Во Друштвото на писателите на Македонија се одржа свеченото доделување на наградата „Книжевен жезол“ за творечки опус на поетите Славе Ѓорѓо Димоски и на Радмила Лазиќ од Србија. За поезијата на Димоски беседеше поетот Зоран Јакимоски, а за творештвото на Радмила Лазиќ пригодна реч одржа академик Катица Ќулавкова.
Оваа година во свеченоста учествуваше и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ѝ го врачи книжевниот жезол на лауреатката Радмила Лазиќ. На лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски статуетката му ја врачи претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски.
Пред почетокот на манифестацијата, претседателот на ДПМ ја прими претседателката Силјановска-Давкова во својот кабинет, каде разговараа за работењето на ДПМ и за актуелните предизвици со кои се соочува Друштвото.
Свеченоста на доделувањето на наградите беше отворена и затворена со настап на Елена Христова (вокал) и Тимчо Чичаковски (канон) од етно-групата „Балкава“, која оваа година одбележува две децении постоење на македонската и меѓународната музичка сцена.
Фотографии: Јован Јон Нестороски
Текст: Александра Јуруковска
Друштво на писателите на Македонија
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://mail.preminportal.mk/images/stories/Pimen.25.Zhezol