логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Korica.DETETO1.jpg

Д-р Рос Кембел
ДЕТЕТО
КАКО ВИСТИНСКИ ДА ГО САКАМЕ
Наслов на оригиналот:
Росс Цампбелл
Хоњ то Реаллѕ Лове Ѕоур Цхилд
Превод: Катерина Лазарова

 

Содржина
Предговор ...................................................
Увод ..................................
1. ПРОБЛЕМОТ ............................................
Позната историја .....................................
Која казна е најсоодветна? ....................................
Вистина е обратното .....................................
Вроден темперамент .....................................
2: СРЕДИНАТА .....................................
Иницијативата на таткото .....................................
Дали љубовта е слепа? .....................................
Безусловна љубов .....................................
3: ОСНОВАТА .....................................
Детето и неговите чувства .....................................
Децата ја одразуваат љубовта
Како да ја изразуваме својата љубов ...................
4: КАКО ДА ГО САКАТЕ СВОЕТО ДЕТЕ ‡ КОНТАКТ СО ОЧИТЕ ...........
Ние сме образецот .....................................
Губење на синдромот на растеж .............................
Контактот со очите и процесот на обука ..........................
Во нов дом .....................................
Никогаш не е прерано .............................
5: КАКО ДА ГО САКАТЕ СВОЕТО ДЕТЕ - ФИЗИЧКИ КОНТАКТ ...........
Два скапоцени дара .....................................
Индивидуалноста кај Шерон се промени .................
Подготовка за пубертетот ....................
Нашиот судија за малолетни деликвенти ....................
6: КАКО ДА ГО САКАТЕ СВОЕТО ДЕТЕ ‡ КОНЦЕНТРИРАНО ВНИМАНИЕ .............
Тиранијата на брзањето ....................
Утврдете ги најважните работи ....................
Краткотрајни мигови ....................
Целта на концентрираното внимание ....................
Како да го реализираме своето концентрирано внимание .......
Внимателното планирање дава резултати ....................
Кога се присутни и другите ....................
Умесна и неумесна љубов ....................
Сопствеништво ....................
Соблазнителност ....................
Замена ........................................
Размена на улогите ...................
Не фрлајте го бебето заедно со нечистата вода ....................
7: ДЕТСКИОТ ГНЕВ ....................
Гневот не смее да се потиснува ....................
Пасивно-агресивно однесување ....................
Контролирање на гневот ....................
Љубезност и доследност ....................
8: ДИСЦИПЛИНА ‡ ШТО ЗНАЧИ ТОА?
Што значи дисциплината? ....................
Контролирајте го својот гнев ....................
Дисциплина и казна ....................
Какви се резултатите од тој пристап ....................
Ставете го коњот пред колата ....................
Стапицата на телесното казнување ....................
9: ДИСЦИПЛИНА ПРОНИКНАТА СО ЉУБОВ ....................
Од што има потреба тоа дете? ....................
Има ли физички проблем? ....................
Научете се да проштавате ....................
Скршениот прозорец ....................
10: ДИСЦИПЛИНА ‡ МОЛБИ И НАРЕДБИ, НАГРАДИ И КАЗНИ ............
Молби ........................................
Директен совет ....................
Провокација ....................
Умесна казна ....................
Бидете внимателни ....................
Промена во однесувањето ....................
11: ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНИ ПРОБЛЕМИ ....................
Проблеми поврзани со впечатоците ....................
Други медицински проблеми ....................
Дете кое дава отпор ....................
12: ПОТКРЕПЕТЕ ГО ДУХОВНО СВОЕТО ДЕТЕ ....................
Прв услов ....................
Втор услов ....................
Детскиот ум ....................
Едно раширено погрешно сфаќање....................
Сите деца ги сакаат приказните ....................
Зборувајте за својот духовен живот ....................

Korica.DETETO.jpg
Како вистински да го сакаме своето дете

Повеќето родители несомнено ги сакаат своите деца и убедени се дека нивната љубов нема потреба од никакви докази. Тие ја претпочитаат дисциплината и ја избегнуваат претераната нежност која непотребно го разгалува детето. Тогаш, зошто многу деца денес не се чувствуваат сосема сакани и прифатени од своите родители, зошто се сфаќаат повеќе како здодевна пречка во животот на возрасните? Според оваа книга, проблемот не е во недостигот на љубов, туку во незнаењето на родителите да ја изразат и да му ја покажат својата љубов на детето, да му помогнат постојано да ја чувствува нивната безусловна љубов ‡ дури и тогаш кога мораат да бидат малку построги кон него.
Советите на д-р Кембел се состојат во тоа почесто да ги анализираме своите деца и да се научиме да го препознаваме нивното постојано исто прашање: „Ме сакаш ли?” Понекогаш ни го поставуваат без зборови, низ своето однесување, среде сите свои палавости и непослушности, кога ни ги напнале нервите до кинење. Нè прашуваат неумешно, со детска наивност, а понекогаш и со детска суровост. Од нас зависи дали ќе ги слушнеме и дали ќе размислиме за она што го правиме. Не срамете се да ја изразувате својата љубов кон децата, доволно е да знаете како да го направите тоа.
Прочитајте ја оваа книга ‡ со неа ќе ги искусите радоста и одговорноста да бидете родител.
Д-р Рос Кембел


Предговор
Оваа книга ја засега нашата болна точка. Таа не нè осудува, туку ни кажува како да бидеме родители ‡ на различен и конструктивен начин. Таа е сочувствителна, но не и снисходлива.
Родителите никогаш не биле обучувани за тоа како да бидат родители. Тие мора да го одгледуваат своето дете без никакви реално фиксирани критериуми. Дури и постигнатите успеси изгледаат некако случајни. Целта на оваа книга е да ве доведе до целесообразни, обмислени успеси.
Д-р Рос Кембел ни кажува нешто особено значајно, и тоа толку јасно што воопшто немаме проблем да го разбереме. Овој психијатар ни се претставува како човек со длабока душевност, со длабоки духовни вредности и со голема чувствителност ‡ како кон децата така и кон нивните родители. Тој не се колеба да го сподели своето искуство и искуството на своето семејство, илустрирајќи го она што треба да го каже.
Ова е книга што ќе сакате да ја препрочитувате повеќепати во животот. Таа е исполнета со многу практични и корисни информации. А дали е вистинска, тоа ќе ви го кажат вашето срце и вашиот ум.
Бен Хедон
„Променет живот”, Чатануга, Тенеси

Вовед
Оваа книга е напишана претежно за родителите на оние деца кои уште не се навлезени во пубертетот. Нејзината цел е да им понуди на мајките и на татковците разбирлив и применлив начин за остварување на нивната прекрасна задача која, сепак, е полна и со стравови ‡ воспитувањето на детето.
Се обидов да им ја упатам мојата порака на родителите на најјасниот и најдостапниот начин што ми е познат. Моја грижа се потребите на детето и начините за тоа како најдобро да одговориме на нив.
Само по себе, одгледувањето на детето претставува една сложена авантура во која повеќето родители денес наидуваат на многу проблеми. За жал, она што е изложено во книгите, во различни статии, предавања и семинари посветени на децата, многу повеќе ги збунува родители отколку што им помага. Тоа е тажен факт зашто голем дел од тие извори на информации се навистина одлични.
Според мене, проблемот се состои во тоа што многу од книгите, статиите и предавањата се насочени само кон определени, посебни аспекти од воспитувањето на децата и не го разгледуваат прашањето во целина, или дури и не ја исцрпуваат до крај  специфичната област што ја коментираат.
Како резултат на тоа, многу совесни родители очајно се обидуваат да го применат она што го прочитале или го слушнале во врска со главниот пристап во односот кон детето. Но тие доживуваат неуспех. Тој неуспех обично не се должи на грешката во прочитаната или слушнатата информација, ниту пак на начинот на кој таа е применета. Утврдив дека причината за тоа обично лежи во фактот дека родителите немаат општоизбалансиран став кон тоа како да се однесуваат со детето. Повеќето родители ја имаат потребната информација, но се збунуваат околу тоа кој принцип да го применат и во какви околности. Тоа е разбирливо. Мнозина им кажуваат на родителите што да прават, но никој не им кажува кога да го направат тоа и како.
Класичен пример за тоа е областа на дисциплината. Голем број одлични книги и семинари се занимавале со резултатите од дисциплината, но грешат кога истакнуваат дека тоа е единствениот начин за комуницирање со детето. Поради тоа, многу родители доаѓаат до заклучокот дека дисциплината е основниот дефиниран начин за воспитување на детето. Оваа грешка може лесно да се дозволи особени од оние кои го применуваат тврдењето: „Ако го сакате своето дете, треба да го казнувате”. Се разбира, тука има вистина, но трагично е тоа што многу родители речиси постојано ги казнуваат своите деца, без да им ја покажуваат својата љубов, која би им донела утеха. Затоа повеќето деца се сомневаат во тоа дека се вистински и безусловно сакани. Значи, проблемот не е во дисциплината. Проблемот се состои во тоа како преку дисциплината да им ја искажеме љубовта на своите деца и како и кога да ја покажеме на други начини, со повеќе нежност.
Се надевам дека ги изложувам овие проблеми на сосема јасен, разбирлив начин, со цел да покажам како, во принцип, да го реализираме воспитувањето на детето. Се надевам дека нудам информација што ќе им помогне на родителите да го изберат правилниот пристап во секоја ситуација. Се разбира, невозможно е да постапуваме правилно во сите ситуации, но колку повеќе се приближуваме до вистинските одговори, толку подобри родители стануваме, се чувствуваме позадоволни, а нашите деца се посреќни.
Поголемиот дел од материјалот во оваа книга е земен од серија предавања кои се одржувани во текот на три години, на редица конференции посветени на заемните односи меѓу родителите и децата.

Глава прва
ПРОБЛЕМОТ

- Тој беше многу добро момче, толку добро беше воспитано! ‡ Ова беа првите зборови на очајните родители кои ја раскажуваа својата тажна историја во мојот кабинет за консултации.
- Да, тој изгледаше задоволен и никогаш не ни создаваше непотребни проблеми. Бевме сигурни дека неговите интереси и занимања се нормални ‡ разни спортови, безбол и слично на тоа. Секогаш се тепаше со брат си и со сестра си, но нели тоа е вообичаено соперништво меѓу децата? Ако го исклучиме тоа, Том никогаш не бил вистински проблем за нас. Понекогаш е депримиран и долго останува во својата соба. Но никогаш не бил неучтив, непослушен или груб. Татко му се грижеше за тоа. Има една работа за која јасно знам дека целосно ја има сфатено, а тоа е дисциплината. Всушност, тоа е најчудното од сè. Како може едно толку дисциплинирано дете одеднаш да се спријатели со некои свои невоспитани врсници и да почне да го прави она што го прават и тие и да се однесува така со повозрасните и со своите родители?! Тие лажат, крадат и пијат. Не можам веќе да имам доверба во него. Не можам да разговарам со него, а и тој не сака да разговара со мене. Стана мрачен и молчалив. Вчера дури и не ме погледна и изгледа како да не сака да има ништо заедничко со нас. И многу попушти во училиштето оваа година.
Тој сега има 14 години, рече госпоѓа Смит. Првото нешто што го забележавме беа неговите оценки. Пред околу две години. Во последните неколку месеци, во шести клас, забележавме дека почнува да отсуствува прво од училиштето, а потоа и од другите активности. Не сакаше веќе да оди в црква. Подоцна престана да се интересира дури и за своите пријатели и сè почесто остануваше сам, обично во својата соба. Сè помалку и помалку зборуваше. Но работите вистински се влошија кога се запиша во гимназија. Том го загуби интересот за своите омилени занимања, дури и за спортот. Тогаш целосно ги прекина врските со своите пријатели и почна да излегува со момчиња кои имаа непријатности. Односот на Том се промени ‡ почна да личи на нивниот. Ниту учеше ниту се грижеше за оценките. Неговите нови пријатели често го вовлекуваа во проблеми. А ние се обидувавме со сè, продолжи госпоѓа Смит. Прво го тепавме. Потоа му одзедовме некои права ‡ да гледа телевизија, видео итн. Еднаш му ги забранивме цел месец. Се обидувавме да го наградуваме за правилното однесување. Сметам дека се обидувавме со сите препораки што сме ги прочитале или сме ги слушнале. Навистина не знам дали некој ќе може да ни помогне нам и на Том. Каде згрешивме? Дали сме лоши родители? Бог ни е сведок дека вложивме многу напори. Можеби така требало да биде? Да не е нешто наследно со Том? Можеби е нешто физиолошко? Но нашиот педијатар го прегледа пред неколку недели. Да не треба да го однесеме кај специјалист кој ќе му ги провери жлездите? Да не треба да се направи електроенцефалограм? Имаме потреба од помош. На Том му треба помош. Ние го сакаме своето момче, докторе Кембел. Што да направиме за да му помогнеме? Нешто мора да се направи.
Подоцна, откако госпоѓа и господин Смит излегоа, во мојот кабинет влезе Том. Ми оставија впечаток неговите пријатни манири и неговата привлечна надворешност. Погледот му беше наведнат и кога требаше да ме погледне, го правеше тоа само за миг. Иако беше очигледно дека е умно момче, Том користеше само кратки, остри фрази и мрморења. И покрај сè, кога се почувствува доволно опуштен за да ја раскаже својата историја, Том го претстави истиот фактички материјал што го чув од неговите родители. Но тој отиде малку подалеку:
-Никому не му е грижа за мене, освен на моите пријатели.
- Никому? - прашав.
- Добро, можеби на родителите. Не знам. Ми се чини дека се грижеа за мене додека бев мал. Мислам дека сега тоа не им е толку важно. Вистински ги интересираат само работата, пријателите, нивните занимања, такви работи. Нив не ги интересира она што јас го правам. Тоа не им се вклопува во работата. Едноставно, сакам да се одвојам од нив и да живеам свој сопствен живот. Зошто се толку загрижени за мене? Никогаш не го правеле тоа.
Во текот на разговорот стана јасно дека Том е многу потиснат, дека никогаш не се чувствувал задоволен од себе и од својот живот. Никогаш, откако знае за себе. Том копнеел за блиски и топли односи со родителите, но во последните неколку месеци се откажал од таа своја мечта. Се свртел кон пријателите, за кои се надевал дека ќе го прифатат, но неговата несреќа продолжила да се продлабочува.
За жал, денес ова е една вообичаена трагична ситуација. Брзо пораснато момче кое порано се однесувало добро. Пред да наполни 12 или 13 години, никој не би се посомневал дека Том е несреќен. Дотогаш бил добродушно дете со мали барања кон родителите, кон учителите и кон сите други. Така, никој не претпоставувал дека Том не се чувствува сосема сакан и прифатен. Иако имал родители кои длабоко го сакаат и се грижат за него, Том не се чувствувал вистински сакан. Да, тој знаел за љубовта и за грижата на своите родители и никогаш не го тврдел обратното. Независно од тоа, неспоредливото емоционално чувство за целосна и безусловна љубов му било туѓо на Том.
Тоа навистина е тешко разбирливо, зашто мајка му и татко му на Том се навистина добри родители. Тие го сакаат и ги задоволуваат сите негови потреби на најдобриот можен начин. Начинот што им е познат. Воспитувајќи го Том, госпоѓа и господин Смит го применувале прочитаното и слушнатото и барале совети од другите. А нивниот брак е очигледно над просечното ниво. Тие се сакаат и заемно се почитуваат.

Позната историја
Повеќето родители имаат проблеми во одредени периоди од одгледувањето на своите деца. Со напнатоста и уморот, кои секој ден се присутни во современото семејство, лесно е да дојдат и збунетоста и обесхрабреноста. Зголемениот број разводи, економската криза, намаленото ниво на образованието и немањето доверба во лидерите го земаат својот емоционален данок од секого; колку поголема е физичката, духовната и емоционалната исцрпеност на родителите, толку потешко им е да ги одгледуваат своите деца. Уверен сум дека децата го носат најголемиот товар во овие тешки периоди. Детето е личноста која чувствува најголема потреба од љубов во нашето општество.
Историјата на Том е позната. Неговите родители многу го сакаат. Забележавте ли нешто? Неговите родители го сакаат, но главниот проблем е што Том не се чувствува сакан. Треба ли да ги обвиниме родителите за тоа? Дали грешката е кај нив? Јас не мислам така. Вистина е дека госпоѓа и господин Смит секогаш го сакале Том, но никогаш не знаеле како да го покажат тоа. Како и повеќето родители, и тие имаат погрешна претстава дека потребите на детето се: храна, покрив над главата, облека, образование, совети и др. Сите тие потреби биле задоволени, освен љубовта, безусловната љубов. Иако љубовта е присутна во срцата на речиси сите родители, предизвикот се состои во тоа како да им ја искажат на своите деца.
Јас верувам дека, и покрај современите проблеми, сите родители кои искрено сакаат да одговорат на потребите на детето можат да се научат да го прават тоа. За да му го дадат сето она за кое се способни, за она кратко време во кое се со него, сите родители треба да знаат како вистински да го сакаат своето дете.

Која  казна е најсоодветна?
‡ Се сеќавам на една работа кога имав 6 или 7 години. Многу сум несреќен кога мислам на тоа, а некогаш чувствувам дека дури и полудувам, продолжи Том по неколку дена. Случајно скршив прозорец со топката за безбол. Се чувствував ужасно и се скрив меѓу дрвјата кога мама дојде да ме бара. Многу ми беше жал и се сеќавам дека плачев затоа што сфаќав дека сум бил многу лош. Кога тато се врати, мама му кажа за прозорецот и тој ме истепа...
Очите на Том беа полни со солзи. Го прашав:
‡ Што рече тогаш?
‡ Ништо ‡ Том речиси се задави во своите солзи.
Овој случај илустрира една друга област на забуна во однесувањето кон децата ‡ областа на казнувањето. Во овој случај, начинот на кој Том бил казнет предизвикал кај него болка, гнев и лутина кон неговите родители и тој не може да го заборави тоа или да го прости, доколку не му се помогне.
Седум години подоцна, Том сè уште е повреден од она што се случило. Зошто овој обичен случај би оставил толку непријатна трага во сеќавањето на Том? Имало и други случаи во кои Том бил казнуван, и тоа заслужено, за кои тој беше дури и благодарен. Дали причината е во тоа што тој веќе зажалил и се покајал што го скршил прозорецот? Дали веќе доволно страдал за да мора да поднесе и физичко страдање? Дали казната не го убедила Том во тоа дека неговите родители не го разбираат како личност и не се грижат за неговите чувства? Дали во тој случај Том имал повеќе потреба од топлината и разбирањето на своите родители отколку од суровата казна? Ако е така, како неговите родители би можеле да го научат тоа? И ако е така, како би можеле да решат која форма на казна е најсоодветна за тој случај?
Што мислите вие, драги родители? Треба ли претходно да решаваме како да дејствуваме при воспитувањето на детето? Мислите ли дека треба да бидете доследни? Колку доследни? Треба ли да применуваме казна во секој случај на непослушност? Ако е така, дали казната треба да биде иста за сите случаи? Ако не, какви се можностите? Што значи дисциплината? Дали казната и дисциплината се синоними? Треба ли да посетуваме некаков курс на обука и да се придржуваме кон него? Или треба да се раководиме од сопствената интуиција? Или од сè по малку? Но по колку? И кога?
Со овие прашања денес се соочува секој совесен родител. Во врска со воспитувањето на децата ние сме бомбардирани од книги, статии, семинари и најразлични предавања. Методите варираат од потштипнување на детето до наградување со бонбони.
Накратко, како родителите на Том требало да постапат во таа ситуација? Како истовремено да го казнат Том и да ги зачуваат своите топли односи со него? Ова тешко прашање ќе го разгледаме подоцна.
Мислам дека сите родители ќе се согласат со тоа дека воспитувањето на детето е особено тешко денес. Една од причините за тоа е што голем дел од времето детето е под контрола и под влијание на другите ‡ училиштето, телевизијата, соседите, врсниците. Затоа мнозина родители сметаат дека, независно од нивните напори, резултатите нема да бидат подобри.

Вистина е обратното
Но вистина е токму обратното. Сите истражувања што сум ги читал тврдат дека семејството секогаш и неоспорно победува. Влијанието на родителите далеку ги надминува сите други влијанија. Семејството има предност во одредувањето на тоа колку среќно, сигурно и стабилно е детето: како се разбира со возрасните, со своите врсници и со проблематичните деца; колку е сигурно во себе и во своите способности; колку е приврзано или колку е затворено; како реагира во невообичаени ситуации. Да, и покрај големиот број забави за него, домот има најголемо влијание врз детето.
Но домот не е единственото нешто што определува што ќе излезе од детето. Добро е да не грешиме обвинувајќи го семејството за секој проблем или разочарување. За да бидеме праведни и доследни, сметам дека треба да обрнеме внимание на второто најсилно влијание врз детето.

(Продожува)

Издавач: НИП Ѓурѓа

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 220
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 432
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 577
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

« »