логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Епископ Велички Гаврил Светогорец: Чудата на Пресвета Богородица (XVIII дел)

 

Со твојата милост спаси и помилуј ги благочестивите владатели, преосветените митрополити, архиепископи и епископи, целиот свештенички и монашки чин и сите православни христијани; со твојата чесна риза закрили ги и умилостиви ги, Госпоѓо, од тебе бесемено воплотениот наш Бог да ни помогне нам со Својата виша сила да одолееме на невидливите и на видливи противници.

Повеќе...


Патување кон вистината


Елена Ончевска

 

Средба со режисерот Златко Славенски



Разговор за неговите понови проекти, но и најава на следното од него, постановката на култната Соларис.



Во Папокот на светот, како и во Војаџер, станува збор за патување по скалите кон небесата, односно во вселената, како своевидно патување кон самите себе. Славенски се согласува: „Да, во Папокот... главниот лик патуваше кон себе, наоѓајќи ја љубовта. Кога ќе ја најде љубовта, ќе се најде себеси, ќе ја најде смислата на нештата, ќе влезе во баланс со сé што го опкружува. Во Војаџер патувањето само по себе е смисла. Фокусот е на тоа да се најде сила во себе да се отиде во пространства што дотогаш не биле освоени, а тоа значи да се биде жив. Патувањето е еднакво на живеење.“   


Тој го гледа патувањето како „смисла на ниво на личност.“ Зборува за теоријата за патот на светлината: „Сите светлосни одрази, наши и на минатите цивилизации, некаде патуваат, само нема физички инструменти тоа да го видиме. Тоа патување на светлината е метафора за патувањето на човекот: ако патува, ќе биде како светлината, ќе ја осознае вистината.“


Продолжува: „Нашиот живот е патување, прашање е колку сме свесни за тоа. Патуваме и после смртта. Патуваме кон дома. Краткорочни сме, ама во нашиот дух сме долгорочни. Даден ни е тој благослов.“
Во време кога толку многу се инсистира на комотност, која луѓето сакаат да ја толкуваат како небрежност или мрзеливост во секој поглед, за жал и во духовен, патувањето сфатено во најширока смисла (значи, првенствено кон самите себе) сé повеќе добива димензии на отпадништво. Славенски додава: „Таквите патници се во исто време највеличествени, пример за луѓето. Се обидуваат да ги најдат патоказите во име на другите. Таа карактеристика ја имаат светците. (...) Битката со самите себе е најважната битка. Проблемот е што немаме патокази, или не ги забележуваме.“

Го потсетувам на ставот на познатиот Хундертвасер дека движењето на сé живо е базирано на принципот на спирала: постојано се движиме во спирали и се враќаме во истата точка но секогаш на различно ниво. „Да,“ вели, „движење во спирала, но нагоре. Секогаш е вертикала во прашање... Во прашање е избор.“

Пред изборот дали и како ќе го употребиме нашиот потенцијал за трагање по вистината, која секогаш е во нас но доволно длабоко за да мораме да ја жртвуваме комотноста на секојдневието, Славенски не се двоуми за својот избор. Решен да трага и понатаму (проектно, но пред сé лично), за десетина дена во рамките на Охридско лето го поставува капиталното дело на полскиот автор Станислав Лем, Соларис. Човекот кој не престана да работи со истиот творечки интензитет кога театарот минуваше низ турбулентен период, исто толку интензивно живее и во време кога се разнишани елементарните човечки квалитети. Не престанува да верува во потенцијалот на луѓето да се издигнат над својата падната природа: „Човечкиот дух мора да преживее. Прашање не е дали тоа ќе се случи, туку само кога.“ А ако негов критериум за добра претстава е искреност и непресметливост во обраќањето кон публиката, нема причини да мислиме дека и Соларис нема да биде барем исто толку моќна претстава, која во исто време поместува и сериозно замислува.
  



 Хундертвасер, Големиот пат




Хундертвасер, Сребрена спирала 
 


Хундертвасер, Спирално дрво






Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1363
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1895
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1255
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (31.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.10.2019)

 Тропар, глас3. Апостоле свети и евангелисте Луко, моли Го милостивиот Бог, да им даде на душите наши прошка на гревовите.   Светиот апостол и евангелист Лука     Роден е во Антиохија....

Од Верскиот календар на МПЦ (30.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.10.2019)

  Светиот пророк Осија     Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.10.2019)

Светиот маченик Лонгин     Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.10.2019)

Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски Роден е од благородни родители во Самосат во Сирија. Во младоста стекна мошне широко светско и духовно образование. Овој маж беше познат по ученоста и...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.10.2019)

Тропар, глас 4. Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, Твојот Младоженец ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.10.2019)

Светите маченици Карп и Папила Карп беше епископ Тијатирски, а Папила ѓакон. Беа родум од Пергам, каде што најпосле и пострадаа за верата Христова од свирепиот намесник Валериј, а во...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.10.2019)

   Светите маченици Тарах, Пров и Андроник Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник - син на угледен граѓанин од Ефес. Мачени беа сите...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.10.2019)

   Светиот апостол Филип     Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови....

Од Верскиот календар на МПЦ (23.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.10.2019)

  Преподобен Теофил Исповедник По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин...

« »

Наука и Култура

Октомври 19, 2019

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци. Еден ден, кога тајфата (во која Дичо бил уште чирак) одела наваму-натаму по работа, била пресретната од група арамии. И, додека арамиите им се заканувале на останатите од…
Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 137
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 125
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 266
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Беседи

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

« »