логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Тропар на преподобниот
и Богоносен отец
Никодим Светогорец
1 јули / 14 јули

Ревносно служејќи на Словото Божјо
ја надмина секоја овоземна наука,
искуствено хранејќи се од благодатта Христова.
Живот преподобен имајќи на Гората света,
уста медоточива од Господа доби,
и стана светилник кој нам духовниот живот
во писание ни го остави.
Богоносен Никодиме, подвиг на подвиг додаде,
а пред Христа за ништо не се сметаше,
затоа Он Царство Небесно ти подари
од каде ти сега за наше спасение моли се.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Свети Никодим Светогорец

Овој новојавен богоносен отец на Христовата Црква се родил во 1749 г. на островот Наксос во Егејското Море, поточно во местото Хора. Тоа било време на турското ропство и страдањата на православните христијани од муслиманите и од злобната унијатска пропаганда на римокатолиците. Неговите родители биле чесни и побожни, татко му се викал Антониј, а мајка му Анастасија, подоцна монахиња Агата. На крштението тој го добил името Никола. Надарен со многу духовни дарови, малиот Никола се одликувал со трудољубие и мудрољубие. Бил бистар и остроумен. Уште од мали нозе имал толкава жед за знаење, па затоа одел под прозорот на училиштето и ги слушал предавањата на учителот. Свештеникот, откако го забележал тоа, го повикал и почнал да го поучува и да ја осветува неговата душа со миомирисот на темјанот и светите богослужби. Никола не го закопал овој талант, туку продолжил да го умножува во училиштето во Наксос со кое раководел архимандритот Хрисант Етолски, брат на рамоапостолниот свештеномаченик Козма. Така Бог нашол начин преку Хрисант да поврзе еден светител кој го завршил својот подвиг и труд, запечатувајќи ја крвта со својата верност во Христос, со друг кој се појавил како ѕвезда на мрачниот хоризонт на она време, за на тој начин да не се прекине ланецот на светиите. Кога го завршил училиштето, епископот на островот го пратил 16-годишниот Никола во Смирна за да продолжи со учење во тамошното Евангелистичко училиште, бидејќи во тоа тешко време немало православни училишта и уште помалку од Бога просветлени учители. Токму поради тоа не му било воопшто лесно да дојде до здравата наука во време кога биле заборавени чудесните дела на светите Отци поради латинската и протестантска ерес во време на муслиманското владеење. Но, собирајќи го знаењето како пчела, станал богомудар извор и пофалба за своите чители. Откако ги изучил древните мудрости, се зафатил со изучување на латинскиот, францускиот и италијанскиот јазик. Тоа му помогнало да стане прекрасен толкувач и преведувач на делата на светите Отци и нивните поуки.
Во 1770 г., поради гонењето на христијаните во Смирна, Никола се вратил на својот остров каде Паронакискиот Епископ Антим Вардас го избрал за свој секретар. Иако Старецот Јеротеј од Смирна го барал за учител, Бог поинаку промислил за ова добродетелно момче, водејќи го по тајните патеки на Света Гора, за на нејзиниот пустински универзитет, како и многу пред и после него од разни народи, да стане прво ученик, а потоа учител на вистинската мудрост, православната философија на Светиот Дух. Требало световното знаење да биде прочистено низ огнот на пустинскиот живот, а тоа е можно единствено преку пост, молитва и подвиг, односно практичната философија (опитот) без која окото на душата и умот некогаш нема да станат светли и чисти, за да можат да Го видат Бог.
Уште додека бил кај Епископот Антим тој се запознал со светогорците Георгиј, Нифоном и Арсениј, кои биле Коливари. Добродетелниот живот на овие Старци и богоугодните разговори со нив родиле во него жед за монашко предавање на Бога. Благодарение на нив се сретнал со Коринтскиот Митрополит Макариј со кој заемно си помагале до крајот на овоземниот живот. Го запознал и познатиот Старец Силвестер Кесариски кој молитвено тухувал и се подвизувал во неговата колипка. Со негов благослов се одрекол од светот и отпатувал на Света Гора (1775 г.), во манастирот Дионисијат, каде бил потстрижен со име Никодим. Таму две години, покрај молитвеното правило, ги изучувал и светоотечките книги. На многу од ракописите од богатата манастирска библиотека и денес стои записот: „Ја прочита Никодим од Наксос“.
Во 1777 г. на Света Гора дошол св. Макариј Коринтски, кој откако ги посетил манастирите се населил во ќелијата Свети Анатониј, и го повикал Никодим за да му даде благослов за осаменички живот и издавање на светоотечки книги. Благодарение на нивниот заеднички труд повторно блеснале од многумина заборавените бесценети светоотечки списи, потребни за оние кои жеднеат за Божјата Светлина и богопознанието.

После неколку дена св. Макариј му го предал на монахот Никодим ракописот „Добротољубие“, замолувајќи го да ги поправи грешките, да напише предговор и краток живопис за светите Отци чии текстови биле дел од таа книга. Потоа му ја дал и книгата „За честото причестување“, за да ја дополни со сведоштва на древните Отци и Светото Предание и да ја подготви за издавање. Од тогаш, па до неговиот блажен крај св. Никодим живеел во труд и подвиг, пост и молитва, во изучување и пишување богомудри книги, химни и толкувања на отечките списи и Светото Писмо.


Во тоа време се прочул и уште еден свет маж познат по своите подвизи и трудољубивоста. Стануав збор за преп. Паисиј Величковски. Бидејќи и тој ги проучувал и собирал светите книги, а бил и љубител на умната молитва, св. Никодим сакал да му се придружи кога чул дека тој заминува за Молдавија, но ветрот го променил правецот на бродот на кој тој се наоѓал и св. Никодим повторно се вратил на Света Гора.
После неупешниот пат, желен за молитвено тихување се населил во колибата Скуртеја, а потоа во ќелијата Свети Атанасиј. По некое време на Света Гора се населил Арсениј Пелопонески, кому св. Никодим му станал послушник. Тука, покрај него живеел 3 години, па зедно се отселиле на островот Скиропула, за после извесно време преподобниот да остане сам.
Во 1783 г. повторно се вратил на Света Гора за уште поголем подвиг и од Старецот Дамаскин го примил големиот ангелски образ. Се населил во ќелијата Теонина, а околу него се собрале монаси кои се просветлувале од неговите духовни совети.


Следната година повторно го посетил богомудриот Макариј Коринтски, и пак се предал на пишување и преведување, овојпат за обичниот (прост) народ, за и нему да му бидат откриени законите на духовната борба, патот на покајанието и напредокот на патот кон совршенството. Тој живеел во време на неук, но и многу страдален народ. Под притисок на муслиманите многумина ја менувале својата вера, но мнозина од нив и пострадале мачинички за Христос, исто како во древните времиња. Многу од тие маченици пред своите страдања доаѓале на Света Гора за да се подготват за тој подвиг. Св. Никодим бил еден од оние кои ги охрабрувале, бидејќи животот на преподобниот минувал низ распнување на крстот на двојата љубов: кон Христос и кон своите браќа. Сето тоа не било по волја на злите духови и затоа тие се обидувале да го одвратат од неговиот труд и подвиг, и иако слушал демонска врева околку својата ќелија, па и рушење ѕидови и удирање на вратата, тоа за него биле „детски заплашувања“.


Доживеал и клевета и осудување од своите собраќа подвижници кога заедно со ревнителите за древниот црковен устав: преп. Атанасиј Парски, Неофит Кавсокавилитски и св. Макариј Коринтски, во Цариград (1774 г.) биле обвинети за криво учење. Треба да се истакне дека тие се застапувале за често причестување, но не без подготовка: подвиг, пост и молитва, исповед, сметајќи дека на тој начин, преку Светите Тајни се зголемува Божјата благодат и се здобиваат добродетелите. Со овој став тие барале од себе и од сите христијани деноноќно каење и постојана подготвеност за причест. На Светогорскиот собор во 1807 г., според Старците учесници, сето ова било оправдано: „го признаваме неговото благочестие и православност, и дека е хранител на догмите на Христовата Црква, како што докажуваат неговите свети и општополезни книги...“
Последните години од својот овоземен живот овој смирен и мудар подвижник ги поминал на разни места на Света Гора: после одреден престој во Големата Лавра и двомесечниот престој во ќелијата Скутеја, заедничкиот живот со Старецот Силвестер Кесариски во Пантократовата ќелија Свети Василиј и краткиот престој во манастирот Пантократор, на крајот тој се населил во една мирна пештера спроти Свети Василиј. Тука живеел како туѓинец на земјата, во најстрог пост, со само една стара мантија (некогаш две), и опинци наместо чевли. Преподобниот самиот се нарекувал „мртвороденче“, „мртво куче“, „неразумен“ и „прост“, а се потпишувал со „немонах-монах“.


На 23 април 1809 г. забележал дека здравјето му се нарушува: слухот му ослабнал, забите му попаѓале од постот и почнал тешко да се движи. Постот и подвизите го согореле надворешниот човек, но младоста на внатрешниот постојано се обновувала. На 5 јули, претчувствувајќи дека му се приближува крајот, се исповедал, замолил да го миропомазаат и секојдневно да се причестува со Светите Христови Тајни. Непрестајно благодарејќи им на браќата за нивната љубов кон него ги замолил да му ги донесат моштите на неговите соподвижници: блажениот Макариј Коринтски и Партениј Скутерскиот Старец.

Ноќта 13 кон 14 јули, со очите вперени кон иконата на Божјата Мајка изговорил: „Умирам, умирам... причестете ме“. И така, причестен, на 14 јули 1809 г. ја предал својата преподобна душа на Бог во 60-та година од својот живот. Телото му било погребано покрај храмот Св. Георгиј. А кога според светогорката традиција неговите мошти биле извадени од земјата, неговите браќа, според неговата желба, на светиот череп напишале: „го очекувам воскресението на мртвите“. Черепот и денес се чува во храмот при колибата над Кареја, исцелувајќи ги сите оние кои со вера го целиваат, и кои се раководат според зборовите од него излезени и запишани во делата на светителот.
По молитвите на преподобниот Никодим, Господи Исусе Христе, помилуј нѐ и просветли нѐ. Амин!

 

 Извор

 Друго:

Из духовното наследство на св. Никодим Светогорец:

    За призванието на християните
    Тайнството Евхаристия в делото на нашето спасение
    Как да побеждаваме нехайството
    За насладите
    За магиите
    За пазенето на чувствата. О хранении чувств
    Да не осъждаме строго ближните - как да преодолеем тази склонност
    Невидимая брань

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1328
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1873
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1241
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА  за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »