логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Но, дали светиите и светите се само отаде фреските? Дали светоста се чува неповредена така заградена само во храмовните ѕидини? Дали само житијните слова се единствените кои говорат за од Бога даруваната светост постигната со исклучителни подвизи или маченички сведоштва? Тие секако дека ја крепат душата и ја засилуваат верата, но што кога ќе го согледаме и споредиме нивното житие и нашиот живот и животот на оние кои живеат со нас?

 Главна духовна особина на отец Јован за мене секогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која што ги води Христијаните кон спасение. Во една од книгите на отец Јован како епиграф беа одбрани зборовите кои што тој често ги повторуваше: „Најважно во духовниот живот – е вербата во Божјата промисла и расудувањето со совет“.

Така, вистинската цел е љубовта кон Бога. И ако ја постигнеме, тогаш сите други нешта го заземаат своето правилно место и човекот не се измачува. Да кажеме дека имаш тежок брак, сопругот те измачува, свекрвата исто така и ти доаѓа да напуштиш сѐ. Ако се анализирам себеси, ќе видам дека причината е длабоко во мене, имено, дека не Го љубам Бога. Да Го љубев Бога целосно и да бев свесна дека целта на мојот живот е љубовта кон Него, тогаш проблемите во мојот брак, здравјето, работата, финансиите, дури и фактот дека стареам...

Ако некој од умор, или од душевно растројство е наклонет кон гнев, раздразливост, немир, единствено кротоста може да го смири во неговата растроеност. Опоменувајте се за Божјото присуство насекаде. Затоа, задолжително молете се наутро, во текот на денот и пред заминувањето на почивка. Задолжително постете во среда и во петок, за да не Го навредите Оној, Кој е секаде присутен.

За љубовта, пак, можеме да кажеме дека е најмоќната сила на човечката душа, затоа човекот треба исто толку да внимава да ја активира на правилен, бестрасен и свет начин. Ако душевната сила на љубовта се активира на страстен начин, тогаш постои опасност човекот да ги претвори во идол различните нешта што ги сака: идеологии, философии итн., и потполно да им се предаде, бидејќи карактеристика на љубовта е да се предадеш на тоа што го сакаш.

Петровите солзи на покајние (Мт.26,75) ќе бидат јасен показател на сите Свети Отци низ вековите подробно од лично искуство на животот во Христа за пројавување на Светиот Дух во нивните личности преку покајничките солзи, или како што вели свети Јосиф Спилеот, треба да имаме трпение и покајние до самата смрт, за кого неговите духовни чеда посведочиле дека од неговите солзи со часови се натопувала земјата, а и самиот старец пак сведочи за некои негови претходници, сведочејќи го на тој начин преданието на Црквата. Подвижничкиот етос на отците,...

pat..jpg

 Следењето на својот пат му дава на човекот чувство на мир, а при дејствување на благодатта, кога се уриваат сите противречности – голем спокој и внатрешна слобода, како во човекот да се проширило срцето (на духот веќе не му е тесно во срцето). И уште – чувство на радост. Туѓиот пат ретко донесува радост. Духовната радост може да биде присутна и при длабоко покајание на човекот. Тоа не е емоционална земна радост, туку мир во срцето, озарен со топла светлина.

Кога човек има макар и малку љубов во себе, макар малку радост и малку мир – ако тоа е од Бога, во Него се создава чувство на полнота. Тогаш не чувствуваш дека нешто ти недостасува. Во исто време сакаш повеќе, но го немаш она чувство на недостиг, чувство дека нешто ти фали. Затоа, кога во човекот дејствува законот на Духот и благодатта на Светиот Дух, тој ги чувствува во себеси сите плодови на Духот, а најмногу љубовта.

Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.
Сè што правиме, и молитва, и совет и укажувања, да правиме со љубов. Без љубовта молитвата не е полезна,
советот повредува, укажувањето штети и го уништува другиот,
кој што чувствува дали ние го љубиме или не го љубиме и реагира соодветно на тоа.


Pravedniot.Jov.jpgНекој византиски цар беше нарачал од еден краснописец да му подготви препис од Стариот и Новиот Завет. Долго време одзело додека се заврши, но затоа резултатот бил воодушевувачки. Оваа прекрасна Библија, чија вредност надминувала 15 златници, царот ја подарил на еден старец-пустиножител, кој еднаш му беше помогнал. Тој старец, малку време пред своето упокојување, овој скапоцен дар го предал на својот послушник Геласиј.

Ова е дијагноза на т.н. мнение, или високо мислење за себе си кое се карактеризира со надменост, мислење за другите дека грешат, нарочно оние кои се со повисок степен во хиерархијата, со тоа што се држи ставот дека се има подобро решение за проблемите заради своевидното квази искуство кое се користи за аргумент за одржување на мнението.

sv.Nikodim1.jpgКако што е неопходно умот да се чува од незнаење, исто така е потребно да се чува и од многубројни празни знаења и љубопитства. Зашто, ако умот се полни со многу знаење, не исклучувајќи го тука ни суетното, непотребното и штетното знаење, ќе стане неспособен да спознае што е добро за наше исправување и усовршување. Затоа спрема земните нешта коишто се дозволени, но не и неопходни, мора да се однесуваш како веќе да си мртов. Сосредоточувај го својот ум во себе и држи го далеку од сите нешта на овој свет.

Во Евангелието се вели, да ги погледнеме птиците небесни и полските кринови, да бидеме воздржани, умерени во јадењето и пиењето, а на крајот од краиштата или почетокот е тоа што Он ни вели, Моето Тело е вистинско јадење, а Мојата Крв, вистинскио питие. Западниот човек, кој е нели во темнина, а од што? Од тоа што ние не пребиваме во светлина, туку се преправаме.

Ајде да го надминеме тоа чувство и да се покаеме. Оваа парабола ме тера на покајание, бидејќи ја чувствувам мојата недоволност, ништожност и пад во врска со ова прашање. И некои мои пријатели, духовници, но и обични верници ми велат дека „ние исто така го чувствуваме тоа толку силно во нашите срца –дека не сме такви какви што треба да бидеме“.

Во тој миг автоматски ми дојде на ум она што треба да го кажам, но потоа ми дојде една друга мисла и си велам: дали тоа што треба да го кажам е она што Бог го сака? Бидејќи тоа „треба“ е она од придобиената импулсивност во животот, од поучувањата, проповедите, порекнувањата, забелешките. И се прашав: Боже мој, така ли сакаш да се однесувам? Да кажам: Дете, тоа што го правиш е грев! Но, потоа си реков: тоа момче ме знае уште од кога имаше три години, има ли смисла да му кажам дека тоа што го прави е добро или лошо?

Забелешките не се убаво нешто, престани да им правиш забелешки на другите луѓе, кој што прави, остави ги луѓето на мир. Пред извесно време беседев на таква тема: „Остави го своето дете на мир!“ Остави го, веќе си го полудела со „добрите“ поуки што му ги кажуваш, со проповедите што му ги изнесуваш, со притисокот –тоа знае што е правилно. Направи го чудото што ти го кажав претходно, промени му го животот со твојата молитва, поглед

Тогаш реков: „Господи, дај ми одговор за него.“ Ова го реков со сето свое срце, а потоа реков: „А, да. Заборавив да ти кажам. Знам пет јазици.’
„Навистина? Кои?“
„Првиот е насмевката. Вториот е солзите. Третиот е допирот. Четвртиот е молитвата, а петтиот е љубовта. Со овие пет јазици можам цел свет да го поминам.’

 Некој стар духовник ги запраша еднаш своите ученици по што би можеле да го препознаат моментот кога престанува ноќта и започнува денот.
- Да не е тоа оној момент кога ќе можеме да разликуваме куче од овца? кажа некој од учениците.
- Не - кажа духовникот.
- Кога можеме да го разликуваме стеблото од јаболка од стеблото на смоквата? - дофрли некој друг.

Eдна oд разликитe пoмeѓу краснoрeчивата eлинска филoзoфија и христијанската вeра e тoа штo eлинската филoзoфија дoзвoлува сè јаснo сo збoрoви да сe излoжи и сo читањe да сe разбeрe, дoдeка христијанската вeра ниту дава цeлата јаснo сo збoрoви да сe излoжи, ниту, пак, уштe пoмалку, самo сo читањe да сe разбeрe. При излагањeтo на христијанската вeра нeoпхoдeн e и примeр на излoжувачoт, а при разбирањeтo и усвoјувањeтo, oсвeн читањe,пoтрeбнo e и вeжбањe на читачoт.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1106
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1042
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…