логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

За малку повеќе (до)вер(б)а во меѓусебните односи

Забележувам: Рационализмот и емпиризмот имаат направено голема штета во меѓучовечките односи (на пример, во Македонија). Да не беа некои од столбовите на науката верни луѓе -како Блез Паскал, Исак Њутн, дури и таткото на „релативизмот“ (барем на еден особен филозофски начин) Алберт Ајнштајн - таа штета можеби ќе беше вистинска пустош

o.Igor.redakcija.jpgДали паролата „проверено“ ви звучи слично како и паролата „испитано“? Или едната ве привлекува, а другата ве одбива? Или дали паролите ви предизвикуваат позитивна или негативна реакција? Или можеби едвај да ви предизвикуваат реакција? За мене, лично, и двете имаат слична вредност. И двете, во основа, ми влеваат некоја доверба.Инаку, овие две пароли имаат различен јазички корен. Првата - проверено во својот корен го има зборот верен, т.е. вера. Како таква, оваа парола/овој збор повеќе оди во областа на т.н. „општествени науки“, има социјален контекст. Карактеристичен е, на пример, повеќе во правото, економијата и слично. (Забележете ги и другиве слични зборови - веродостоен, довереник, уверува, изневерува...). Втората парола - испитано, во коренот го има старословенскиот глагол питати, кој значи да храниш, односно питан - хранет, нахранет или послободно преведено - некој што нешто пробал/искусил, па затоа има некое знаење за нештото врз основа на сопственото искуство. Вторава парола/збор има повеќе врска со емпириските науки.

Намерата ми беше да покажам со едноставен пример дека во општата/општествена свест голема доверба уживаат и оние знаења што се плод на непосредното (искуственото) сознание и оние знаења што се плод на посредното (преку сведочењето на некој друг, на пример) сознание. Намерата ми беше да потсетам дека корпусот на знаења/сознанија воопшто е толку голем и опширен, што најголем дел од нив не може ни да се замисли да бидат плод на непосредното искуствено сознание. А животот, во кој се одвива приказната со знаењата/сознанијата, е уште и неспоредливо побогат и бедно е да се редуцира само на знаење/сознание.

Сознанијата до кои е дојдено преку искуствената (емпириска) наука и рационалните систематизации со право уживаат голем углед, особено поради нивната примена во секојдневниот практичен живот на луѓето и на техничкиот и технолошки развој. Но, рациото има и една голема мана - клони кон тоталитаризам. Клони кон тоа се' да опфати, се' да објасни, се' да систематизира, а тоа што не му е податно да го опфати, тоа што му го нарушува системот, клони да го по(у)ништи или, во најдобар случај, да го маргинализира. А само по себе е јасно дека разумот/рациото е многу, многу ограничен. Во современата свест на македонското општество манијата по разумот (имено, не толку користењето на разумот) има голема улога. Но особено голема улога има и онаа карактеристична маана. Македонецот во голема мерка ја има потиснато свеста за улогата на верата и верувањето во неговиот секојдневен живот. Заборавил често дека, на пример, не може да изгради никаков подлабок личен однос со некого без довербата, пропушта да забележи дека секој економски однос фактички се базира на доверба или дека, на пример, изразот „верен на оригиналот“, или „веродостоен“, чести во практицирањето на правото, во својот корен ја имаат верата.

Можеби, како интелектуалец, би ми било интересно да отворам расправа (всушност, одамна веќе отворена) околу местото на верата во образованието, односот вера - наука, итн. Но, како пастир, расправите околу тоа многу не ме интересираат. Тоа што би сакал, како пастир, да го предизвика ова кратко размислување би било - луѓето да препознаат одново дека една од основните способности на човекот е способноста да верува, и преку верата да осознава. Да ја вклучат верата и довербата особено во меѓусебните односи, каде што сега предоминантни се сомнежот и неверувањето - сомнежот во искрените намери на секого, неверувањето во доброто во луѓето, атеизмот во однос на способноста за добро мислење и постапување од страна на човечката природа воопшто.Светиот апостол Павле во првиот век по Христа пишуваше дека преку верата познаваме. По неколку векови истово го преформулира блажениот Августин Хипонски како верувај за да разбереш - и оваа негова парола изврши огромно влијание во развојот на западните општества. Таа толку имаше фатено корен во западната христијанска култура, што просветителството и рационализмот, како спротивни тенденции, сметаа дека мора да одговорат на неа со сомневај се за да разбереш. Да, и сомнежот има свое место во разбирањето. Но, како и рациото, е податен на маната, поточно - соблазната на тоталитаризмот и глупавата гордост на разумот дека е сеопфатен и омнипотентен (семоќен, седржителен). А што тој знае за раѓањето, родителството, љубовта, смртта, а камоли за можноста на вечното живеење, единството, оптимизмот итн.? Верата, пак, меѓу другото, е и увереност во она што не е видено, односно сознание дека не само рациото, туку и целокупниот човек е, сам по себе, ограничен (па дури и во социјална просторна смисла, како човештво, како и во социјална временска смисла, како човечки род од настанокот до крајот), но истовремено е способен за односи што го надминуваат, зашто верата е - однос кон некого или нешто, којшто или коешто го надминува човекот по опфатност и потентност, но и може и сака да му се открива и предава на човекот.Не е истражување само патувањето на Северниот Пол и пробивањето низ џунглите на Амазонија, туку и авантурата на верата и верувањето кои водат до оние нешта, кои уво не ги чу, и око не ги виде, и на ум на човекот не му дошле. А сите тие чуда на реалниот живот се применливи и ги збогатуваат секојдневните меѓусебни односи.


Презвитер  Игор Калпаковски (Авторот е свештеник и уредник а издавачката дејност на Скопската епархија)

 Извор:Дневник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1107
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1046
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…