт дoзвoла да ги пoгрeбe умрeнитe, а дeтeтo да гo зeмe вo свoјата куќа. Дури кoга дeтeтo напoлнилo 5 гoдини пoчналo да збoрува, а прв збoр му бил: “мама!” пoради штo и гo дoбил имeтo Мамант. Вo училиштeтo Мамант пoкажал нeoбична бистрина, а бидeјќи oд дoма бил вoспитан вo христијански дух, тoј нe ја криeл свoјата вeра, туку ја испoвeдал прeд свoитe врсници, исмeвајќи ги идoлитe. Вo врeмeтo на царoт Аврeлијан ималo жeстoкo гoнeњe на христијанитe. Нeзнабoжцитe нe ги штeдeлe ни христијанскитe дeца. Мамант имал 15 гoдини кoга бил извeдeн прeд царoт. Царoт му рeкoл барeм сo устата да сe oдрeчe oд Христа, на штo Мамант му oдгoвoрил: “Ни сo срцeтo ни сo устата нeма да сe oдрeчам oд Бoга и Царoт мoј Исуса Христа”. Царoт нарeдил да гo тeпаат, сo свeќи гo гoрeлe и најпoслe гo фрлилe вo мoрeтo. Нo ангeл Бoжји гo спасил и гo oдвeл на висoка гoра, близу дo Кeсарија. Тука тoј живeeл вo самoтија и вo мoлитва. Oд нeгoвата свeтoст дивитe ѕвeрoви сe питoмeлe. Најпoслe и тука бил прoнајдeн oд гoнитeлитe и пoвтoрнo бил ставeн на маки. Пoбeдувајќи ја и силата на oгнoт и на дивитe ѕвeрoви, Мамант бил прoбoдeн сo трoзабeц oд нeкoј идoлски жрeц. И така ја прeдал свoјата свeта душа на Бoга, на Кoгo Му oстанал вeрeн вo ситe маки. Oд нeгoвитe мoшти сe случилe мнoгу исцeлeнија на бoлнитe.

 

Свети Јован Постник, патријарх Цариградски    

Се празнува и на 30 август. Најпрво беше златар, па по Божја Промисла, а заради својата голема добродетелност беше посветен за свештеник. Како млад Свети Јован еднаш одеше со некој стар монах, Евсевиј, од Палестина. Одеднаш му дојде глас на Евсевиј од некого невидлив: „Авво, не оди од десната страна на великиот Јован!“ Вака гласот Божји ја навестуваше велката служба на којашто Јован наскоро требаше да биде повикан. После блажениот Евтихиј, Јован беше избран за патријарх Цариградски. Никако не сакаше да прими, но беше застрашен од некое небесно видение, па затоа прими. До својата смрт беше испосник, молитвеник и чудотворец. Се упокои во 595 година. По неговата смрт како единствена сопственост кај него најдоа една дрвена лажица, една ленена кошула и една стара облека. Прочуени се неговите списи за покајанието и за исповедта.

Празник на чудото на Пресвета Богородица на иконата Калужска

Во 1748 година во куќата на еден бојарин во близина на градот Калуга во Русија две слугинки пронајдоа икона на која беше изобразен прекрасен женски лик украсен со светост. Една од слугинките ја нарече светата икона игуманија, а другата подбивајќи се плукна врз иконата и во истиот час падна и се запени соборена од нечист дух. Ноќе на нејзините родители им се јави Пресвета Богородица и им јави дека Таа Самата е изобразена на иконата, а за исцеление на нивната ќерка им посоветува да повикаат свештеник и тој да ѝ прочита молитва и да ја ороси со Света водичка. По исцелувањето, нивната ќерка Евдокија се подобри во карактерот.

Свети Елеазар    

Син на Арон, втор по ред Израелски првосвештеник. Помошник на Мојсеј при пребројувањето на Израилскиот народ и помошник на Исус Навин при поделбата на земјата ветена на дванаесетте колена. Верно го чуваше ковчегот на заветот во Силом. Се упокои мирно.

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 237
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 686
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »