логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


За духовната слобода

arh.Sofronij.jpg
 „Стојте во слобдата, со која Христос не ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем “(Гал. 5,1).
 Почетокот на нашиот живот во тело, од земја земено (Бит. 2, 7), ни дава зависност од природните сили и воопшто од космичните енергии, со кои е сврзана неопходноста и детерминизмот. Само преку Христос го познаваме Царството на слободата на Духот Божји (2 Кор. 3, 17), а потоа и на духот човечки (Јн. 8, 31-32). Последниот, духот човечки, на непостижен начин создаван од Бога, како да се зародува во материјата на нашето тело, но по својата природа тој, духот на човекот, е повисок од космината материја. Од средбата со Христос тој израснува во своето ипостасно сознание до таа зрелост, што престанува да зависи од природните закони на земјата и започнува дејствително да го прима здивот на Божествената вечност.
 Слободата на човекот кој поверувал во Божеството на Исус Христос и кој пребива во областа на неговите зборови, припаѓа на други измерувања: таа слобода, со ништо не е детерминирана (ограничена) однадвор. Таквиот човек – кој што се приближува до мерата на полната возраст Христова (Еф. 4, 13) – иако е творба Божја, сепак Творецот не се обраќа со него како со Своја „енергија“, но како со определен факт дури и за Него: Бог ништо не му наметнува со сила, дури ни љубовта кон Него, како кон Отец. Тој му се открива на човекот, „Каков што е“, оставајќи го човекот да реагира во неговата слобода. Така Црквата го отстранува дури и Божествениот, т, е. „оригенистичен“ детерминизам: дека благоста Божја ќе најде патишта, не нарувајќи ги принципите на слободата, да ги спаси сите и се.

 Оваа слобода, која што му се дава на човекот-христијанинот, му припаѓа на персоналниот почеток во човекот. Тие две, личноста и слободата – се соединети неразделно: каде што нема слобода, нема ни личност; и обратно: каде што нема Личност, таму нема ни слобода. Тој род на вечното Битие, ѝ е својствен исклучиво на личноста, а никако на индивидуата. (спор. 1 Кор. 15, 47-50).

 Создадени сме од Бога според  „образот Негов“ за живот „по подобието Негово“, т. е, заради наше конечно обожување: за наше приопштување кон Божествениот Живот во сета негова полнота. Односите меѓу Бог и човекот – се основани на принципот на слободата: во нашите клучни одлуки пред Бога – ние сме самостојни личности. Кога во нашата слобода се склонуваме кон грев, тогаш го раскинуваме сојузот на љубовта и се оддалечуваме од Него. Можноста на наша негативна самоопределба во однос на Отецот Небесен го дава трагичниот аспект на слободата. Но оваа крајна самовласност, сепак се јавува неопходен услов за создадената персона при искачувањето за восприемање на Божествениот Живот.

 Да, ние сме слободни, но не во таа апсолутна мера, во која е слободен Самиот Бог: Тој во сѐ го определува Своето Битие. Ние пак, создадените од „ништо“, немаме битие во самите себеси: ние не можеме да изградиме какво и да е битие, кое би сакале да го изградиме, според нашиот разум или безумие. Пред нас е фактот на Првата Самобитност на Бога, освен која не постои ништо самобитно. Ние имаме избор: или наше посиновување  од нашиот Бог и Отец, или отпаѓање од него во мрак небитијниј, - среден пат нема.

 Христијанинот е повикан кон храброста да поверува, дека ние можеме да бидеме воведени во владеење со Божественото Битие. Тоа не ни припаѓа нам, затоа што ние сме твар; ние немаме сили да го создадеме ова битие; тоа може да ни биде дадено како чист дар на љубовта на Отецот.
 За што зборувам јас сега? Се обидувам да најдам некоја паралела од нашиот беден живот, која би ни објаснила што се случува со нас, кога Господ се вселува во нас... Човекот се раѓа како слеп, беспомошен младенец. Неговото оружје за борба за своето постоење – е плачот, со кој тој го изразува своето незадоволство или страдање, на каков начин и да дошло. Родителите, а пред сѐ мајката, од љубов кон плодот на својата утроба, му брзаат на помош. На почетокот на животот младенецот се прилепува кон мајката: со рацете го зафаќа нејзиниот врат; се притиска кон нејзиното лице, плеќи, фради, нозе, кога таа стои на подот, и сл. Постепено тој се учи да ги разликува предметите, да произнесува некои зборови, да усвојува некои поими, да станува посилен, способен да стои, оди, трча и конечно ја достигнува својата зрелост – физичка, морална, умствена; И сам може да биде татко или мајка; стапува во самостоен живот. Сѐ што доживеал како младенец, испаѓа од неговата меморија; тој знае кои му се татко и мајка, но повеќе не ја чувствува зависноста од нив; живее, како од никого да не излегол; слободен во своето движење и решенија; се гледа себеси како некоја полнота, како целосна индивидуалност; со зборот – „јас живеам“. Како се случило тоа, не знам, но тој факт за мене е убедлив до крај... Само разумот мој знае дека тој живот, кој што го имале моите родители, ми е даден мене, протекол во моите жили, станал мој, нашол свој пат. Такви се и нашите односи со Бога: „... како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе“(Јн. 5, 26)... „Како што Ме испрати живиот Отец,  и Јас живеам преку Отецот, така и тој што  јаде од Мене, ќе живее преку Мене“(Јн. 6, 57-58). „Јас живеам и вие ќе живеете“ (Јн. 14, 19). Кога тој Живот ни се соопштува битијно, ние го чувствуваме како наш сопствен живот. Ние знаеме од претходниот опит, дека тој живот ни е даден од Бога; тој не е наш по својата суштина; но даден во неодземливо наследство на спасените, тој навистина станува наш живот. За него може да се зборува со зборовите на Апостол Павле: „И веќе јас, но Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20). Пак ќе повторам: јас знам дека тој живее во мене, но Неговиот живот станал јадро, највнатрешно јадро на сето мое суштество, така што можам да зборувам за него, како за мој живот: живее Господ, живеам и јас.
 „Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам... и ќе дојдеме кај него, и ќе направиме кај него живеалиште“ (Јн. 14, 21-23). Ќе направат, секако, не повремено, а вечно.
 Нашиот влез во владеењето со овој бесмртен живот е обусловлено со пазење на заповедите Господови.

 „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици. И ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јн. 8, 31-32).
 Подобието на нашата природа на Бога, естествено раѓа во нас жед за познавање на Вистината, за стремеж кон Божественото совршенство. Тоа совршенство, не е во нас самите, а во Отецот, Изворот на сѐ што постои. Последувањето во сѐ Нему, воопшто нема карактер на потчинување на диктатурата на некоја надворешна за нас власт: тоа е врската на нашата љубов кон Него; ние непрестајно тежнееме кон Неговото совршенство. И Христос ни дал заповед: „Но, вие бидете совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен“(Мт. 5, 48).

 Светата волја на Отецот, која отсекогаш е во Него, не ни е туѓа нам, Неговиот „образ“. Таа му е својствена на нашиот дух, иако го наминува сето наша тварна природа. Превосходството на Отецот ја објаснува неопходноста од борбата за потполно усвојување Негово од нас; ние слободно одиме на овој подвиг, истовремено и мачен и вдахновителен. Преку молитвата на нас слегува силата на Вишниот. Светиот Дух во нас го совршува исконското и очекуването, а не нашите прихоти. Ние скорбиме со голема болка, затоа што не ја вместуваме Неговата полнота во нас самите. И болуваме, и страдаме, но и блаженствуваме во истото ова страдање; и Го почитуваме, и Му се поклонуваме во нашата Љубов. Во својата најчиста форма, нашата молитва не е нешто друго, освен восхит на нашиот дух пред Него.

 „Господи! Научи нѐ да се молиме... Тој им реч: кога се молите, говорете: Оче наш... “ (Лк. 11, 1-2). „Молете се пак така: (Мт. 6, 9-13).
 „Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое“: Ти си му дал на духот мој да го помириса благоуханието од Твојата Светиња, и сега душата моја жеднее да биде света во Тебе.
 „Да дојде Царството Твое“: Те молам Тебе, Твојот Царски живот да ме преисполни мене, сиромавиот и бедниот, и да биде мој живот во вековите на вековите.
 „ Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ на моето тварно суштество... да се вклучам и јас, смртниот, во големиот поток оваа Светлина, како што Таа е во Тебе Самиот уште од почетокот.

 „Лебот наш насуштедн дај ни го денес“, и пред сѐ, и после сѐ „вистинскиот леб, кој слегува од небото и кој дава живот на светот“ (Јн. 6. 32-33).
 „И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги простуваме на нашите должници“... Те молам, испрати ја на мене растленетиот, благодатта на Светиот Дух, Кој дава сила да им простамна сѐ и на сите така, да не остане во мене препрека да ја примам од Тебе прошката за безмерните мои гревови.

 „И не воведувај нѐ во искушение“... Ти, Срцевидецу, ја знаеш мојата развратност и склоноста кон гревот... Ти се молам: испрати го Ангелот Твој со огнен меч, да ми го прегради патот кон падовите. (Броеви 22, 23 и натака)...
 „Но избави нѐ од лукавиот“... Оче Свети, Седржителу Благи, ослободи ме од власта на нашиот непријател и Твој противник... зашто самиот да се борам со него не сум моќен.

 Првото движење на нашата молитва – прозба за нас самите. А кога Светиот Дух ќе го умножи нашето познание и ќе го рашири нашето сознание, тогаш молитвата прима космички мери, и ние, призивајќи го нашиот Отец, под зборот „нап“ – го разбираме целото човештво и испросуваме благодат за сите луѓе со такво срце, како и за нас самите.
 „Да се свети Името Твое“ меѓу сите народи; „Да дојде Царството Твое; во душите на сите луѓе, за Светлината на животот Кој излегува од Тебе – да би станал живот за целиот наш свет; „Да биде волјата Твоја“, единствено света, која ги соединува сите во љубовта Твоја на Земјата, населена од нас, исто како што царува помеѓу светиите на небото. „Избави нѐ од лукавиот“ „човекоубиец“ (Јн. 8, 44), кој насекаде го сее злобното семе на непријателството и смртта (Мт. 13, 27 -28).
 Според христијанското разбирање – злото, како и доброто, постојат само таму, каде што има личносна форма на битието. Надвор од тој род на живот – нема зло, туку само детерминирани естествени процеси.
 Во врска со пробемот за злото воопшто, и главното во човечкиот свет, стои прашањето за учеството на Бог во историската судбина на народите. Премногу ја отфрлиле верата во Бога, затоа што мислат, дека ако би постоел Бог, тогаш не би имало место за толку диво распространување на злото, за толкаво мноштво неоправдани страдања, за такво отсуство на ред и смисла во сѐ. Тие забораваат или сосема не знаат, дека Создателот ја чува човечката слобода, како основен принцип во создавањето на богообразните суштества. Вмешувањето, секогаш кога волјата на луѓето ги вовлекува по злодејни патишта, би било еднакво со нивно лишување од можноста за самоопределба; би приведувало кон сведување на сѐ под космични безлични закони.
 Бог, секако, спасува и одделни страдалници, и цели народи, ако тие самите ги исправуваат своите стапалки кон Неговите патишта и повикуваат кон Него за помош.
Немаат сите иста претстава за смислата на зборот – спасение. За христијаните, кои водат непомирлива борба со гревот, тоа се состои во тоа, што Самиот Бог му Се оддава на човекот во неопфатноста на Својата вечност. На таквиот подвижник видливи беди можат да му бидат сопатници цел живот, но внатрешно тој престојува пред Невидливиот (2 Тим. 4, 7; Флп. 1, 29; Дела. 9, 16; 1 Кор. 15, 30; 2 Кор. 6, 4). Залуден ќе биде обидот да се опише неговата состојба: тој се предава на волјата Божја, и во тоа самоумалување се уподобува на Христос (Лк. 22, 42). Овој акт всушност е слободно изјавување на кенотичката љубов, која го уподобува човекот на Бога: „... дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници“ (Мк. 14, 41). Нема љубов поголема од оваа: ние се оддаваме себеси во светите раце на Оној Кој нѐ создал, и преку неа влегуваме во полнотата на Божествениот живот.

 Достоинството на молитвата ја надминува вредноста на секоја друга дејност, било да е во социјална, политичка, научна или уметничка сфера. Оној кој го познал ова на опит лесно ја жртвува својата материјална благосостојба заради доволноста за беседа со Бог. Голема привилегија е да се задржува својот ум на неминливото; на тоа, што е повисоко и подалеку од сите најпознати достигнувања на науката, философијата или општествената служба. На почетокот, на борбата за духовна слобода може да се покаже премногу тешка и ризична, но сѐ се преодолева, кога молитвата целосно ќе ја опфати душата.


Молитвата на длабокото покајание може да го доведе човек во таква состојба, како кога тој го добива опитот на слободата во Духот на Вистината: „и вистината ќе ве ослободи“(Јн. 8, 32). Оваа света слобода, за жал, им е непозната на повеќето луѓе. Прв симптом на ослободувањето – е несакањето да се владее над било кој; следен степен – внатрешното ослободување од власта над другите над тебе; и тоа не од презир кон поставените од Бога власти и управниците на надворешниот живот на народите, но во силата на стравот Божји, кој не допушта да се престапи заповедта за љубов кон ближниот.

Беспочетниот Бог ни се открил во Своето необјасливо смирение. Тој, Творецот на сѐ што постои, на владее над нас. Секако, и над Него никој не владее. Човекот – е образ на овој смирен и слободен Бог; нормално би било за нас да се стремиме да се уподобиме на Него во образот на Битието: да се отстрануваме од господарење над други и самите „да стоеме во слободата која што ни ја дарувал Христос“ (Гал. 5, 1; 1 Кор. 15, 23-28).
Светлината Божја со своето доаѓање во душата на оној што се моли ја одзема од ропството на страстите и ја возведува во светоносната сфера на богоподобната слобода, полна со љубов, која исклучува секаква склоност кон робовладетелство, кое е спротивно на љубовта. Таму каде што нема слобода и љубов, сѐ е бесмислено. Дури и таквите дарови, како пророштвата, знаењето на сите тајни и силата на чудотворство, без љубов – ја губат вредноста. (1 Кор. 13, 1-3).
Голем и чуден е мирот на светата слобода. Надвор од неа, невозможно е спасението како обожение на човекот. Неопходно е, тој (човекот), самиот да се определи за вечност. Сета твар се стреми кон ослободување од ропството на тленоста во слободата на богосиновството (Рим. 8, 21-23).
Насекаде денеска има борба за слобода и независност, но тешко да најдеш човек, кому му се открила тајната на богоподобната слобода на децата на Отецот Небесен. Неопишливо е со зборови достоинството на оваа состојба; а се познава не поинаку, освен како дар Одозгора. И пак, не можам да не го спомнам Апостол Павле, кој несомнено ја знаел божествено-царската слобода: „Тварта со надеж го очекува откровението на синовите Божји, затоа што недоброволно се покорила на суетата...“ (Рим. 8, 19-20).

„ Стојте во слобдата, со која Христос не ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем “(Гал. 5, 1). Лесно е да се разбере, дека страста за владеење над братот – како брза последица го има губењето на својата независност, и притоа, што е страшн, отстапување од Богот на љубовта, лишување од благодатта на Светиот Дух. Во душата на поробувачот се создава провалија во небитијна пустина. Уподобувањето на Господарот над господарите го исклучува робовладетелството, во кое нема вечен живот, па дури ни временски. Доминацијата обични се постигнува со насилства и убиства. Кон таквите, како кон такви кои што не покажале милост, на последниот Суд ќе биде применет принципот: „Со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери’; и уште „Судот ќе биде  безмилосен спрема оној кој не покажува милост(Мт. 7, 2; Јак. 2, 13).

„ А каде што е Духот Господов, таму има слобода“(2 Кор. 3, 17). Слободата во својата апсолутна форма му е својствена само на Бога. На човекот пак му се дава благослов да ја познае како дел во молитвата, соединета со живот по заповедите. Молитвата – како бесценет дар од Небото – бара од нас „задоволност“. Заради средба со Живиот Христос не е тешко да се откажеме од насладите кои го влечат човекот, и беседата со Него да ја предпочитаме пред сѐ. Мене ми беше дадена оваа бесценета привилегија, - ќе кажам смело – блаженство, кое најголема сила достигнало во пустина. Аскетичното разбирање на пустината не се сврзува со географија, а со образот на живот: таквата оддалеченост од луѓето, кога никој не те гледа и не те слуша, - кога над тебе нема човечка власт и ти не владееш над никој. Таа слобода е неопходна за потполно задлабочување на духот, а  и за целиот наш состав, во Божествената сфера. Тогаш можеби ќе ни биде предадено Божественото бестрастие, кое стои над сите вредности на Земјата. Таквиот човек не мисли ни на владеење на братот; не бара чест или прославувања, а уште помалку материјални богатства. Не разбирам, зошто во пустината на мене слегол благословот да се живее во слобода „на децата Божји“ (Рим. 8, 21). Не велам, дека го примив овој дар до највисок степен, т.е, кога човекот навистина ја надминал власта над него од гревот и смртта. Но, на моменти јас сум бил на таа гранка, од каде што разбрав, дека полното ослободување доаѓа тогаш, кога смртта е преодолеана.
Тој што не се плаши од смртта, веќе стои на патот кон слободата. Човекот се задржува во ропство, ако во него доминира приврзаноста кон земното. „Ете ме Мене и децата Мои што ми ги даде Бог; А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот, па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство“ (Евр. 2, 13-15).

Јас, само делумно го вкусив восхитот на духовната слобода. Од тогаш, откако бев поставен за духовник, живеам надвор од неа, врзан со љубовата кон оние, кои Господ ми ги испраќаше. Љубовта често ме заробува мене, во однос на оние на кои им служам, на кои им сум потребен заради Бога. Сепак, некаде длабоко во душата останува трага од преживеаниот опит. Најпрвин, уште во далеку нејасна форма, овој опит ми беше даден во Франција, кога почувствував голема потреба да се оддалечам од светот. Му благодарев на Божјата Промисла за мене, гледајќи се слободен да го извршам овој чекор на оддалечување од светот, затоа што немаше никој во оваа вселена, чиј што живот би зависел од мене. Во мојата жед по Бога јас можев да одам на секој ризик; и ништо не штедев; слободно се предадов себеси на сите тешкотии. Тоа беше почетен опит на царската слобода на мојата душа. Христос во слободата на Својата љубов, се предаде на смрт, откривајќи ни го со тоа патот кон повисокото познание, кон Божествената бесмртност.

 

За Преминпортал:

Златко Дивјаковски

02.01.2013 год.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5858
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6663
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6468
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5653
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная