логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 apostol.Timotej.jpg

 

СУЕТНОТО ЧОВЕЧКО СПАСЕНИЕ
(Псалм 59:11)

Во луѓето ли сега барам благоволение, или во Бога?
Галатјаните 1:10


Сега ќе проговориме за едно друго наследство на светот  за суетата.

„Дејствувањето на суетата започнува така што ослабнува вниманието спрема духовното и се засилува наклонетоста спрема сетилното: луѓето им робуваат на излишните нешта, ги бараат пријатностите, а срцата им заладуваат за вистинското и за доброто; повеќе се занимаваат со играње, отколку со слушање на разумот и на моралното чувство“  расудува св. Филарет (Дроздов).49 Со целосна основаност може да се тврди дека суетноста и грижата спрема непотребното станале масовно раширени душевни растројства на современиот човек. Темпото на нашиот живот се забрзува, што резултира со можноста за општење со многу поголем број луѓе и со можноста веднаш да се решат множеството неодложни проблеми, а тоа неминовно води кон суета. Како што рекол поетот Александар Солодовников:

„Сиот наш живот забревтано брза,
зашто е далеку душата од ѕвездите...“50

Денес умешноста да се „вртиш како што дува ветрот“ се смета за позитивна, дури и неопходна црта на човековиот карактер. Но, токму незнаењето и несакањето да се „вртат како што дува ветрот“ ги разликувала христијаните од првите векови од почитувачите на различни пагански мистерии.
Невозможноста да се остане сам со себе светите отци  ја поврзувале со гревот на малодушност (униние), којашто ја изгонува својата жртва од домот. И факт е дека можноста да се „забавуваме со луѓето“ во денешно време е мошне зголемена, особено во градовите.
Напоредо со тоа, мноштвото контакти водат кон неопходноста да се приспособуваме кон сите тие луѓе коишто не наликуваат еден на друг, што во крајна линија води до конформизам. А тоа веќе не е само психолошка црта, туку особеност на личноста којашто се однесува на нехармоничното (девијантно) однесување, обично со нарушена адаптивност и со отклонување од моралната и естетската контрола на сопственото однесување.51 По влегувањето во Црквата, лицата кај кои се присутни овие црти продолжуваат со своите површни емоционални контакти со луѓето. Тие секогаш се поврзани со нивната зборливост, со напнатото расположение, со површното перципирање на соговорникот, со неумеењето соговорникот да се ислуша, да се проникне во неговите проблеми, со неумеењето тој да се почувствува, восприемајќи ја целовитоста на неговиот образ.
Зборливоста најчесто е поврзана со неискреноста и со лажливоста. Но, како што вели св. Филатер Московски, „во рајот има многу грешници што се покајале, но нема ниту еден дрдорлив“. Отсуството на чувството за одговорност за искажаните зборови може да се смета за пројавување на душевен инфантилизам, па дури и за психопатска црта.52
Тешко е да се најде човек кој макар еднаш не излажал. Но типот што го опишуваме, поради својата неодговорност и духовна пасивност, безобѕирно ќе кажува невистини, не размислувајќи за околностите и за последиците. Него го мотивираат само минливите идеи и емоции, и тој го „снесува“ сето она што му паѓа на ум, макар што веќе по неколку мига тврди нешто сосема спротивно.
За него е важен ефектот што го предизвикува, а не соодветствувањето на зборовите на реалната ситуација, а уште помалку на некакви повисоки вредности. Кај таквиот човек „егоцентричниот интерес спрема конкретните ситуации коишто произлегуваат од општењето го надминува елиминираниот интерес за објективната содржина“.53 Накратко кажано, него не го интересира што самиот тој кажува, туку како го кажува тоа и каков ефект предизвикува притоа. 
Класикот на руската психијатрија П. Ганушкин посебно ја издвоил акцентираната личност од конформистички тип и ја опишал на следниов начин: тоа е човек којшто е постојано подготвен да се потчини на гласот на мнозинството, банален, склон кон излитен морал, кон надворешна нарав, кон шаблонизирање на постапките и на мислите.54
Да го илустрираме однесувањето на личност од конформистички тип. Таквиот човек ќе го наречеме Константин.

Во православна библиотека седи Алексеј и чита книга од протојерејот Александар Шмеман. Влегува Константин.
  Која книга ја читаш?
  Од Шмеман.
  Интересен автор  вели Константин, искажувајќи исказ којшто не значи ништо, и очекува напрегнато дали Алексеј ќе се произнесе во врска со споменатата книга.
 Силно напишано...
 Да, да!  прифаќа Константин, насетувајќи го одобрувањето на соговорникот.  Книгата е напишана живо и мошне длабоко. Без сомнение, париската школа одиграла голема улога во современото богословие.
 Но, не е се така едноставно  збунето одговара Алексеј.
 Се разбира  се согласува веднаш нашиот јунак.  Понекогаш така пишуваат, што просто се восхитуваш! Гола апстракција! Но Шмеман е пријатен исклучок!
Тука на сцената стапува третиот јунак  Владимир, тој е предавач на духовна семинарија, важен човек за Константин.
О, гледам  ти се допаѓа Шмеман? Внимавај, да не те заведе!  му се обраќа Владимир на Алексеј.
И јас истото го велам,  се надоврзува Константин.  Шмеман, париско богословие. Треба да се читаат светите отци!
 Но, внимавај, и во париското богословие има многу вредни работи  продолжува Владимир. И отец Кипријан (Керн), и Владимир Лоски  и тие создавале таму.
  Точно!  сервилно се согласува Константин.  Но кон сите нешта треба да се пристапува со изострен ум, внимателно. (Повторно искажува општо мислење, коешто нема никакво значење, излитена фраза којашто нема никаква смисловна содржина).
Разврската доаѓа ненадејно.
 А тебе книгите на отец Александар не ти изгледаат многу тешки?  го праша Алексеј Константина.
 Но, јас воопшто не сум прочитал некоја негова книга...  неочекувано признава Константин.

Ако, пак, меѓу лугето од споменатиот тип се најдат такви коишто се способни за длабок душевен контакт со друга личност, резултатот од таквото дружење најчесто е мизерен. Стравот од сериозно општење кај конформистот е ненадминлив, тој се плаши од длабока взаемна размена. Поедноставно е или да се зема (да се троши) или да се дава, да се „шири светлината“, да се биде раководител и вразумувач. Конформистот е во состојба долго време да се однесува спрема својот нов пријател како да има нова чанта, предизвикувајќи ја спонтано неговата приврзаност. Но, по извесно време, откако ќе најде соодветна причина, нашиот суетен просветител се распламтува, во зависност од степенот на развојот, во тежок разговор или во интелектуално осмислен скандал. Притоа, тој му нанесува болни удари на својот „пријател“ или штитеник, на кого така невнимателно му ги открил тајните на своето срце.
Како што разбравме, главната мечта на конформистот е  да биде како сите други. Тука се подразбираат многу нешта  од стилот на облекувањето до светогледот. Конформистот е подготвен да го одобрува тоа што му се допаѓа на неговото опкружување, и да го осудува тоа што опкружувањето не го прифаќа. Притоа, тој не сака да се издвојува, макар што настојува да биде во фокусот на збиднувањата. На конформистот му е тешко да се реши на длабоко усвојување на вистината на Православието, на напорна работа врз самиот себе. Тој почесто е склон да се раководи со дивергентни (и доволно банални) вистини: „Не можеш да забраниш да се живее убаво“, „Колку и да го храниш волкот...“ и сл., мерејќи ги со таквите вистини сите животни настани.
Конформистичкиот тип се вклопува во описот на пасивна личност, дадена во еден од нашите огледи.  Во парохискиот живот, таквиот човек, поради несакањето да ги напрегне волјата и чувствата и да се зафати со духовна работа, спрема новите членови на заедницата најчесто ќе се однесува нељубезно, усложнувајќи го на тој начин нивниот живот. Но доволно е некој од водачите, и тоа најдобро некој од авторитетните парохијани, да го прифати новодојдениот  за конформистот во истиот миг драстично да го смени својот однос спрема него.
Не е тајна дека, под влијание на цивилизацијата, човекот сè повеќе го губи интегритетот на душата.  Природно, тоа влијае и на меѓуличносното општење. Искреноста и едноставноста се заменуваат со лицемерие и со негов вариетет  додворувачко однесување. Тешко е да се разбере што, во суштина, се случува во душата на човекот, какво е неговото вистинско мислење за настанот и за соговорникот. Во услови какви што владеат во црковната заедница, фасадата на претерана љубезност, умилност и сервилност со бесконечно повторување „Господ нека ве спаси!“ може да ги замаскира внатрешната омраза, студенилото и рамнодушноста.
Обилието надворешни контакти на суетниот човек неминовно влијае на квалитетот на тие средби. Дури и обичен разговор претставува голем духовен напор, таинство на соединување на две души во еден миг од времето. Верници, оние што тоа длабоко го почувствувале, се стремат во секоја своја средба да внесат честичка духовна радост, соединување, како што ни е заповедано од Божествениот Основач на Црквата. Свештеникот Александар Јељчањинов еднаш остроумно се произнел во врска со тоа како да постапуваме со луѓето за да не ни биде „здодевно“. Треба да имаме на ум дека секој човек, со кого Господ нè составува, е испратен или тој да ни помогне, или ние нему да му помогнеме.55 Неодамна канонизираниот (од страна на Руската Православна Црква) московски старец Алексеј Мечев во една пригода рекол: „Живеј така што на луѓето, коишто се со тебе, да им биде убаво“. Колку е ова различно од современата тенденција да се ограничиме на деловни контакти, да се опкружуваме само со луѓе што ни се потребни, да живееме според надворешни шеми на групата или на заедницата, да поддржуваме различни, макар и дијаметрално спротивни гледишта.

Еден човек, познат на авторите на оваа книга, кога го запознавале со некого, отворено прашувал: „А каква полза можам да имам од тебе? Каде работиш? Во погон за монтажа? Еве, си запишувам: Сергеј. Навртки и завртки.

Во посебна категорија може да се издвојат оние луѓе чиј надворешен живот е презаситен со настани, средби и контакти според видот на нивната дејност. Тие, останувајќи  без да го сакаат тоа  во виорот на надворешните настани, не само што не смеат да ги изгубат внатрешните вредности, туку притоа мора и да растат духовно. На ова, делумно, му помага длабокиот, внимателниот однос спрема сите настани и спрема сите луѓе. Од друга страна, неопходна е умешност во мислите да не се задржуваат други нешта освен оние коишто моментално се случуваат.
Во врска со тоа, да го споменеме дијалогот на јунаците на расказот на Н. С. Лесков, Часот на Божјата волја:

 Кој миг е најважен?
 Сегашниот... зашто секој човек единствено во еден  и тоа во својот сегашен  миг, има власт да одлучува.
 А кој човек е најважен?
 Оној со кој си сега ... зашто од тебе сега зависи како ќе му одговориш за тој да се зарадува или да се натажи.
 А кое дело е најскапоцено?
 Доброто коешто ти во овој миг ќе успееш да му го пружиш на тој човек.56

Свети Теофан Затворник не се сомневал дека и во надворешно бурниот живот може да се зачува духовна прибраност: „Сметам дека е можно, при сите надворешни неприлики, да се запази душата од суета... Човекот треба да се организира самиот така што, без да се вознемирува, прави сè што е можно и, извршувајќи една работа, да не брза напред и да не се зафаќа со десетина други работи. Суетата не ја предизвикуваат делата, туку начинот на нивното извршување: кога едно дело се извршува, а стотици други се мотаат во главата“.57
Како посебен вид суета може да се смета и сезнаењето. Ф. М. Достоевски вака ги опишува претставниците на таа категорија: „Тие господа сезнајковци се среќаваат понекогаш  па дури и релативно често  во високите општествени слоеви. Тие знаат сè, сета неспокојна љубопитност на нивниот ум и нивната способност незапирливо се насочуваат кон една страна, пред сè, поради отсуство на поважни животни интереси и погледи, како што би рекол современиот мислител. Под изразот „знаат сè“ треба да се подразбере, секако, релативно ограничена област: каде некој служел, со кого се познава, каде бил губернатор, со кого е оженет, кој му е прв братучед, кој му е втор братучед“.58 Во црковната средина слични сезнајковци прекрасно се запознати со биографијата на локалниот архијереј, датално ги знаат сите подробности во врска со приходите на свештенството и сл. Но, затоа, пак, не можат да си спомнат кога последен пат се исповедале и се причестиле, или која е последната духовна книга што ја прочитале.
Природно, слични знаења не само што не нè приближуваат до Бога, туку и нè одвлекуваат од покајничките чувства, не оддалечуваат од спасението. За таквите луѓе не може да има подобро предупредување од она што го дал апостол Павле: „Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште ништо не узнал, како што треба да знае“ (1 Коринтјаните 8:2). „Празнотијата на умот, кој заборавил на Едниот, Кој е сè, раѓа заблуда на многузнаење, на проучување, на љубопитност, на истражувачки дух. Ограниченоста на волјата, којашто се лишила од поседувањето на Едниот, Кој е сè, поттикнува многу желби, поттикнува стремеж да се поседуваат многу нешта, или, дури, сите нешта...“59 Таквото сезнаење во психологијата се вклопува во поимот опсесивно-компулсивна личност и може да биде нејзин составен дел, или да постои автономно. Интензивната активност во прибирањето информации има целисходен карактер и кај таквиот тип соодветствува на круто познавање на светот. Притоа, таквите луѓе знаат со кого и кога можат да ја споделат својата информација (повторно  целисходност). За таа цел, тие се подготвени да совладуваат секакви растојанија и секакви пречки.
Желбата да се манипулира со виртуелните слики на реални луѓе, тие да се мешаат како да се шпил карти, да се оценуваат  сето тоа покажува дека не се работи за обична љубопитност, туку за сериозни душевни проблеми на таквиот човек. Обично кон таков тип манипулации се склони невротичните луѓе. Тие како да ги пренесуваат сопствените гревови и проблеми врз плеќите на своите јунаци, незабележливо оправдувајќи се самите себе.
Еве само еден пример.

Маж на средни години, поранешен инжењер од тајното „сандаче“ , се обидува, како и многумина други, да започне бизнис. Сака да присуствува на парохиски собирања и катехизиски беседи, се знае со голем број свештеници, на многумина им помогнал во некоја ситна работа. Притоа собира секакви стории за духовните отци и архијереи, но од посебен вид: кој, каде и кога се опијанил, како некого го исмејувал, каква анегдота кажал. Всушност, се покажува дека и самиот тој е „женкар“, дека сака да раскажува непроверени стории и сл. На тој начин, располагајќи со мноштво информации за авторитетни луѓе, коишто се огрешиле со таквите нешта, нашиот јунак психолошки се брани себеси: „ако можат тие, можам и јас“. Така се отфрла потребата од покајание и се вкоренува самооправдувањето.
А и секој од нас често ја користи споменатата метода за да се убеди самиот во самооправдувањето: „Јас не сум полош од другите“.
Но ако си споменеме што во врска со тоа велат светите отци, ќе видиме дека секое прогледување низ прсти на страстите, секое самооправдување  го зацврстува гревот.60

За ова треба да си споменува секој човек што се стреми кон спасение.

 

(Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издава : Преминпортал

(Превел од руски: Михајловиќ С. Драган)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.


Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1257
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1579
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная