логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Прашање од Игор:

Ве молам да ми го објасните  значењето  на трите ангела кај иконата на Света Троица од Андреј  Рубљов.


sv.Troica.Rubljov.jpg

Избрани икони
 
Најпознатата икона на Рубљов ги изобразува трите ангели кои ги посетиле Авраам и Сара; трите ангели се сметаат за старозаветен изобраз на Пресвета Троица. Овој настан е единствен мотив каде е дозволено да се изобрази Бог Отецот.


Одговор:
Постои огромно толкување на таа икона, но главно за ангелите е ова: Ангелот што стои најлево и кон кого другите два ангела се наклонети, го претставува Бог Отец, и бојата на Неговата облека е недефинирана,затоа што Отецот никој никогаш не го видел. Ангелот што стои во средината е Бог Словото и го благословува Агнецот, Кој ни го предава за простување на гревовите и живот на светот. Облеката што ја носи е половина сина, половина кафеава, што пак ги символизира двете природи на Господ Исус Христос - божествената и човечката. А третиот Ангел, што стои најдесно Го претставува Светиот Дух и Неговата облека има зелена боја затоа што Тој е кој дава живот. А четвртото место на трпезата кое е празно е за нас (човекот) ;)

п.п/з.д

Друго:

Преподобен Андреј Рубљов

Одговори на Вашите прашања

+++

Друго:

Благочестиво предание за потеклото на дрвото на крстот

 

Трите ангели, на кои им укажа гостољубие Авраам, како икона на Света Троица, заминувајќи божем „ги заборавија“ нивните бастуми, покрај Мамврискиот даб.

Нив ги употребуваше Сара како дрва за во огнот, но гореа без да изгорат до крај, па затоа таа ги фрли велејќи „проклети дрва не горат“.

Кога се опијани Лот падна во грев со неговите ќерќи, па откако се освести отиде кај неговиот стрико Авраам и го исповедаше пред него злото коешто се случи.

Тој, пак, му рече: „Голем е твојот грев, чедо; затоа, земи ги овие три подгорени дрва (т.е. дрвата што ги фрли Сара) и насади ги во она место и донесувај им вода од Јордан за да ги наводнуваш: ако никнат, тоа е знак дека Бог го примил твоето покајание и ти го простил гревот.

Лот направи така и носеше вода од Јордан, којшто беше оддалечен еден ден одење. Но ѓаволот, преправен некогаш како преморен жеден патник, некогаш како болен старец, а некогаш како сиромашна и несреќна жена, му ја пиеше водата уште по патот. Бог се сожали на него и еднаш ја избегна таа средба и само еднаш ги навади дрвата, коишто никнаа и се соединија во едно трослојно дрво, составено од бор, кедар и кипарис. Тоа место се наоѓа внатре, во храмот на манастирот на Крстот во предградието на Ерусалим.

По речиси илјада години (1015-975 пред Христа) кога требаше Соломон да го гради Храмот и сите луѓе и сета природа придонесуваа во неговата изградба, беше исечено и ова дрво за таа цел.

Но кога требаше да се употреби, каде и да го ставеа, секогаш беше или кратко или долго и најпосле го фрлија како неупотребливо во еден агол нарекувајќи го „проклето дрво“.

А кога Јудеите трчаа и бараа дрво за да Го распнат Господа, прирака им се најде ова дрво, кое беше соодветно, и од него беше изделкан крстот Христов.

Токму ова проклето дрво потоа се преобрази во благословеното Крсно Дрво и клетвата се претвори во благослов и спасение преку нашиот Господ Кој беше прикован на него.

 

Превод од новогрчки јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

Το ξύλον του σταυρού

http://www.pigizois.net

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 654
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 947
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 892
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

« »