логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.trubaСекој си има своја борба. На еден му е проблем човекот до него, на друг оној од спротивната страна, на трет оној напред. Сите сме во храмот. Како се вели во псалмот за постанокот – мали и големи животни. Сите сме внатре, но секој си има своја молба, го има своето јас, стоиме пред Бога и го очекуваме тоа што секој го бара, а Бог сигурно ќе му го даде потребното на сите, дури и ако некој човек од други причини се нашол таму.

 3.angeli.so.truba Навистина, како можеме да ја спроведеме во пракса оваа лаконска заповед? Зашто гревот нема самостојно битие, одделно од човекот којшто го извршува. Не може да постои кражба без конкретниот човек кој украл туѓ предмет или пари. Убиство постои само таму каде определен субјект прекинува туѓ живот. Лагата е невозможна без оној кој отстапува од вистината. Гревот без грешникот е како „сферичен коњ во вакуум“ – апстракција, којашто може да се постигне само со добро развиена имагинација.

3.angeli.so.trubaМладоста е полна со грешки и гревови, полети и падови, но душата се уште не обраснала со груба и тврда кора, и после гревовите настапува искрено покајание, како крвави солзи кога ја мијат нечистотијата на гревот. Зрелата возраст е слична на лето. Тоа е време за работа на земјоделецот. Човек станува потрезвен и попретпазлив, но едни страсти се менуваат со други, пламеноста на младоста – со пресметливост, со грижи не толку за вечноста колку за утрешниот ден, како небото да станува подалеку, а земјата се повеќе се појавува од маглата.

Љубовта треба да се покажува. Насушна потреба е да му кажеме на другиот дека го љубиме. Во храмот имаме потреба да му запалиме кандило на светијата, да го очистиме Божјиот храм, да го украсиме, да се радуваме на неговото благолепие, да го кадиме со темјан, да го гледаме и да се восхитуваме. Бог нема потреба од тоа. Но кога човек постапува така кон Бога и кон другите луѓе, тој добива соодветен одговор.

Како што во секојдневниот живот му кажуваме на другиот човек: „Те љубам!“ Ти благодарам многу што ме љубиш, но бидејќи ме љубиш, треба да ми ја покажеш и на дело твојата љубов, за да не биде апстрактна, туку практична љубов. Имам некаква потреба, некаква тешкотија. Бидејќи ме љубиш, помогни ми. Дај ми го тоа од кое имам потреба за да ме поткрепиш. Љубовта треба да е видлива. Токму тој проблем го среќаваме денес во семејствата, каде луѓето се љубат и н

 3.angeli.so.trubaДоколку премногу ги примаме на срце неуспесите од секојдневниот живот, ако тешко ја поднесуваме разделбата со некого, ако неутешно патиме заради умрените, зар ова, освен за силата на нашите чувства, не сведочи и за неверието во промислата Божја?
Постои уште едно средство што може да ни помогне да ги согледаме своите гревови - треба да се сетиме на она за што обично другите луѓе не обвинуваат, наши

 Кога ќе ја запоставиме молитвата и духовните дела и наместо тоа ќе почнеме да судиме за луѓето кои ни направиле неправда, станува очигледно дека материјалното богатство го сметаме за поважно од своето спасување и Христовите заповеди. Како можеме да ја следиме евангелската заповед која вели: Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! (Лк. 6; 30),

6092117914ffdc05ecc5c2

Малку претходно велевме, дека самите имиња на апостолите нè учат на цврста вера и покајание. Петар – е Камен, Павел – доброволно се смалува.

Рековме, дека човекот не треба само да верува, но и да се смирува.

И не само да се смирува, за да не се засркне од тага, а имено да се смирува и да верува.

3.angeli.so.trubaКога ќе дојде антихристот и ќе посака да ти стави печат, тој нема да посака просто да ти стави еден печат, за да можеш да продаваш и да купуваш, туку ќе посака да го заземе местото на Христос во твојот живот, за да биде тој на местото на Христос. Нема да посака од тебе просто да ти стави печат. Ќе посака од тебе да го отфрлиш Христос како Бог и да го примиш него како бог. Кој бара денес од тебе такво нешто? И зошто се крева таква паника? Кој ви кажа, дека ако ви дадат нешто,

ADAM.i.EVAКаков плод требало да даде „смоквата“? Столбот на Стариот Завет била подготовката на луѓето за средбата со Месијата, Кој требало да го избави Израилот од гревот. Меѓутоа, во времето на проповедањето на Исус, тоа избавување често се сфаќало мошне упростено. Не како избавување од власта на гревот, туку како остварување на политичката независност од Римската империја, односно избавување од власта на паганите. Затоа повеќето од религиозните Јудејски лидери не го препознале и не го прифатиле Оној Кого што толку долго го очекувале и самите тие, и нивните татковци и дедовци...

    3.angeli.so.trubaВи признавам дека сум сретнал религиозни, благочестиви луѓе, кои стануваа полоши и од демони, кога некој од семејството ќе решеше да напредува во духовниот живот. Сум гледал и луѓе далеку од Бога, кој ги примаа проблемите и изборот на своите деца со благородност и достоинство. Си велиш дека човек навистина може да оди во црква долги години, да остари на столицата во храмот а сепак да нема ништо во себе си што ќе потсетува на Евангелието и на Црквата.

Aleksandar.N.sv.Georgij5Да не ја префрламе секогаш топката на другите, да ја прифатиме својата лична одговорност за нашиот сопствен избор во однос на своите дела. Како се формира нашата реалност? Она што е околу нас, кој го прави? Дали Бог го создава? Околностите кои доаѓаат и нé растројуваат? Бог допушта да стане нешто, но како ќе го почувствуаш зависи не од Бог, туку од тебе. Ти решаваш за него и го избираш.

3.angeli.so.trubaВо Стариот Завет и во старите култури постои складност помеѓу човековата душа и нејзиното име. Севкупната личност со сите особености е присутна во името. Да се знае нечие име значи да се има увид во неговото битие, па со тоа да се постигне извесна блискост, па дури и моќ на поседување над него...

3.angeli.so.trubaВо подвигот против новите предизвици на човекоцентричниот хуманизам присутна беше целата Црква: чесното Свештеноначалство, светиот Клир и благочестивиот народ. Црковниот осет ги имаше мобилизирано сите сили. Придонесот на старец Георгиј имаше две страни: првата, силните негови интервенции, коишто беа насочени кон ...

3.Erarsi5Лесно е да се живее како христијанин, но тешко е да се живее како христијанин со Христос. Лесно е да се живее со тоа што ќе го отфрлиш својот крст, ќе ги обвинуваш другите, ќе бараш виновници, ќе се амнестираш себе си. Тешко е да го носиш својот крст слободно, односно одговорно и да го следиш Христа

3.angeli.so.trubaНие сме Црквата сите заедно, сите луѓе. Треба да го развиеме тој голем дар, да сме вистински членови на Црквата, да го стекнеме тоа сознание дека не сме изолирани поединци и лица, кои дејствуваат самостојно, туку сме членови на едно тело, распрснато по цел свет. Затоа, гледате дека Црквата, еве, водела борба сите да ја празнуваме Пасха заедно, а не кој кога сака. Има пост, постиме сите заедно,

3.angeli.so.truba   За жал, во последните години, за нас како народ стана типично нетрпението, за разлика од нашите предци, кои се одликувале со големо трпение, што го пројавиле низ вековите. Тие живееле со вера, биле длабоко побожни луѓе и трпението ги учело да бидат мудри и благоразумни. А нетрпението, пак, води само до избрзаност, паника, губење на прибраноста, донесување на одлуки кои се импулсивни и непромислени и многу грешки.

vtornik.svpetka2.jpgСи дошол во храмот, а си го изоставил најважното - Светите Дарови, а тие се сé. Тебе ти остана само нафората. Знаеш ли што е светиот олтар? Тоа е нешто најдрагоцено што постои на земјата. Царските престоли, претстедателските фотелји, академските катедри - имаат помала вредност. Светиот Престол е несогорлива капина. Тука слегува Христос, тука пребива Светиот Дух. Околу Престолот стојат свети Ангели. Колку величествена, страшна глетка!

vo.Nedela.na.Raslabeniot4Сигурно во текот на оние 400 години постојано убивале, мачеле, но се јавиле и ликови на маченици кои го исполниле Рајот. И што друго? Сме се избавиле од вителот на средновековното западно Просветителство, зашто инаку не знам дали ќе успеевме да се запазиме како православни христијани. Да, 400 години ропство – измачувани, понижувани, толку многу жртви – но сме се запазиле. Тоа го велам за да се научиме да бидеме луѓе кои можат да се борат,

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 818
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…