логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  vozdvizenie.jpg

ИКОНАТА НА СВЕТА ТРОИЦА

 

 Андреј Рубљов, иконограф (сликар на икони), руски монах од XV век, ја насликал Света Троица. Тој не ја измислил сликата на Св. Троица, туку го илустрирал расказот од книгата Битие каде таинствените три ангела го посетуваат Авраама. Ова јавување кај Мамврискиот даб, за кое веќе зборувавме во првата глава, е слика на Св. Троица, праслика на едниот Бог во три лица, Кој ќе дозволи да биде отворено познаен дури на реката Јордан, за време крштевањето на Исуса. Спомнете си за разговорот со Авраама: патријархот им се обрнува на ангелите де со Ти, де со Вие. Тоа не е она Вие што го велиме од учтивост, кое тогаш не постоеше, туку е множина. Оваа наизменичност во говорот веќе ни помага да го погодиме ЕДНИОТ од Тројцата, зашто се чини дека Авраам еднаш Му се обрнува на едниот Бог, еднаш на трите божественилица.
Илустрирајќи еден библиски текст, Рубљов не ризикува да ја деформира божествената тајна со својата лична имагинација, бидејќи иконографите не ги измислуваат по волја на својата фантазија презентациите на Бога, а секогаш се мошне верни на Светото писмо.

Всушност, кога секој човек би измислил некоја претстава за Бога со помош на својата имагинација, колку и да е творечка, ние би имале мошне човечки претстави за Бога, подложни на промените на вкусот од секоја епоха; „боговите-Отец", старци со брада, кои излегуваат од облак зар не се стара и демодирана игра? Опасноста е голема повторно да се вратат идолите од старо време, кои се проекција на човекот за Бога: Бог според образот на човекот, а повеќе не големата тајна на човекот создаден по образ Божји. Затоа верноста на нашите сликари иконографи на Преданието, нивната потчинетост на претставувањето на Бога дозволено од Црквата, ги спасува од заблудата и им овозможува да не ја предадат втората заповед: „Неправиидоли".

vozdvizenie.jpg


Од една класична икона, од една често повторувана тема во Црквата, Андреј Рубљов направил мошне големо дело, истовремено бисердело на уметнички план и сведоштво на молитва. Насекаде наоѓаме репродукции на иконата на Света Троица. Се чини дека христијаните од сите конфесии ја познаваат и ја сакаат. Дури и атеистите (оние што не веруваат во Бога) ја признаваатубавината и силата што произлегува од неа. Оваа икона е навистина чудотворна, зашто таа им наложува молчење со почит и на оние што се најнепријателски расположени спрема религијата и ги тера да ја почитуваат.

СИМВОЛОТ НА ВЕРАТА

Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител,
Творец на небото и земјата,
на се видливо и невидливо.

Иво едниот Господ Исус Христос,
Син Божји, Еднороден,
Кој е роден од Оца пред сите векови:
Светлина од Светлина,
вистински Бог од Бога вистински,
роден, нестворен, едносуштен на Оца,
преку Кого се станало.
Кој, заради нас луѓето
и заради нашето спасение,
слезе од небото и се овоплоти
од Светиот Дух
и од Марија Дева
и стана Човек.
Кој беше распнат заради нас
во времето на Понтиј Пилат,
страдаше и беше погребен.
Кој воскресна во третиотден, според Писмото,
и се вознесе на небо,
и седи оддесно на Оца.
И пак ќедојде со слава
да им суди на живите и на мртвите
и Неговото царство не ќе има крај.

И во Светиот Дух
Господ што дава живот, Кој излегува од Оца,
на Кого се поклонуваме и го славиме
заедно со Оца и Сина
и Кој говорел преку пророците.
Воедната, света, соборна и апостолска Црква.
Исповедувам едно крштение
за опростување на гревовите.
Го чекам воскресението на мртвите
и живототна идниот век.
Амин.

Всушност, Светата Троица од Рубљов се наоѓа во еден Државен музеј, а не во една Црква. Може да се види во галеријата Третјаков, во Москва, во СССР. Секој ден пред нашата икона минуваат илјадници туристи кои ништо не знаат за Бога или, пак, само Го мразат, се подбиваат, или се индиферентни спрема Него. Сепак, никој не минува без да се запре пред оваа икона на Света Троица. Секому од нив таа му пренесува едно делче од визијата за Бога. Како што сонцето ги осветлува добрите и лошите, Бог осветлува секој човек со Својата љубов, дури и ако овој ја одбива.
Молчење се наложува пред оваа икона, како пред тајната на Света Троица. Сепак, ќе се обидеме да и се доближиме со помош на молитвата, бидејќи за Андреј Рубљов, оваа икона е молитва, исповедување на верата и оддавање почитна Бога.
Да го земеме текстот од Символот на верата и да го ставиме крај една репродукција на Св. Троица. Во очи паѓа тоа дека сликата е компонирана по истиот план како и исповедувањето на верата: „Верувам во едниот Бог".
Рубљов го изразува единството истовремено со сличноста на трите ангела и со единствениот круг во кој се впишуваат трите личности. Се она што се однесува на Отецот е мошне кратко во Символот, зашто Он е несознателниот, Оној за кого не знаеме речиси ништо. На иконата, првиот ангел, оној од левата страна, е од три четзртини, бојата на неговата облека е мошне бледа, необјаснива, речиси проѕирна.
Текстот се одвива како на иконата, задржувајќи се на Синот најмногу време. Вториот ангел ни е свртен со лицето, ни се покажува поцѕлосно. Ние знаеме многу работи за Синот, зашто Он се овоплотил, дозволил да биде запознаен и да биде виден. Неговата облека има чиста и јасно одделена боја, сина и кафеава. Тоа ги изразува двете природи на Христа. Сината го симболизира небото, божеството. Кафеавата, тоа е земјата, човештаото. Исус е истовремено и Бог и човек. Зад централниот ангел се издига едно дрво, неговите корени се насадени во земјата, а гранките се стремат кон небото. Тоа е крсното дрво кое, преку Христа, станува дрво на живот во Рајот.

Адам умре затоа што јадеше од плодот на дрвото.
Но во Крсното дрво повторно го најде животот,
со чија помош, о Милостиве, тој повторно ужива
во рајските наслади.

Поема од Теодор, Триод
(петок од петтата недела на постот.)

Кога зборува за Светиот Дух, Символот повторно станува краток и збиен, бидејќи за третото божествено Лице, кое ни дава живот, конкретно и историски, малку работи можат да бидат кажани. Неговото дејство е секогаш скриено и таин-ствено. Третиот ангел, како и првиот е од три четвртини. Бојата на неговата облека ја симболизира силата на животот. Зелената, која доминира, ја изразува младоста, животната сила која дава да расте и да постои секое нешто.
Кругот од трите ангела завршува и повторно не се затвора. Се чини дека овој круг се отвора спрема чашата (путирот) што е поставена на масата. Последниот дел од Символот е посветен на Црквата: тоа е местото каде што се наоѓа путирот за Евхаристијата и сите луѓе, преку Крштението, се повикани на гозбата од Вечниот живот, а Животот вечен е да се влезе и да се живее во прегратките на самата Св. Троица.
Со ова претставување на Светата Троица, ние сме далеку од првата икона, онаа што ја викаме „гостопримство Авраамово".
Свети Андреј доброволно ги отстранил Авраама и Сара, зашто веројатно се сетил на зборовите Христови: „Јас постојамуште пред да се роди Авраам" (Јован 8, 58). Овие зборови ја изразуваат вечноста на Бога, вечност што ја делат трите лица од Св. Троица...
Нашата студија за оваа прекрасна икона ќе ја завршиме, како што веројатно тоа го направил и Рубљов откако ја насликал, со најчистата молитва, молитвата на обожување, онаа на ангелите, серафимите и херувимите, пеејќи ја трисветата песна на животворната Троица:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот!"

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: проф. Јован Таковски 

 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

Друго:

Кое е значењето на трите ангела кај иконата на Света Троица од Андреј Рубљов?

Верата и хуманизмот на Достоевски

Преподобен Андреј Рубљов

За Света Троица



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1202
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1744
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1161
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…