логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ВЛАДИМИР БАЈАЦ, ПИСАТЕЛ ОД СРБИЈА

Македонската книга светла точка на Балканот

 

Денес, кога математиката ја замени книжевноста, јас сум еден од оние што се борат против тоа. Но, во борбата не учествуваат само тие што немаат пари, профит, богатство, напротив

Литературните познавачи и читателите велат дека секое негово дело само по себе е културен настан и вистинско животно искуство. Тој важи за еден од најдобрите и најзначајни современи српски романсиери. Владислав Бајац е писател, преведувач, издавач. Како директор на издавачката куќа „Геопоетика“ од Белград ја задолжи српската култура со особено важни книжевни наслови од Пол Остер, Јустејн Гордер, Џулијан Барнс, Александр Генис. Некои од нив станаа бестселери. Неговиот последен роман „Амамот Балканија“ стана топ-тема во културната јавност на овие простори веднаш по неговото објавување пред три години. За овој роман ја доби и престижна меѓународна награда „Балканика“ за најдобра книга издадена на Балканот. Многумина романот го оценија како „совршен“. Романот на македонски јазик го издаде „Магор“.

Бајац вели дека неговото доаѓање во Скопје на некој начин е поддршка на луѓето во издаваштвото во Скопје и Македонија. Тој вели дека не губи верба во педагошката улога на издавачите и длабоко верува во тоа што го работи, но не е подготвен поради профит да се впушти во чудни маркетиншки води, кога е книгата во прашање.

- Секогаш говорев дека во Македонија се гледа доследност во елитата, условно речено, која се занимава со издаваштво и постои доблест на мал број луѓе кои истрајно изложуваат литература. Денес, кога математиката ја замени книжевноста, јас сум еден од оние што се борат против тоа. Но, борбата против тоа не значи да немате пари, профит, богатство. Тоа е темата двојство, за која пишувам во мојата книга. За човек со два идентитета кои се многустрано умножени. Книгата на повеќе планови е напишана врз основа на двојноста.

Книги се пишуваат за тие што читаат

Како на таков пазарен натпревар на реклами, билборди, математички пресметки, вистинската книга може да стигне до читателите?

- Јас имам различни искуства во врска со ова прашање. Прво, кога ја основав мојата издавачка куќа „Геополитика“, можев да видам како изгледа кога странски писател се наоѓа во нов јазик. Така што, преведувајќи странски писатели, имав искуство со автори кои во моментот кога ги објавував на српски јазик не беа познати. А потоа станаа познати во светот, па со самото тоа и на нашата публика. Тоа се однесува на имиња како Харуки Мураками, Орхан Памук, Пол Остер. Тоа се писатели кои се големи, сериозни, но кои со текот на времето станаа познати и, исто така, станаа и добро продавани. За нив не мораше да има посебни маркетинг-кампањи, но тоа е некако поразбирливо. Меѓутоа, објавував сосема непознати писатели, кои и ден-денес не се познати, тие со текот на времето станаа култни. Значи, литературата се препознавала како изворно важен критериум дали книгата чини или не. Со тоа ја рушела илузијата на приказната дека сите книги се добри и како, ако вложите пари во реклама, тие се подобри од оние другите. Тоа е неточно. Уште од првиот ден зборував јавно дека длабоко верувам дека е навредливо за читателите да се зборува дека некои писатели се елитни, а некои комерцијални. Ја навредувате публиката кога ќе кажете елитни и го скусувате читателскиот простор. Доказ беше тоа што тие таканаречени концентрични кругови на читање, кои со текот на времето се ширеа, и тоа што некои го нарекуваа елитно - стана многу комерцијално. Но, кога некоја книга што е квалитетна ќе стане и комерцијална, вие не треба да ја правдате, туку да речете дека тоа е идеал.

Пред три години ја добивте престижната награда „Балканика“. Колку ова признание ве мотивира професионално и финансиски?

- Наградите не треба да се одбиваат ако не ве навредуваат од не знам какви причини. Но, во исто време, често велам дека со наградите може да се живее, но може да се живее и без нив. Тоа не е фундаментално во пишувањето. Наградите можеби помагаат некои луѓе, кои можеби не би слушнале за вас, во поширок круг да слушнат за вас и можеби некогаш ќе почнат да читаат некоја книга, која и не мора да биде ваша. Тоа е важно и тоа ве поттикнува во определен момент да речете, па добро, одреден круг луѓе признале дека моето пишување чини. Верувајте ми, јас имам големо искуство и со недобивање награди. Дали сум ги заслужил или не, не се прашувам, но важно е да се има и такво искуство. Не сте добиле некоја награда, па што. Книгите навистина секогаш или чинат или не чинат. Но, сепак, книгите се пишуваат за оние кои читаат, не поради награди. Се разбира, ако згрешите и ги смените тие критериуми, тогаш сте се изневериле себеси за цел живот и тоа не е добро.

Имате писатели со авангардни идеи

Не ретко може да се чуе дека с` помалку се чита. Какво е вашето искуство?

- Јас сум најсреќен затоа што гледам и знам луѓе кои ги читаат моите книги. Тоа е најважно. Јас не сум познат во светски размери, ниту ќе бидам, но имам доволно искуство со продажба и преиздавање на моите книги на повеќе јазици и она што е можеби најубавото нешто кај книжевноста генерално, иако сум доволно стар, е тоа што можам да искусам како книжевникот може да живее. Бидејќи сега имам книги кои сум ги објавил пред 20 години, кои понекаде во светот ги објавуваат и ден-денес. Тоа е сон на секој писател бидејќи, меѓу другото, пишувањето служи за тоа за да проверите дали чините, така што ќе знаете дали ќе бидете објавуван и по десет, дваесет или педесет години.

Кога во вашите интервјуа зборувате за литературата на поранешните југословенски простори, често ја истакнувате македонската како пожива и литература која многу ветува. На што се должи тоа?

- Да, тоа е апсолутно точно. Јас имам години искуство во Македонија и затоа, малку патетично, секогаш ги споменувам Александар Прокопиев и Елизабета Шелева. Тие се луѓе кои се важни за македонската литература. Тие беа или во Институтот за литература или на Универзитетот и ги подучуваа младите луѓе со многу авангардни идеи и кога беа многу помлади. И сега кога веќе не се толку млади, с` уште имаат помлади идеи од други помлади луѓе од нив. И дали е до тој постмодерен или како и да се вика жанр, тие се и понатаму светла точка не само на Балканот. За нив говорам во сите земји, не само овде или во Белград.

Марина ЛАЗАРЕВСКА . -Дневник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1245
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1569
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная