логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 


sv.Andrej.Rubljov1.jpg 
Преподобен Андреј Рубљов (1360? - 29 јануари 1430) е руски аскет, еден од најголемите иконографи на сите времиња. Се празнува на 17 јули. На запад Рубљов е познат најчесто како автор на славната икона „Света Троица - Гостопримство Авраамово“ чија реставрација е завршена 1918-19 година.

 

Житие
За животот на преподобен Андреј Рубљов многу малку се знае. Неговото потекло и место на раѓање не се познати, но традицијата дава општ опис на неговиот живот. Се претпоставува дека е роден помеѓу 1360 и 1370 година, и бил монах во Андрониковиот манастир во близина на Москва. Првите податоци за неговиот живот се поврзани со Троицко-Сергиевата лавра, која најверојатно била негово прво училиште. Неговото световно име не е познато, а во „Преданието за светите иконописци“ е наречен Радоњешки: «Преподобен отец Андреј Радоњешки, иконописец, наречен Рубљов, насликал многу свети икони, сите чудотворни»

Неговото име прв пат се споменува во летописот за 1405 година, по повод живописот на Благовештенската црква во Кремљ, каде како мајстор, припаѓа на дружината на чие чело бил славниот Теофан Грк и Прхор од Городец.За ова се знае, бидејќи неговото име се спомнува во листата на сликарите на икони и фрески во Благовештенскиот собор во Москва. Името му е на дното на листата, што значи дека тогаш бил најмлад и најмалку искусен сликарво групата. За жал, старата Благовештенска црква не е сочувана, а заедно со неа пропаднал и живописот на големите мајстори.

Долго време од својот живот Преподобен Андреј поминал во Андрониковиот манастир, чиј основач бил свети Алексеј, митрополит Московски. Во истиот манастир Рубљов се упокоил на 29 јануари 1430 година, а веднаш после него се упокоил и неговиот соподвижник Данило Чорни. Местото на погребение не е познато; во 18 век постоела неговата гробница, но потоа ја снемало.

sv.Andrej.Rubljov1.jpg 

Од Црквата е прославен во 1988 година.

Рубљов и црковната уметност
Влијанието на Рубљов на руската црковна уметност бил огромен сe  дo 17 век. Набрзо по неговата смрт, почнале да се појавуваат легенди поврзани со неговото име. Познат колекционер на неговите икони, кои се сметале за вистинска драгоценост, бил преподобен Јосиф Волоцки. Во неговите белешко дури се споменува дека тој го сметал за доста значаен потегот на Теодосиј иконописецот, син на познатиот Дионисиј, кој за храмот на Волколанскиот манастир обезбедил икони од „андреевите дела, вредни 20 рубљи“ што за тоа време се сметало за доста поприлична сума. Името на Рубљов се споменува и во иконописните прирачници, додека Стогалвиот Собор во Москва во 1551 година го зема како репер за иконописците, заедно со грчките и другите угледни иконописци.

Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни. Со тек на времето, начинот на кој тој сликаше, стана идеал на црковниот иконопис. Во 1551 година, иконографијата на св. Андреј Рубљов прогласена е за идеал во изработка на икони.

Од 1959 година, постои музеј на св. Андреј Рубљов во Андрониковиот манастир.

sv.Troica.Rubljov.jpg

Избрани икони
 
Најпознатата икона на Рубљов ги изобразува трите ангели кои ги посетиле Авраам и Сара; трите ангели се сметаат за старозаветен изобраз на Пресвета Троица. Овој настан е единствен мотив каде е дозволено да се изобрази Бог Отецот.Вознесение Христово (околу 1408)
Богородица Владимирска (околу 1405)
Христос Спасител (околу 1410)
Апостол Павле (околу 1410)

Химнографија
- Тропар
глас трети
Осветлен со зраците на божествената светлина,
преподобен Андреј,
Го позна Христа - Божјата Мудрост и Сила и со иконата на Света Троица
на светот го проповедаше Единството во Света Троица. Ние пак, со восхит и радост ти воспеваме:
ти што имаш смелост пред Пресвета Троица, моли да Ги просвети нашите души!


- Кондак
глас втори
Од младоста кон божествената убавина се устреми,
прекрасен иконописец во Руската земја беше,
и откако со ревност се поучуваше од својот богоносен учител,
со светлината на добродетелите се украси, преподобен Андреј,
затоа и се покажа пофалба и радост на нашата Црква.


Преземено од : http://mk.orthodoxwiki.org/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%BD_%D0%90%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B5%D1%98_%D0%A0%D1%83%D0%B1%D1%99%D0%BE%D0%B2

 

Друго:

Андреј Рубљов - Икона на СВЕТА ТРОИЦА


Кое е значењето на трите ангела кај иконата на Света Троица од Андреј Рубљов?

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 266
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 200
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 307
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…