Последните совети на нашиот игумен, блаженоупокоениот старец, архимандритот Георгиј (Капсанис)
Да не се создаваат (меѓу вас) групи, да нема спорови, да нема поделби во кои едните ќе поддржуваат една страна, другите друга. Тоа е погубно.
Божјата благодат го сочувала нашето братсво и немавме такви проблеми, и покрај тоа што сме многубројно братство. Верувам дека за тоа помогнале Христос и Пресвета Богородица,


Умот ги добива страсните помисли на следните начини: преку сетивата, преку состојбата на телото и преку спомнувањето. Преку сетивата – кога врз нив дејствуваат оние работи, спрема коишто имаме страст, - тогаш тие поттикнуваат страсни помисли. Преку состојбата на телото – кога не се воздржувањето во исхраната, или кога под дејство на демоните или од некаква болест ќе се измени состојбата на телото и ќе почне да го поттикнува на страсни помисли или бунтување против Божјата промисла.
Доколку, откако ја примиле благодатта на Духот, наоѓајќи за себе си утеха во спокојот и во духовната сладост, па надевајќи се на неа, почнат да се превознесуваат, тие се предаваат на безгрижност, не го смируваат своето срце и своите мисли, па и не успевајќи да го достигнат потребниот степен на бестрасноста, не успеваат со ревност и вера да се исполнат со преизобилна благодат,
Ете, фарисејот вели дека постел двапати во неделата. Според уставот на Православната Црква, секој христијанин е должен да пости два пати секоја недела: во среда и петок. А колкумина од нас денес го почитуваат овој пост?… Фарисејот редовно оставал една десетина од стекнатото како жртва. А ние, жртвуваме ли нешто од себе за Црквата? Затоа Црквата ни вели: да се потрудиме да ги подржаваме добродетели на фарисејот.
Гордоста не ѝ дозволува на душата да зачекори по патот на верата. Еве еден совет за неверникот: нека рече – Господи, ако постоиш, просветли ме, и ќе Ти служам со сето мое срце и душа. Поради ваквата смирена мисла и подготвеноста да Му служи на Бога, Господ ќе го просветли…
Тие ќе викнат: "Наша е бидејќи е грешна." А вие повторно кажете:" Грешна, ама сепак Божја, која постојано Му се молела на земјата".. Тогаш за момент ќе бидат растерани и ќе постане светло, најсветлено. Ќе се појават свети Ангели, ќе ве земат и ќе ве однесат пред Бог на поклонение."
Разгледај ги житијата на сите апостоли: сите тие во страдања го поминаа и завршија животот. Разгледај ги житијата на мачениците: тие со крв и неброени маки си го купија за себе небото. Разгледај ги житијата на преподобните: не е ли целиот нивен живот едно долготрајно невидливо мачеништво?
Телото е слуга, душата царица и затоа е милост Божја кога телото се измачува со болест, оти тогаш слабеат страстите и човекот си доаѓа на себе. И самата телесна болест се јавува понекогаш како резултат на страстите. Отфрли го гревот и болеста ќе те остави. Оти болеста настанува од гревот, како што вели Свети Василиј Велики (Слово за тоа дека Бог не е пример за зло, стр.213).
Секогаш следи ги советите на своите духовни оци, па времето на твојот живот ќе го поминеш спокојно.
Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без вера. Твојот Господ е Бог на милоста и штедроста; биди и ти за своите ближни извор на милости и штедрости. Ако бидеш таков, ќе добиеш спасение со вечна слава.
Се разбира, лошото не може да се нарече добро. Но, кога го гледате тоа, не треба да ги осудувате братот или сестрата, туку да ви биде жал за нив и, кога ви е жал, да се молите од срце Господ да ги вразуми и отрезни, и да им даде сила цврсто да застанат во таквиот начин на живот, кој го бара нивната положба.
Кога ќе настапи времето на заминувањето на Иверонската икона на Мајката Божја од Атонската Гора ќе зазвонат ѕвона, храмовите ќе се поклонат во знак на збогување. Милост Божја е тоа што ова ќе се прикажува на телевизија и ќе го види цел свет. ѓаволот има 666 замки. Во времето на антихристот, луѓето спасението ќе го очекуваат од космосот.
Кога го читале Евангелието, златен дожд ги осветлил сите присутни како да се пролеал на нив, неговите капки се слевале во срцата на оние кои во тоа време се молеле на Бога и го слушале Светото Писмо. Кога се произнесувала ектенијата за огласените ,,Огласени излезете“, Свети Нифонт видел како Ангелите ги изведувале од храмот оние кои во храмот се однесувале недостојно, ги ваделе нивните души, па оистанувале само телата, мртви како трупови.
Вие сте Христови војници; војникот треба да размислува за тоа што му е потребно за војната, и да го пази во ред своето оружје, за да може да го употребува секогаш во борбата со непријателот. – Затоа гледајте дали сте подготвени, во каква состојба е вашето духовно оружјеː дали е изострено, исчистено и светнато. Имено, вие треба да ги иматеː мечот на послушноста, оклопот на верата, шлемот на спасителната надеж, штитот на смирението, лакот на добрите помисли
Колку ли големо зло е гордоста, кога за борбата против неа не е доволна силата на ангелите и на другите рамни на неа сили, туку дека за тоа е потребна силата на Самиот Бог! Исто така, треба да забележиме дека апостолот не рекол за оние кои се сврзани со другите страсти дека тие Му се противат на Бога;
Христијанинот е должен сите напори да ги вложува во поправањето на својата душа. Бог и говори на нашата душа, а не на телото. Телото е орудие на душата, со кое таа делува. Јазикот зборува, очите гледаат, рацете го прават она што душата замислува и сака. И ако душата е исправна, тогаш и надворешните дела ќе бидат исправни. Без заповедите на душата, деловите на телото не делуваат.























