логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Сепак, онаква каква што таа денес е интонирана, не ослободува, туку заробува, стеснува, осиромашува. Човекот започна да се занимава со "стариот" и "новиот" календар, со епископските сплетки или со побожноста од книгите. Духовноста започна да се сфаќа како обврска да се читаат таму некои црни, осиромашени книги полни со реторика во страв, секакви брошурички за чудата  и чудотворните  икони, разноразни сомнителни "попски приказни", и за сето тоа време се разработуваат „побожни„ теми. Наместо да го учи...

Ете зошто светите отци и Господ ни забрануваат да тежнееме кон возвишена состојба на духот. Целиот наш внатрешен подвиг треба да се сосредоточи на покајание и на сè што води кон покајание, а Божјото ќе си дојде само од себе кога местото во нас ќе биде – чисто и ако сака Господ. Ако подвижникот нема искрено чувство на грев и нема смирено срце, тој сигурно паднал во прелест, Особено тој што се наоѓа во молитвен подвиг, должен

За време на секојдневните разговори, треба да ја одржуваме молитвата во срцето, и да имаме постојано на ум дека Он, нашиот Отец Небесен, се наоѓа до нас и не набљудува. Никогаш не треба да заборавиме на Божјата сеприсутност. Без молитвата човекот не живее туку умира, и покрај тоа што не забележува. Кога сте на молитва не се брзајте. Секој нејзин збор е свет и не приближува кон Бога.

Доколку животот не прекине благовремено, душата би била во опасност да го изгуби стекнатото богатство со нови падови, и затоа милостивиот Бог го пресекува овоземниот живот во најпогодното време за спасение. И обратно: животниот век неретко се продолжува заради растење во молитвата и покајанието. Во црковната историја се сретнуваат многу примери каде што Господ на земјата ги враќа душите на преминатите што не биле спремни за средба со Него. -

Теологијата која се предава како наука, обично ги испитува работите историски и нормално е да ги сфаќа надворешно, зашто и недостига светоотечки подвиг, внатрешно доживување. Таквата теологија е полна со сомнежи и двоумења, бидејќи божествените енергии не можат да се сфатат со умот, туку, човекот мора претходно да се подвизува и да ги доживува така што, во него би почнала да дејствува благодатта Божја.

Кога стапив во манастир, отец Клеопа беше сменет од послушанието овчар, и беше поставен за игумен на манастирот. Додека ги пасеше овците, отец Клеопа не губеше време, многу читаше светоотечка литература. Постоеше еден свет човек Јован – Јаков од Њамц, кој аскетски се подвизуваше во Хозевата пустина во близина на Ерусалим, каде што и почина, и кој бараше добри книги за отец Клеопа.

Пред неколку години додека бев ѓакон, дојде една жена, и ми одржа предавање за тоа, какви треба да бидат свештениците, дека нивната служба е духовна, и поради тоа не треба да земаат пари воопшто и да живеат скромен живот. Делумно се согласив со неа, и ја прашав дали има син. Таа ми потврди и ми кажа дека е осмо одделение. „Штом е така – ѝ реков – запишете го во средното богословско училиште, па потоа нека заврши и факултет...

Суeтата заради oблeката пoсeбнo зeма замав вo нашeвo врeмe. Кoј нeма сo штo другo да сe гoрдee, тoј сe гoрдee сo oблeката. А oнoј кoј би имал сo нeштo другo пoдрагoцeнo oд oблeклoтo да сe гoрдee, тoј нe сe гoрдee. Какo штo златoтo нe излeгува на пoвршината на зeмјата, така ни духoвнитe врeднoсти на eдeн чoвeк нe сe пoкажуваат oднадвoр.

Ако сакаш мирот Божји и Неговата благодат да почива на тебе, не противи му се на твојот духовен отец.
Тоа што тој прави ти не знаеш, ама тој добро знае за тебе. Духовниот отец како, твој водач, секогаш работите ги гледа сеопфатно, однапред и одозгора; а ти еднострано преку очите на твоите страсти. Додека ти не знаеш...

Љубовта која претставува здравје, движење, Божји дар, укинување на егоизмот, надминување на смртта, култивирање на љубовта, станува трагична многудимензионална попреченост.
Односно, на другиот му  ја предавам  мојата болест, страст, потреба. Ако денес прашаш едно дете: што се случи, те гледам, скоро да си се вљубил! Во што се вљуби? Сум прашал и не сакам да ви ги кажам одговорите.

Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата! Ви велам: ако некого си налутил или некој тебе те налутил,

Има ли Христос „детски радости“? Има, и Он не ги заснова нив со помош на милиони, туку со Својата радост, која ни ја предава со Телото Свое, Крвта Своја и Духот Свој. Кои се тие „детски радости“? Едната од нив е основна – Црквата. Црквата среде грижите од овој свет е место на кое децата навистина можат да Го познаат Бога и да ја имаат природната атмосфера на Рајот. Тука е привлечен домот, Рајот, богослужението, тајните,

slepilo_resizedСо луѓето често се случува следново: ако некој е лишен од нешто, за него е навредливо да гледа како другите го имаат истото. „Она што немам и другите да го немаат“. Непријатно е да се осознаеш себеси лишен и понижен. Изобилието на другиот ранува и ожалостува и ретко кој умее да им ја „простува“ на другите нивната даровитост… Навредата и недоброжелателноста лесно се превратуваат во завист и злоба…

Гледај, во душите на децата си играат животот и смртта, верата и неверието. Бог секогаш правилно ќе ја одигра Својата улога. Ако и ние правилно ја одиграме својата игра пред децата, невозможно е тие некогаш да не се сретнат со Бога, макар и многу подоцна одколку што ние би сакале.

Го прашале Христа: Господи, малку ли се оние што ќе се спасат? А Он рече: Потрудете се да влезете низ тесната врата. Он не одговори на прашањето, туку сетете се што рече: Потрудете се да влезете низ тесната врата. Едно Го прашале, а Он друго им одговорил. На прашањето колку ќе се спасат, Он им кажал:

Христос е, значи, највозвишен: нозете Негови газат по земјата и Он е Дете, но Неговата глава, како што велат старите, е на небото. Он е, значи, многу висок, единствен, извонреден, со тоа Дете никој не може да се спореди. Он е Еден, бескраен, брз, ита „овде и онде“, и поради тоа се вика Бог. Он е овде, онде, насекаде. Он е Оној Кој слезе од небото, Бог и Избавител. Неговата игра, е токму играта на нашето спасение. Он ја игра играта на нашето спасение.

Познато ни е дека Исус Христос дојде во времето како Дете, дека одеше низ Галилеја и Јудеја, дека како Богочовек ја исполни земјата со Своето присуство, дека твореше чуда „знаци и чудеса“, дека привлече мноштво народ, кого го собра во едно царство и господство, во Црквата Своја, и дека како вечен Владика, Господ се вознесе на Небесата.

Околу 750 година, Свети Бонифациј од Фулда, просветител на Германија и Западна Европа, сакајќи да го преобрази паганското почитување на дабовите дрва од страна на незнабошците во Германија, го облагородил и христијанизирал овој обичај, заменувајќи го дабот со елка, во чест на Рождеството Христово.

Јас ви кажав неколку зборови за смртта. Сега ќе ви кажам неколку зборови за совеста, бидејќи кој ја чува својата совест чиста, него смртта сигурно ќе го најде блажен и подготвен.
Совеста – е праведен судија, која Бог ја сместил внатре во нас. Совеста не може да биде одраз на материјата. Таа – е глас

За да се појави решение на некој наш проблем, треба да имаш доверба дека ќе се случи нешто подобро. Ако решението не го чекаш со надеж, тоа нема и да се случи. Некои луѓе во своите тешкотии и очај сѐ повлекуваат и носат конечен заклучок дека во нивниот живот ништо нема да се промени, тогаш решението нема ни да се случи.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 154
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 399
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…