логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

ПОЗДРАВ ДО ПАСТИРИТЕ  НА ЦРКВАТА НА ДЕНОТ НА РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО
Митрополит Антониј Храповицки

 

 


Во годината има неколку денови  кога луѓето се спремни  да заборават  на своите овоземни грижи  и вперувајќи го  својот поглед во евангелските случувања  да   се сеќаваат на својот највозвишен призив за вечен живот, да се потсетуваат  дека на небото постои Бог, дека на земјата, меѓу нив,
  постои невидливо присутниот Христос, дека постои вистината, дека постои добродетелта. 

 

 

Во овие малубројни денови, каков што е и Божиќ, нам,  о пастири на Црквата,  нам ни се враќаат нашите овци расеани по карпите и  долините на светот!
 Тие тогаш не гледаат и го бараат Христа во нашите зборови,  молитви и дела . „Каде Хростос се раѓа?“ 
Од каде да земеме такви духовни дарови за да го исползуваме овој момент на блесок во нашата темнина и да го возвишиме религиозното расположение на деновите во кои Христос,  постепено проникнува во сиот живот на нашето општество и народ?
 
Но  пред било кој да стигне  да го изусти одговорот,  ќе се чуе од сите страни:
 „ Ве молам, за какво возвишување на религиозниот живот може да се зборува пред владата да ги подобри условите на нашиот секојдневен живот, да ни обезбеди издржување,  да не осигура од грубите упади на светските власти, пред да не ослободи од светската зависност итн.“
Што да се каже на овие аргументи? 
Да речеме дека се тие точни, да речеме дека надворешните услови на пастирството кај нас се неповолни,  но сепак, зошто да ги одбиваме средствата за исполнување  на нашата должност и заклетва, кои ни се достапни во секое време и во сите услови од нашиот секојдневен живот и државна положба?

 

 

Овие средства  се состојат во  просветување на нашите сопствени  срца со оние вистини на откровението кои што во некои денови од годината сепак, го возвишуваат духот на целиот народ,  над светот и неговата злоба.  Ако се загледаме во таква вистина, која  нам ни ја  откриле настаните  на Христовото Раѓање, ќе најдеме во нив  јасно укажување на основните и суштински правила на пастирскиот живот и дејности,  така што денот на раѓањето на Искупителот, Велик и Свет  за сите христијани, има посебно значење за  пастирската свест , зашто, Оној Кој се роди  e  Пастироначалник и Пастирот  добар, Кој што дојде во светот за да  го спаси пропаднатото, и да  ги просвети оние  кои седат во мрак и во сенка смртна.
 „Се откри нова тајна “ вели Свети Григориј Богословов, нова  тајна се откри:  Божјиот  човекољубив домострој  за паднатиот низ непослушанието.  
Заради ова е раѓањето и Дева,  заради ова  се јаслите и Витлеем“.  А какви вистини на пастирството  можеме да  зафатиме во оваа нова тајна , во јаслите и Витлеем?
 
Овде гледаме соединување на небесната слава и земната  ништожност,   ја гледаме пештерата но и Ангелите  што пеат  ги созерцуваме,   јаслите пред себе ги   гледаме, но над себе,  патеводното небесно светило.|

 

Rozdestvo.Hristovo.sr.jpg


 Зарем се` ова не говори  за тоа дека ниту служителот Божји  не би требало премногу да се скрушува  заради земните  недостоинства  , општествени и имотни? 
 Зарем не не`  утешува витлеемската  слика за скромните трудбеници, за селските пастири, кои никогаш не знаеле или засекогаш  го заборавиле и  мирот, и ситоста,
 и топлината, и надворешната независност?
 
 Дали проповедниците на Оној Кој што во јаслите  се роди ,  треба да тагуваат   заради тоа  што немаат  пристап до дворци и палати?
 Или, спротивно на тоа, ќе  дадат предност  на благодатните зборови,  кои   дворци отвараат  во  срцата човечки ,
 каде што   моќниците на   светот,|
  ниту со оружје , ниту со пари можат да продрат?

 

 


А зарем и онаа средина смирена  во која што доаѓаме со Божиќна радост, не е поблиска  на Причинителот на свеченоста, отколку на било која друга?  О, пастиру, не роптај заради тоа што мораш да скиташ со крстот  по ќумезите,  гледај, зарем многу од нив не потсетуваат  по својата градба на  бедната пештера во која што се роди Оној,  Кој што живее меѓу вишните?   Гледај ги своите сиромашни парохјани, зарем тоа не се оние истите Витлеемски пастири,  на   кои што Ангелот  први им  ја благовестил „радост велику, јакоже будет всјем људем“ (радоста голема, која на сите луѓе ќе биде“)?

 

Оди тогаш во  пештерите нивни, не со озлоеденост, туку со радост,  таму барај го Христос и доколку Го стекнеш,  нема себе си да се жалиш заради  својата земна нискост, туку ќе ги сожалиш оние што се сиромашни во Христа, иако се богати со светот, на кои што им е потешко да влезат во Царството Небесно, отколку камилата да   помине низ иглени уши.
Значи,   првата вистина за пастирството која нам ни се открива  во настаните на Христовото Раѓање, се содржи во тоа што на новиот блгодатен живот кој што Господ го донесе на земјата   и на кого сме сите призвани да насадуваме, не му е потребна никаква земна  сила, ниту надмоќ , туку напротив,
 уште послободно се развива далеку од нив: нашиот нов човек се обновува , според зборовите на апостолот, токму тогаш, кога стариот човек пропаѓа.

  Мислиме дека нема потреба да ја освестуваме оваа вистина со историски настани  или со животните појави оддамнина, зашто едни и други има толку многу, што секој може да ги пронајде.Дали многу ќе се скрушуваме  заради  нашата положба во самиот живот на државата? Дали во него возвишено место зафаќа
 („рождјејса Цар јудејски“)?

Прекрасен спој на  на државна зависност и на предвечниот Божји совет наоѓаме  во кажувањето за местото на Христовото раѓање.  Август Цесарот, раководејќи се со своите чисто светски причини издава  „заповед  вселената да се попише“. Што за надворешната точка на гледање пред тој извонреден  светски настан  на светската историја  значи појавата  на едно мало семејство на сиромашни Евреи од провинција,  да оди по многу милиони  поданици на Рим „да се запише во својот град“ Витлеем?
 Меѓутоа, тука се разрешила главната заповед и смислата на постоење на сите светови, се остварило Словото Божјо, кое што илјада години пред тоа е изречено преку пророкот и дошол Оној пред Кого што не само Рим, туку и целиот свет е поништожен од зрнце.
Проповедници Христови!
 Дали да се жалиме на тоа што нашата положба не е висока, туку е зависна и дека со тоа ја правдаме нашата пастирска неработа,  или да ликуваме заради тоа што преку нас на светот делува онаа Сила Божја, она Слово, со кое „небеса утведишасја“ (небесата се утврдија),  кое било во Бога, во Кого биле животот и светлината на луѓето, кое го просветува секој човек кој доаѓа на свет?
Дали, слично на папството, ќе се обидуваме да оствариме државни предимства и заради нив да го забораваме делото Божјо, или ќе побрзаме да се угледаме на апостолите, светителите и преподобните, од кои повеќето се сметале за припадници на најниската класа и ако се воздигнувала, тоа воглавно било за кратко време?

  Дали и во случај на подобрување на нашата светска положба, ќе се гордееме пред „сиромасите на овој свет“ или братски ќе слегуваме во условите на нивните животи, како и Господ, кој се симнал од небескиот престол и попримил облик на слуга за да им „помогне на оние кои се искушувани“ (в. Евр. 2, 18)? Значи, еве во што се состои втората поука на Оној, Кој се родил, на пастирите на Неговата Црква: нашата ваква или онаква општествена положба не може да има битно значење за јавувањето на божественото Слово на светот.

 

Но, на што трето уште не` учат мудреците „звјездам служашчији и звјездоју научившесја кланјатисја Солнцу у правди“ („кои на ѕвездите им служеле и кои што ѕвездата ги научила да се клањаат на Сонцето на вистината“)? 
Оддалечени од вистините за откровението на правдата, тие ја барале во својата волшебна мудрост. И денес и меѓу нас постојат многу луѓе, далеку не само од желбите, туку често и од можноста да учат од Откровението.

 

 

  Вакви не се само секташите од простиот народ, туку и многу претставници на образованото општество, особено меѓу младината која учи и студира. Зарем таму не ја бараат вистината и доброто, зарем не го бараат Христа, не знаејќи ништо за Неговото постојано пребивање во Црквата? 
Зарем не се надеваат дека ќе Го најдат по разните комети на измислени теории за општествениот и личен морал?

 

За оние древни мудреци со кои не раководеле страстите, туку единствената желба за вистина и правда, Христос нашол ваква ѕвезда, која ги довела до местото на Неговото доаѓање во светот: зарем нема да најдеме ваква ѕвезда и  за оние кои  скитаат во темнината  на современите трагачи  на вистината?|

  Ако мртвите небесни тела преку Словото Божјо биле упатени на објавувањето на неговото Раѓање, го прави  ли ова обврзан служителот на Словото    во магловитите верувања и во  заскитаните пагански теории на денешните безбожници  да бара  вакви идеи и својства,  кои што во својата вистинска светлина  и доследен развој би довеле  до Премудроста Божја , или барем искрените души би ги заблескале  со умната светлина?
 
Зарем се` нехристијанско би требало да негираме и презираме, или да го  презираме во него само намерното зло и страстите,  а се` најдобро  во него  да го проучуваме  и да  да го вознесуваме кон Христа , зашто не може нито да биде добро на земјата  што со Него не би имало макар и несвесна врска; вакво е третото шравило кое што нам ни го открива Христовото  Раѓање.

Тоа не е последно , но, да се задржиме и на овие малубројни правила за да имаат можност луѓето подлабоко да продрат  во нив, да ги проверат низ содржината на целата Света Библија, отечките дела и богослужбените книги и потоа да размислат за тоа , дека  пастирите не се воопшто така сиромашни и немоќни,    дека не се така ограничени во поимите  и стеснети  во дејностите како што често ги замислуваме.
 
Оној, кој што живее за светот и делува со надворешни средства, во потполност и зависи од нив:  сето тоа го бараат незнабошците (Мт. 6, 32) – а кој што е роден и кој раѓа преку духот,  поседува други богатства и ако само срцето негово биде таму  , каде што  е богатството негово, нема ниту да се сети на световните лишувања.Секако, ова не е ново Слово, само е нејзина животна вистина, недостапна на човекот во деновите  на свтовниот живот.
  Но, можеби ќе ја прифатиме денес, на денот кога просветлени со духовната радост ние – сите пастири – можеме да и  кажеме на својата паства со апостолот:    „Животот се јави, и видовме, и сведочиме  и ве известуваме за вечниот живот,
 кој беше во Отецот и нам ни се јави -  она што го видовме и го чувме, за тоа ве известуваме,  та и вие да имате општење со нас ;  а  нашето општење е со Отецот и  Неговиот Син, Исус Христос“. 
(1 Јн.  1, 2-3).

Превод : Мирјана  Даниловска
Извор:   http://www.prijateljboziji.com/shared/media/articles/169/pdf-serb.pdf

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5860
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6665
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6470
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5656
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (строг пост )

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная