логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Љубовта е над сите канони и устави


Житие на светиот архимандрит Гавриил Угребадзе



Новопрославениот светител Гавриил Ургебадзе

Новопрославениот светител Гавриил Ургебадзе

Мцхета – древна престолнина на Грузија и нејзин духовен центар. Во древните грузиски изворници овој град го нарекувале „втор Ерусалим“. На местото каде што проповедала светата рамноапостолна Нина, просветителката на Грузија, многу векови се наоѓа прекрасната црква Самтавро. Денес таму постои мал женски ставропигијален манастир посветен на света Нина.

Манастирот Самтавро чува многу светињи, меѓу кои е и една современа. Тоа е гробот на архимандритот Гавриил Ургебадзе (1929-1995). На 20 декември 2012 година Синодот на Грузиската Црква го приброи архимандритот Гавриил Ургебадзе во хорот на светителите.

Неговите поуки, дарот на прозорливост и исцеленија од болести уште додека бил жив ги привлекувале христијаните и ги просветувале неверните. Денес околу неговиот гроб, над кој гори неизгасливо кандило, простојано доаѓаат луѓе, кои ја молат неговата молитвена помош.

Јуродив уште од детството

Уште во детството Васико Ургебадзе поверувал во Христа и го проповедал Евангелието. Тогаш тој почнал да јуродствува – како дете тој често седел во ѓубриштето и велел: „Ти си ѓубре, да немаш за себе високо мислење“. Додека служел во армијата тој продолжил да пости и да оди во храмот (тој служел во Батуми, каде што имало црква на свети Никола). По отслужувањето на воениот рок го прогласиле за психички болен, нешто што во понатамошниот живот му го спасило животот.

Со свои раце Васико изградил храм во дворот на својот дом во Тбилиси. Неколку пати власта го рушела, но секој пат тој одново го градел.

„Да се стрела без суд и траги“

Монашки потстриг примил во 1955 година, а во 1965 на првомајските демонстрации направил постапка без преседан – јавно го запалил портретот на Ленин.

На ужаснатиот народ му објаснил: „Јас тоа го сторив затоа што не треба да се обоготворува човекот. Таму, на местото на портретот на Ленин, треба да виси распетието Христово. Зошто пишувате: „Слава на Ленин“? Па таква слава не му треба на човек, треба да напишете: „Слава на Господа Исуса Христа, Кој ја победи смртта и ни подари вечен живот“.

Толпата го претепала монахот Гавриил. Полужив го однеле во изолатор на КГБ. Во Москва дознале за неговиот престап и побарале стрелање на бунтовникот без суд и траги. Го присилувале да признае дека тој го извршил престапот по задача од Црквата, но монахот бил цврст, и го нарекол Ленин „ѕвер“ и „претходник на сатаната“.

Конечно, го замениле обвинението (веројатно, затоа што за делото на отецот гавриил многу се пишувало во странските медиуми). На монахот Гавриил му била поставена дијагноза: „Психопатска личност, со предиспозиции кон психозни шизофреноидни состојби“. Психијатрите објавиле дека тој се наоѓа постојано во халуцинации.

По ова отецот Гавриил почнал јавно да јуродствува: глумел дека е пијан, проповедал на улица…

„Овде ќе има служби на Бога“

Во 1971 година бил поставен за настојател на Самтавро, но речиси 20 години тој скитал и служел во разрушените или зафрлени храмови во времето на комунистичкиот режим.

„„Ние ќе дочекаме овие храмови и манастири да бидат обновени, и овде повторно ќе има служба Божја“ – велел тој.

Во последните години од животот тој живеел во кулата на манастирот Самтавро и тешко боледувал од водена болест. Се упокоил на 2 ноември 1995 година.

Велат, дека чедата на отецот Гавриил толку многу го љубеле, што не можеле да се натераат себеси да го затрупаат гробот. Грутки земја корнеле околу гробот, и пред очите на оние кои го закопувале земјата како да го прегрнува сандакот, затворајќи се над него.

гавриил ургебадзе икона

Поуки од старецот Гавриил

Љубовта е над сите канони и устави. Ако мразиш дури и само еден човек – ти си одвратен пред Бога. Треба да ги сакаме сите. Но ако не можеш, барем на сите посакувај им добро. Во последните времиња луѓето ќе се спасуваат со љубовта, смирението и добрината. Добрината ја отвора вратата на Рајот, смирението воведува внатре, а љубовта Го покажува Бога.

Во последните времиња приврзаниците на антихристот ќе одат во црква, ќе се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди. Но не им верувајте на оние, кои немаат добри дела. Само по делата може да се препознае вистинскиот христијанин.

Ти не осудувај, судија е самиот Бог. Оној кој осудува, како празен клас од пченица, кој секогаш има крената глава и кој затоа секогаш гледа на другите одозгора надоле. Ако видиш убиец, или блудница, или пијаница, кој се валка на земјаа, не осудувај никого, затоа што Бог им ги допуштил нивните поводи, а твојот го чува в раце. Ако и твојот го допушти, ти ќе бидеш во полоша положба: може да паднеш во тој грев, за којшто го осудуваш другиот и да загинеш.

На почетокот лечи Бог, а потоа лекарот, но оној кој не му благодари на лекарот, не Му благодари ни на Бога. Оној кој се труди заслужува награда. Умот и рацете налекарот творат богоугодни дела.

За Бог не е важно кој си ти: монах или мирјанин. Главно е – стремежот кон Бога. Но ќе успее ли некој да достигне совршенство? Сепак со стремеж човекот и се спасува. Од оној кој монахува ќе се бара монашкото, а од мирјанинот – световното.

Мразете го злото. Човекот, пак, кој твори зло, љубете гои жалете го. Може да се случи, оној кој денес твори зло, утре со молитви, солзи, пост и покајание да се очисти и да стане подобен на ангел – сè е во волјата Божја. Има многу такви случаи…

Превод од руски јазик:
Свештеник Јани Мулев

Изворник:
Архимандрит Габриэл (Ургебадзе):
Любовь выше всех канонов и уставов

http://www.pravmir.ru/arximandrit-gabriel-urgebadze-lyubov-vyshe-vsex-kanonov-i-ustavov/

Православна светлина бр. 27

 

Друго:

Кај гробот на старец Гаврил во манастирот Самтавро

Поминаа неколку месеци и нашиот дом го погоди несреќа. Мојот татко доби псоријаза. Ги поминавме сите болници, но гледајќи го тешкиот и комплициран стадиум на болеста ниту една болница не нè прими. За некое време, благодарение на помошта на едни наши роднини, мојот татко го примија во болницата за кожни и венерични болести во Тбилиси. Лекувањето идеше бавно. Лекарите кажаа дека ќе треба да поминат најмалку четири месеци до целосно излекување. Еднаш во текот на ноќта мојот татко имаше срцев удар и едвај го вратија во живот. Тогаш се сетив на старецот и гробот на кој се случуваат многу чудесни ицелувања. Потрчав дома и го земав маслото од кандилото на гробот на старец Гаврил и дојдов во болницата. Лекарите никого не пуштаа навечер во собата, но кога им објаснив за што се работи, ме пуштија тајно да влезам. Се приближив на татко ми, тој спиеше. Со малиот прст го помазав три пати крстообразно со маслото, ја прочитав „Оче наш“ и со целото срце го замолив старецот за излекување на мојот татко. Потоа, немо излегов.

Утрото дојдов со мајка ми во болницата. Наближувајќи до собата на мојот татко, со ужас затрчавме кон крикот на медицинската сестра: „Не е можно!“ Помисливме, еве – ова е крајот! Мајка ми се онесвести. Мене ме фати треперење од кое не можев да се смирам. Влегов во собата и го видов својот татко како седи на креветот. Бев шокиран. Немаше никаков осип на телото и на лицето, кожата му беше како на бебе. Набргу во собата влезе и главниот лекар, истиот оној кој ми дозволи да го посетам татко ми. Никогаш нема да го заборавам неговиот израз на лицето, оној момент кога ја виде совршено чистата кожа на својот пациент! Лекарот почна да плаче и да се прекрстува зборувајќи: „Слава на Бога... Слава на тој старец...“ Во тој момент татко ми нè прекина и праша за каков старец говориме. Не ни почнав да зборувам за старец Гаврил, кога мојот татко самиот почна да ни раскажува за тоа што го видел во сонот, некаков свештеник со бела брада кој влегол во собата и му рекол: „Е мој брате... Ти никогаш не си се причестил, ниту исповедал, но имаш верен син и верна жена, кои ме повикаа. Не можам да гледам како тие плачат. Ајде, јас сега тебе ќе те излекувам, а ти почни да живееш со црковен живот. Оди често во црква, исповедај се, и причестувај се. Така ќе се дружиме. Во спротивен случај нема да бидам твој другар. Разбираш?“ Тој намигнал на татко ми, го осенил со крсниот знак и излегол.

Плачев, и сите во собата плачеа! И покрај тоа што мојот татко никогаш не го видел старецот за време на животот, описот кој го даде за „свештеникот“ во потполност одговараше на ликот на старец Гаврил.

Слава Ти Боже! Слава на тебе, баќушка Гавриле!



Иракли Гоголадзе

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5769
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6585
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6368
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5564
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная