логоFacebookTwitterYouTubeeMail


9.


Литургијата заврши.  Непосредно  пред   Храмот забележавме човек, кој повеќе  наликуваше на сенка. Беше потпрен на еден  од столбовите на црквата. Стоеше така  и оддаваше впечаток на човек  кој не очекува ништо,  длабоко свртен некаде внатре, човек  кому  ништо  не  останало, освен  човечкото достоинство.
Лицето му беше  жолто-сиво, очите поднадуени   и  заокружени  со  темни  подочници,  устата, пак,  испукана  и  во  грч. Целокупниот  впечаток оддаваше општа   слика   на  прогонуван див  ѕвер, кој штотуку  се предал.
 Беше облечен во  искинат костум,  стоеше со стуткани раменици, а испукаите  прсти  ги  држеа  старите ревери, небаре се толку  моќни  да  му го стоплат вратот од треската што  го  измачуваше.  Едната  ногавица  му  беше  пократка од другата, доволно пократка за  да  ги открие модрите кругови  и раните што  ширеа реа на гној.
Сопругот го запраша дали  се  чувствува  добро, а моите  очи  затреперија во неочекувана солза. Мислев дека ако го прегрнам овој човек, ќе го прегрнам целиот свет  на  страданието.
Му предложивме медицинска помош  и му подадовме ливче со нашиот  телефонски број. Го зеде  растреперено  и несигурно. Како  да не му беше  јасно  што се  случува.
Тој беше  удостоен со разговор! Лицето му доби пожив  израз, кога  спонтано, како  што тоа  се  прави на  најблискиот, му ставив нешто во раката. Ја  отвори  дланката и  кога  виде  што  добил,  се наведна накај нас  и засипнато изговори.
 „Господ гледа". Го замоливме да се исправи, а тогаш  ги видов неговите сини  очи,  но, овој пат,  поживи,  понадежни. Низ образите се сронија солзи!  Наградата ја  добив  веднаш -  радоста  од  туѓата радост беше  најголем дар  за овој ден!
Враќајќи се  молчаливо кон  дома,  ми  се  наметна спонтано следното размислување:
- Питачот пред  Храмот  ми ја отвори  вратата на  радоста од милосрдието. Без  неговото височество  и  подадената рака,  немаше да  ја спознаам среќата за  давањето со  љубов.  Се  прашувам кој кому  е  повеќе   потребен:  дарителот, на  човекот што  проси,   или   човекот  што   проси   на   дарителот!?  Дали  повеќе добил  крадецот кој некому му ја украл  покуќнината или оној  искрадениот, дали повеќе добил  оној кој безочно лажел  или излажаниот,  кој мирно истрпел и простил?
- Хм, интересно размислување - рече  сопругот.
 - Но,  биди искрена,  Марија и  одговори ми: Дали   отсекогаш  кога  некому  си  помогнала,  го правеше тоа со вакво расположение на духот?
- Не  - морав да бидам  искрена - во почетокот тоа  го  знаев од Христовите зборови во Евангелието,  подоцна тоа  го правев од страв од Бога, а во последно време ми личи  на вистинска радост. Верувај  ми,  тие  неколку мига,  тоа  чувство  не може да се спореди со никаква друга  радост  од обичниот живот,  дури  ниту  онаа  што ни ја  даруваат нашите  деца.
Знам  дека  многумина и од вас  знаат што говорам, зашто барем  еднаш  во животот  ја вкусиле оваа  состојба на душата.


10.


Се ближеше времето за втората контрола на клиниката.  Повторно со  жестокост ме  преплави немирот  и  стравот  што   ме   очекува  понатаму. Случајно или  не,  ми  се  отвори  молитвеникот на страницата „Акатист кон  Пресвета  Богородица". Половина час и повеќе го читав.  Кога  стиг нав  кај  молитвата кон неа,  клекнав на  коленици, ја молев  да  ми  се смилува и да  го  покаже  чудото на нејзината моќ.  Ветив  дека  ќе ја славам и насе каде  ќе прикажувам за тоа.
Но, да  се  вратам на  настанот. Специјалистот со авторитетен и наместен израз на лицето, небаре тој одлучува за животот  и смртта, ги зеде в раце  рентгенските снимки од  пред  еден  месец со намера да ја потврди  дијагнозата и веројатно да препорача операција. Тие беа  сместени во белата хартија, на  која што  порано беше  отчукан и резултатот - размерите на  туморот. Го препрочита резултатот и промрморе:
- Да...  да, тоа е тоа.
Потоа  ја подигна рентгенската снимка уште еднаш,  за да го види  она  што  го видел  пред  еден  месец, но повеќе по инерција. Изразот на  лицето му  се  смени, значајната поза  исчезна,  бидејќи  очигледно  нешто   го  збуни.  Ги  извади  очилата,
стана од столицата и ги  постави снимките на  ос ветлениот  панел. Гледаше со  недоверба, упорно гледаше... беше  нервозен. Нешто не му беше  јасно.
- Чекајте, што се  случува тука?  Ова  е вашата рентгенска  снимка, така,  со  вашето име  и  конкретната дата, но...  каде  е  наодот? Тука  е  сè  во ред  овој пат. Снимката е истата, а резултатот поинаков - се обиде  да се насмевне.
- Како  мислите, сè  е во ред?  - проговори сопругот  - па токму  врз  основа на  таа  снимка вие  ја поставивте дијагнозата минатиот пат.
Доктор  Петар ја  зеде белата хартија и  повторно  ја  прочита дијагнозата. Веќе  видно  нервозен  и по малку  зацрвенет во лицето повеќе  какоза себе, промрморе:
- Верувајте ми,  ништо  не ми е јасно,  ама  баш ништо!  Дали сум  бил  деконцентриран тој ден,  па сум  напишал  нешто   што  важело  за  друг   пациент..., но тоа  е скоро  невозможно. Ова ми се нема случено во мојата практика. Туку, уште  еднаш  ќе ја  повториме  постапката - ехо,  рентген, па  ќе се видиме пак.  Ве молам,  направете го тоа  уште  денес  - рече  со олеснување и брзо излезе од просторијата.
Целата моја  душа  пееше, „Радувај  се невесто неневесна".  Очите  ни  се  пресретнаа  и  немаше потреба од дополнителен коментар.
- Ти  благодарам,  Богородице  -  прошепоти сопругот.

Скоро во еден  глас  одлучивме - отсега  имаме наша слава - Голема Богородица!
Се  разбира,  повторените  испитувања покажаа дека  сум совршено здрава!

11.


И понатаму стражарев врз сопствените постапки,  го следев гласот на  совеста. Секогаш кога некој   збор,   некое  дело  ми  предизвикуваше  немир,   знаев  дека   не  било  исправно.  И  обратно. Почнав да ги  разликувам и солзите при  молитвата или при чинењето милосрдни дела.  Вистинската  солза беше  не солза од суета  и самољубие, не солза што бара  да биде  видена, не солза  само  заради  Божји  страв,  туку  поинаква - солза  што  не произлегува од световната радост или жалост,  ту ку солза ненадејна, безусловна!
Но, зарем помисливте дека  на маките им до де крајот? Нападите и понатаму продолжија. Овој пат  таму  каде  што бев најслаба, најранлива, стравот  за  моето здравје. Значи, започна  атакот врз моето тело,  ненадејни напади на  срцебиење што ме  доведуваа во  паника до  избезуменост. Дали  случајно или не, се најдов  во една  приватна орди- нација, каде  што ги запознав доктор  Бојан  и доктор Јосиф, луѓе  кои пленуваа со својата непосредност.
Доктор  Бојан  беше  млад  човек со питомо лице,  без  надменост и поза, успеваше да  ги  минимизира проблемите  кај  пациентите и  во  истиот миг  да  ги подигне, да  им влее  оптимизам. Како да беа  едно  во мисијата заедно со неговиот учител  доктор  Јосиф.  Навистина беа  пример за  тоа како  треба, не  само  по форма,  туку  и на  дело,  со срце,  да се биде лекар, не случајно, туку како  дар од горе.
Доктор   Јосиф   беше   човек  со  среден  раст, специфична   пријатна  физиономија и  необична харизма, со еден збор, маркантна личност. Околу себе   ширеше  несекојдневна  аура  што  обичниот човек  би  ја  именувал  како   „доктор  со  ѕвезда". Оние,  пак,  посензибилните ќе  ја видат  енергијата,  од кој извор  и да  е,  што  проникнува, лекува, смирува. Веќе  на прв  поглед,  сѐ  однапред му б ше јасно,  без многу потпрашување. Освен  што беше  одличен познавач  на  својата  професија, тој беше   и  човек   ерудит   со  неверојатни  познавања од сите  уметности -  музиката, сликарството, литературата, естета со суптилно  препознавање на вистинската креативност.
Средбите со него започнуваа со задолжителниот здравствен преглед, а продолжуваа со долги  разговори, кои,  меѓу  другото, ја објаснуваа тегобата  и од многу  други  аспекти, за кои,  во споредба со многу негови колеги, широко  беше отворен. Од една  обична посета и преглед, човек  излегуваше  спокоен, со  доза   на  духовна   исполнетост. Уште  при  првата  наша средба,  тој  ја  препозна мојата потсвест, мојата суштина  и мојата мака. Речиси бев  сигурна дека  и самиот тој, веројатно неосвестено,  ги   поседуваше способностите на прекогниција или   несекојдневна  проницливост. Во  секој  случај,   на  специфичен начин до  денес ми помага.

 

12.


Во меѓувреме, атмосферата во домот  на  Мила беше пеколна. Веќе  две ноќи  и три  дена  нејзината  ќерка Анита не се вратила дома.
По  неделната  литургија и  покрај  големите грижи,  Мила отиде  кај  своите родители. Тие  живееја   десетина  километри  надвор од  градот, но таа  мораше да  и  ги  однесе  купените лекови на болната мајка.
Времето поминато  таму   во  селскиот  амбиент, одмина без  да се жали  и да зборува за својот проблем. Напротив, се даде  на работа. Најпрво го испрска дворот  со вода  и го измете тремот и скалите,  а потоа  и целиот двор.  Почна да  ја средува внатре малата скромна куќичка, го постави ручекот  на  стариот црн  шпорет што  го  паметеше од детството. Повторно беше надвор.
Од  левата страна,  во  вториот двор  ги  нахрани  кокошките. Брзо  се  упати  накај  двете  бели  кози.  Зборувајќи им нежно,  ги погали по главите. Во дрвеното котле  истекуваше густо  млеко.  Мила  со  вешти  движења  го испразни вимето на едната, па  на  другата  коза.  Мирисот на  потсушениот измет и реата што  ја ширеа животните и беше  блиска  и пријатна.  Ја враќаше секогаш назад, во скутот  на  мајка ѝ - засолништето на детската безгрижност. Сѐ наоколу  дишеше со  мир  во  кој  со  задоволство би пребивала вечно.
Но,  старите рани  ја потсетија дека  треба да се поздрави со детето од стариот дом и да се врати  назад, во  таа  безнадежност, метеж  и  хаос  во животот  што ѝ е даден.  Завршената работа ѝ донесе  нов елан,  па  затоа ангажирано, со лесни  чекори  влезе во неколку продавници и испазари сѐ што  ѝ  беше   потребно на  Марија.
Знаеше  колку голем  напор   ѝ  претставуваат нејзе   шеткањата низ   градот.  Размислуваше  колку   бесмислено  и беше седењето во кафулињата и празните муабети.  Но,  затоа пак,  Мила  знаеше дека  Марија е во постојана  динамика  во   внатрешниот  мисловен живот.
Со тешките торби во рацете Мила  пристигна во станот на Марија.
- Се прашувам - рече таа,  средувајќи ги купените   работи  -  зошто   навистина, немаш  потреба  да го промениш амбиентот на некое ново  патување? Ќе научиш нешто  ново,  ќе  се релаксираш, ќе посетиш некои  значајни знаменитости... има  ли нешто поубаво од тоа?
- Остави го тоа,  Мила,  има  ли поубаво патување  од патувањето во сопствената душа,  во чудните  предели на моето, твоето и срцето на другите? Патувањето нема  крај.
 Се искачувам по ридот на  надежта, ја прегрнувам и ја понесувам со себе  за некому да ја подарам.

Потоа  се  симнувам долу  до првата раскрсница на  умот. Го среќавам твојот  немир. Ти пружам рака, та  заедно го  пресретнуваме брегот на  утехата,   радоста  и  насмевката.
 Патувајќи  така   по пределите на  душата, стигнувам и до  пустината на  болката. Тука ги вкусувам незнаењето и тагата  моја,  твоја  и кој  знае чија  и ги  понесувам со себе.
По втората раскрсница на  умот,  очите  гледаат  прекрасна  оаза. Светлината таму  се  капе  од изворот на  знаењето, мудроста и  вистината. Се напојувам со  нови  искуства, ја  поздравувам љу бовта  и  продолжувам понатаму... Патувањето нема крај.
- А кој ќе биде  сувенирот што  ќе ми  го  донесеш од тоа патување? - се изнасмеа Мила.
- Љубов  - како  од „топ",  одговорив, а  знаеш колку чини?  Подарокот ем е убав,  ем бесплатен. Што мислиш,  а?
- Добро,  добро  - очигледно не  можам   да  те убедам и кревам раце  од таа тема  - рече  Мила.
Забележав безнадежност што  се  криеше зад нејзината   насмевка.  Доволно   ја  познавав  и  ја чувствував како  себе  си. Таа со самоконтрола, потиснувајќи ги  јаките чувства, само  искоментира дека  ситуацијата со ќерка ѝ е  деликатна и дека Анита  на  сите  можни   начини се  обидува да  ги вразуми и да ги врати  на  правиот пат  другарите, а особено Марио.


- Што  мислиш,  Марија, како  ти  се  гледа, ќе успее ли Анита да остане ангел-чувар? Мене  како мајка и тоа  што  таа  е често  во нивна близина ме плаши.
- Се надевам ќе успее и без  последици ќе ни ја врати  Бог  назад - вешто  го  одбегнав очекуваниот одговор и искушението да зборувам на стариот начин.
Мила  климна со главата во знак  на  разбирање. Таа беше една  од ретките која будно внимаваше и ми помагаше во борбата против старата болест   -  падот.   Таа  и  Јулијана скоро  никогаш  не направија инсинуација која  би ме  повлекла  надолу. Дури  и кога  преживуваа тешки удари  не  забораваа да се оградат.
- Советувај нѐ  како  пријател, таква и ни  требаш.  Кога  ти  не  се  огрешуваш,  ни  помагаш  и нам.
Е,  тоа  беше  благослов, дар  Божји.  Да  имаш  покрај   себе  две  суштества,  сестри,  пријателки, навистина е богатство. Меѓу нас  немаше натпревар  на  суети,  супериорни и инфериорни. Сѐ  знаевме  една  за друга, на  сѐ  заедно се  радувавме, во сѐ си помагавме и во истиот  миг  сѐ си простувавме. Бевме  три  како  едно,  каде  и да  беше  едната од нас,  пак  бевме  три,  зашто  срцето ни  беше  едно.
Заѕвони мобилниот телефон на  Мила.  Со јанѕа  на лицето го вклучи,  слушаше и молчеше. Испаничен младешки женски  глас  врескаше  од другата страна. Лицето  на  Мила  се  скамени, пребледна, рацете и се растреперија, па,  одеднаш извика:
- О,  Господе... леле,  зарем е  можно...  ужасно...  Бог  да ја прости! Анита  доаѓај веднаш  дома,  доаѓам и јас  - избезумено рече Мила  и тешко дишејќи  ми го прераскажа разговорот низ солзи.
Еве што конкретно се случувало. Анита,  Марио  и  неговите  пријатели ја поминале цела  ноќ во дружење.  Преспале во станот  на  Марио,  бидеќи  неговите родители биле  на  патување во  Дојран.  Таму  останале и следното деноноќие,  пого- лемиот дел од друштвото  биле  зависници од хероин. Што се случувало таму, може  само  да се прет- постави. Третиот ден  напладне, пред  да се  разотидат,  девојката Сара  побарала некој да ѝ помогне само  за уште  една  доза.  Ѝ помогнал Марио, но дозата била  фатална.
 По  неколку минути започнале  силни грчеви,  гушење,  подоцна  пена на  устата и пред  да  сигне брзата  помош  - смрт.  Анита  била цело  време сведок на сѐ и во голем  стрес.
Шест до седум  месеци таа  се опоравуваше од шокот.  Не  излегуваше од дома  речиси два  месеци. Мила беше  постојано  во молитва.
Петтиот месец,  по кобната случка, Анита  ме побара  сама, неутешно, со изнемоштен глас, са- мо рече:
- Марија, помогни ми!
Знаеше точно  што сака  уште  на  првата наша средба.

- Те молам,  упати  ме, научи  ме што значи ис-
повед, кога  и на кој начин тоа се прави?
Ѝ зборував толку  колку  што  можеше да  чуе за една средба. Ѝ ја подадов книгата „Покајување- pатот  кон  сpасението".  Исто  така,  ја упатив кај  мојот пријател, свештеното лице  за кое  порано ви зборував, за кого  знаев дека  со љубов ќе  ја води  и ќе и помогне во исцелувањето. Тој стана нејзин духовен отец. Анита  се претвори во ревносен  верник. Живееше одмерено и тивко.  Го заврши средното образование.
Набрзо се  омажи  за  прекрасен млад  човек, штотуку дипломиран теолог. Живеат спокоен живот  со  љубов  и  почитување, во  мала  куќичка  воедна  скопска населба. Токму  како  во бајките, нели?

 

Продолжува)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 220
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 668
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 874
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »