логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Ми претставува особена чест и задоволство да ве поздравам од името на Националната галерија на Македонија на денешниот за нас исклучително значаен и свечен чин. Имено, во годината на одбележување јубилеј – 70 години постоење, Националната галерија на Македонија е институција, добитник на грант кој го доделува Амбасадата на Соединетите американски држави во Република Македонија од Федералната програма „Амбасадорски фонд на Соединетите американски држави за заштита на културата“ за 2018 година. Проектот кој ја доби подршката носи наслов „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ зрачење и оградување на културното добро Чифте амам, Скопје“.


Доделувањето на грантот од Програмата „Амбасадорски фонд на Соединетите американски држави за заштита на културата“ за 2018 година (The U.S. Ambassadors Fund for Cultural Preservation 2018) претставува најголемо достигнување во менаџерската практика на Националната галерија на Македонија и обезбедување на небуџетски извор на средства. Да споменеме дека ова е втор грант доделен од страна на Амбасадата на Соединетите американски држави во Репбублика Македонија, првиот грант беше доделен во 2010 година за реконструкција и изведба на дренажен канал на Даут пашиниот амам.
Проектот „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ зрачење и оградување на културното добро Чифте амам, Скопје“ е изготвен во 2013 година, за истиот е издадено Конзерваторско одобрение за санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, воведување на систем за вентилација на ентериерот, заштита од УВ- зрачење и оградување на културното добро, Чифте амам во Скопје под број  УП бр. 08-499 од 12,08,2015 година од Министерството за култура, Управа за заштита на културното наследство. Проектот го изработи д-р Лазар Шуманов, советник конзерватор, градежениот надзор го изведува дипл. град. инг. Петре Мишковски а конзерваторскиот надзор од страна на дипл. инг. архитект Таневска Анета, советник конзерватор.  
Реализацијата на проектот е предвидена да се одвива во временски период од 18 месеци, веќе започна во јуни месец 2018 година а се планира да заврши на крајот од 2019 година.
Истиот ќе се одвива во повеќе фази со финансиска партиципација на Министерството за култура во рамките на инвестициски проекти од буџетот на Министерството за 2018 година, во износ од 2.000.000 денари и со помош на средства од доделениот грант во висина од 91.000 УСД.
Чифте амам, објект кој претставува културно наследство под заштита на државата, кој во невремето во јуни 2017 година беше доведен во исклучителна опасност, целосно ќе биде заштитен. Со подршка на Министерството за култура одобрени се средства за промена на постојното и веќе е инсталирано ново галериско осветлување со најнова технологија, економски оправдана, со мала потрошувачка на електрична енергија, технологија која е „пријателска“ за изложените артефакти без штетни влијанија. За оваа инвестиција беа одвоени средства во висина од 1.665.000 денари.


Во годината на одбележување на Европската година на културното наследство, треба повторно и секогаш да ги имаме во предвид основите на музеолошката наука во светски рамки. Овие основи се базираат врз собирање, чување, заштита, истражување и презентација на културното наследство, било да е тоа материјално или нематеријално, односно според поделбата на материјалното културно наследство - движно и недвижно. Имено, во случајот со објектот Чифте амам, говориме за движно и недвижно културно наследство, недвижното културно наследство од исклучително значење е секако самиот објект Чифте амам како објект на културата заштитен со закон, а во него се наоѓаат депоа во кои се чува и движно културно наследство од исклучително значење, односно колекцијата на најстарите мајстори и дела од бившите југословенски простори и колекцијата на скулптури.
Во насока на чување и заштита на нашето културно богатство и значењето на условите во кои тоа се чува, би сакала да го споменам и катастрофалниот пример на уништување на Националниот музеј во Рио де Женеиро во Бразил. Овој свеж пример од почетокот на месец септември оваа година не опоменува за нашата постојана обврска функционално да ги одржуваме објектите, особено да вложуваме во заштитата за да не дозволиме неповратно уништување на нашето културно благо.
Исто така, би сакала да упатам и апел до надлежните за расчистување на околината на Чифте амам како потенцијална опасност на објектот и она што во него се чува.


д-р Дита Старова Ќерими



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 386
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 216
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 213
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »