логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светите
Христови бессребреници
Козма и Дамјан
1 јули / 14 јули

Христос нашиот Бог и Господ,
повика срце да принесеме,
о свети бессребреници Козмо и Дамјане,
за да Спасителот него го очисти од страстите.
Наука божествена на дар добивте –
телото боледува кога ќе заболи душата,
затоа лекари бесплатни, по вашите молитви,
да се спасат оние кои во Христа ќе поверуваат
и искрено покајание принесат.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Константин Аламан
и другите со него               
1 јули / 14 јули

На правиот пат тргна свети Константине,
 твоето поклонение и на тие со тебе
маченички заврши во Небесното Царство,
каде ангелите го воспеваат вашето
за Христа Бога исповедништво.
Спомнете си за нас вие кои Патот го следевте
и на свадбата на Агнецот пристигнавте.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Лав пустиник               
1 јули / 14 јули

Поддржувајќи го Адам во слободата пред Бога,
го потчини духот свој во служба Христова,
псалмопеејќи како птица која целата надеж
на Него ја полага, затоа радувај се сега
во небесната градина и за нас моли се пред Господа.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот
и Богоносен отец
Никодим Светогорец
1 јули / 14 јули

Ревносно служејќи на Словото Божјо
ја надмина секоја овоземна наука,
искуствено хранејќи се од благодатта Христова.
Живот преподобен имајќи на Гората света,
уста медоточива од Господа доби,
и стана светилник кој нам духовниот живот
во писание ни го остави.
Богоносен Никодиме, подвиг на подвиг додаде,
а пред Христа за ништо не се сметаше,
затоа Он Царство Небесно ти подари
од каде ти сега за наше спасение моли се.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
дваесет и пет Никомидиски
Христови маченици               
1 јули / 14 јули

Верата ваша свети маченици,
како огнен столб од земјата на небесата беше воздигнат,
и Христос Спасителот устрои низ оган да бидете искалени.
Подобри венци примајќи,
и душите свои спасувајќи ги,
молете се за нас и ние од Него да бидеме примени.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на преподобниот отец
Петар Патрициј
1 јули / 14 јули

Чистотата на верата во тебе оче преподобен Петре,
те удостои на застапништво од Јован Богословот,
а водител доби во ликот на Јоаникиј Великиот,
кој во живот врлински те воведе,
каде Христов подвижник постана,
кој и денес се моли за оние кои кон него
припаѓаат и Бога Го прославуваат.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Потит
1 јули / 14 јули

Кој може убавината на венецот твој да ја искаже,
Потитие свети Христов мачениче:
искален од благодатта Господова,
накитен со ревноста за верата,
исплетен во огнот на трпението.
Радувај се Божји младенецу и за нас моли се
зашто преку тебе Христос светот го прослави
и верата во мноштво народ заблеска.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Православен календар за 14/07/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

sv.Kozma.iDamjan1.jpgСветите маченици Козма и Дамјан

Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа оковани во синџири. По долго испрашување царот им нареди да се одречат од Христа, а да им принесат жртви на идолите. Но Козма и Дамјан не само што не го послушаа царот туку уште и му посоветуваа и самиот да отстапи од мртвите идоли и да Го признае единствениот вистински Бог. „Нашиот Бог не е создаден, туку е Создател на сѐ, а вашите богови се човечки измислици и дела од рацете на уметниците. И да ги немаше уметниците да ви ги направат тие богови, вие не би имале пред што да се поклонувате.“ После чудото извршено над самиот цар - бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака - царот и самиот ја изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа од народот прославувани на сите страни. Им позавиде на славата еден лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за да живеат вечно во слава и радост.

 

 

 

Преподобниот патрициј Петар

Овој светител беше цариградски благородник и војвода во времето на царот Никифор. Во една од војните со Бугарите царот Никифор беше убиен, а Петар со педесетмина грчки војводи и кнезови беше заробен и фрлен во затвор. Од затворот чудесно го ослободи Свети Јован Богослов. Тогаш тој ја презре целата светска слава, си ги остави жената и синот и се оддалечи на гората Олимп, каде што како монах и ученик на Свети Јоаникиј Велики се подвизуваше триесет и четири години. После смртта на жена му и на син му, се насели во Цариград, каде што во пост и во молитва помина уште осум години и се упокои во Господа во 865 година, во седумдесет и седмата година од неговиот живот.

Светиот маченик Потит

Тринаесетгодишно момче родум од Сардинија. Претрпе многу маки за Христа и од татко му и од гонителите на христијанството. Убиен е со меч во времето на царот Антонин (138 г. – 161 г.). Претходно ја исцели и ја крсти царевата ќерка Агнија.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 237
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 690
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »