логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ПРАЗНИК НА ИКОНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА „РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ’’ (06.11)

Иконата „Радост на сите нажалени’’ се чествува на 06. 11 по повод чудесното исцеление на Ефимија, сестра на патријархот Јоаким, коешто се случи во 1668 година во Москва. Ефимија имаше тешка рана на колкот, па бидејќи лекарите не можеа да ја излечат, таа падна да се моли со плач на Пресвета Богородица. И слушна глас: „Ефимија, оди во храмот на Преображението на Мојот Син; таму е иконата „Радост на сите нажалени“. Свештеникот нека се помоли пред таа икона и ќе оздравиш.“ Ефимија направи така и веднаш стана наполно здрава.


ТРОПАРИ НА БОЖЈАТА МАЈКА ПРЕД ИКОНАТА „РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ’’


глас 4

Кон Богордица сега внимателно притекнуваме,/ грешни и смирени приоѓаме,/ во покајание повикуваме од длабочината на душата:/ Владичице, помогни ни милостиво,/ загинуваме од мноштвото гревови,/ не одвраќај ги Твоите слуги,// На Тебе единствена надеж имаме.

глас 4
Нема да замолчиме никогаш, Богородице,/ за силата Твоја ние недостојни да говориме:/ ако Ти не би застанала молејќи се,/ кој нас би не избавил од толкави страдања,/ кој би не сочувал до сега слободни?/ Нема да отстапиме, Владичице од Тебе,// Твоите слуги ги спасуваш секогаш од сите зла.


КОНДАК НА БОЖЈАТА МАЈКА ПРЕД ИКОНАТА „РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ’’

глас 6


Немаме друга помош,/ немаме друга надеж,/ само Тебе, Владичице,/ Ти помогни ни:/ на Тебе се надеваме/ и со Тебе се фаиме,/ Твои сме слуги,// да не се посрамиме.


СТИХИРА ПЕЕНА НАМЕСТО ТРОПАР


глас 2
На сите нажалени Радост,/ и Посредничка на навредените,/ и на гладните Снабдителка,/ на зачудените утеха,/ на оние во бура пристаниште,/ на болните посета,/ на слабите покров и Посредничка,/ потпирач на старите,/ о, Пречиста, Ти Мајко на Вишниот Бог:// побрзај, Те молиме, спаси ги слугите Твои.


МОЛИТВА ПРЕД ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА ,,РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ":

 

O ,Пресвета Владичице Богородице, Преблагословена Мајко на Христа Бога,Спасителот наш, на сите жалосни Радост, Посетителко на болните, Покровителко и Заштитнице на немоќните, Покровителко на вдовиците и сираците, надежна Утешителко на мајките во неволја, сило на немоќните младенчиња и секогаш спремна Помошничке и сигурно прибежиште на сите беспомошни! На Тебе, о Семилостива, од Севишниот Ти е дадена благодат сите да ги штитиш и да ги избавуваш од неволји и болести, бидејќи и Самата си претрпела голема неволја и болка, гледајќи го доброволното страдање на Својот сакан Син и гледајќи Го распнат на Крстот, кога Твоето срце беше како прободено со меч, како што Симеон прорече. Затоа, о, чедољубива Мајко, слушни го гласот на молењето наше, утеши не’ нас кои сме во неволји, како надежна Посредница со радоста: стоејќи пред Престолот на Пресветата Троица, од десната страна на Својот Син, Христос нашиот Бог, можеш,ако сакаш, да измолиш се’ она што ни е за наша корист.

Поради тоа, со искрена вера и љубов во душата, припаѓам пред Тебе Царице и Владичице и се осудувам како псалмопевецот да Ти воскликнувам: слушни ја ќерката и види и приклони го увото Твое, услишај го нашето молење и избави не’ од неволјите и бедите кои не’ напаѓаат, бидејќи , Ти ги исполнуваш молитвите на сите верни, зашто си Радост за натажените и на нивните души мир и им даваш утеха. Еве ја гледаш нашата беда и неволја:покажи ни ја Својата милост, испрати утеха на нашите срца,ранети со тага, покажи ни го на нас грешните чудесното богатство на Своето милосрдие, дај ни солзи на покајание заради очистување на гревовите и стивнување на гневот Божји, па со чисто срце, добра совест и со надеж без сомнеж, да прибегнеме кон Твоето застапништво и заштита.

Прими го, Семилостива наша Владичице Богородице, нашето усрдно молење кое Ти го принесуваме и не’ не отфрлај нас недостојните од Своето милосрдие, туку дај ни избавување од неволји и болести, заштити не’ од секаков напад на непријателот и човечка клевета, биди ни помошничка во сите денови на нашиот живот, секогаш да останеме здрави под Твојот мајчински покров и чувани со Твојата заштита и молитвите на Твојот Син,Спасиелот и Бог наш, на Кого Му прилега секоја слава, чест и поклонение, со Неговиот Беспочетен Отец и Сесветиот Благиот и Животворен Дух, сега , секогаш и во сите векови. Амин!

 

 Извор:

https://days.pravoslavie.ru/name/2824.html

 

 

Подготви: Снежана Корнет

6-ти ноември 2018 лето Господово

 

Друго:

 

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…
Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 290
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 281
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 308
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…