ојде во Колибата еден млад маѓепсник (= вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисокиот.
Старец Софрониј: Возможно е да станеме жртви на духовната прелест
Наспроти тоа, знаењето без љубов, не може да го спаси човекот! Без дух на покајание, без опит на вистинско послушание, никој не може да стане вистински богослов или свештеник, што значи, личност способна да ги поучи другите на вистинскиот христијански пат. За да ја научиме вештината на животот во Христа, не е потребно да прочитаме десетици или стотици книги. Мојот духовен Отец ме советуваше да читам само неколку страници на ден


Замисли си една лоза, богата со нежни ластари, зелени листови и сочно грозје. Колку е само убава! Но, кога ќе ја соберат, остануваат само лисјата. Малку по малку, таа и лисјата ќе ги отфрли и, што ќе видиш? Голотија, од која сè паднало на земјата и изгнило.
Бидејќи, штом почнеме и најмалку да се сомневаме во другиот и да обрнуваме внимание на она што тој прави, нашиот ум веќе не внимава на своите грешки. А после тоа веќе доаѓа озборувањето, осудувањето и презирањето на другите, и на крај, неминовно – паѓање во оној ист грев, кој го осудуваме кај другите.
Ги исповедам jac многугрешниот (името) на Господ Бог и Спасителот наш, Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои согрешенија и сите злодела кои ги направив, или помислив во сите дни од мојот живот, до ден денес.
Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.
И како што нашата утеха во будна состојба се состои од умилението кое се раѓа од свеста за сопствените гревови, од сеќавањето на смртта и на судот Божји – само што тие помисли се јавуваат од благодатта Божја која живее во нас, засадена со светото Крштение, и Ангелите Божји ги донесуваат согласно со
„Сфатив дека мојата градина ќе даде изобилен плод кога ќе ја исповедам и ќе отстранам од неа сè што е непотребно, како камења, конзерви, корења и трње, а потоа ќе додадам малку хумус. Така сфатив дека и мојата градина одвреме-навреме треба да се исповеда“.
„Сонот е движење на умот за време на не движењето на телото. А, привидувањето (лажното видение) е прелест на очите, кога умот спие. Привидувањето е исход на умот кога телото бдее. Привидувањето е видение на нешто што е без ипостас (нереално). Разликата,
Престанете заради Божјата љубов да ја обновувате древната и умртвена елинска измама и да ја вметнувате во светиот живот на христијаните, зашто баењето над светите икони не е божествено дејство на благодатта на светите икони. Оддалечете се од таквите дејствија! „Зашто Бог не е Бог на безредието туку на мирот“, вели светиот Апостол Павле.
Ѓаволот, браќа, е најлукав. Ќе ви даде малку здравје, само да ве лиши од рајот, ќе ви го продолжи малку животот за да ве мачи вечно. „Не гледаш ли“ вели светиот Златоуст, „дека хромиот беше 38 години на одар и полумртов, а храбро ја трпеше болеста, очекувајќи ја Божјата помош, без да побара да му баат или да му дадат амајлии. А ти, христијанину, откако си боледувал малку дни, зошто си толку нетрпелив и трчаш при бајачи и гатачи?
Навистина, сета причина поради којашто денес христијаните се западнати во сите зли дела на ѓаволот, а најмногу во различните магии (тука спаѓаат: бајачи, гатачи, јасновидци, астролози, курбани и сите ним слични), се крие во тоа што не ги изучуваат своите први ветувања коишто Му ги дале на Христа кога се крштевале, но ги заборавиле и ги избришале од сопственото срце.
„Застанете во редица! Јас ќе ви ги отсечам главите и потоа повторно чудесно ќе ви ги вратам на свое место. Само ве молам да не стоите еден до друг зашто би можел да ги измешам!“
Старците од оваа област велеле дека старецот Теофилакт бил голем пријател дури и со дивите животни, кои ја чувствувале неговата љубов и кои доаѓале до неговата колиба кога имале некаква мака. Еден елен, со скршена нога, дошол до колибата на старецот, завивајќи од болка и ја испружил скршената нога кон старецот. Тој му дал малку двопек да јаде додека да припреми две штички од
Тој Го преколнува Бога да испрати оган од небесата и да ги изгори сите оние штоне ги прифаќаат неговите принципи и убедувања. Таквиот човек е исполнет со омраза кон другите религии, со завист и вечен гнев, насилен отпор кон вистинскиот дух на Божествениот Закон, неразумна тврдоглавост во бранењето на своите ставови, острастен жар за победа во секоја борба, славољубие, кавгаџиство, расправии и љубов кон правење смут.
Ми кажаа за една жена дека лечи болни, користејќи различни свети нешта. Кога слушнав што прави останав вчудоневиден од техниката на ѓаволот. Држи еден крст и пее различни тропари. Пее на пример: „Богородице Дево“, и штом ќе стаса до „благословен е Плодот на твојата утроба“ плука близу до крстот, значи – се исмејува на Христа, та затоа, потоа, ѝ помага ненависникот.
-Еве, какво зло прават и медиумите! Не е доволно што им ги земаат парите на луѓето, но растураат и фамилии. Оди, на пример, некој кај медиумот и го кажува проблемот што го има. „Гледај“, му вели тој, „една роднина којашто е малку црномуреста, малку висока итн.,
Под зборот маѓепсништво поимаме повикување на демонските сили, наместо Бога, на помош на човекот, со цел за исполнување на поединечни човечки желби. Магии биле практикувани и кај еврејскиот народ во време на Старозаветниот закон, и кај христијаните во законот на благодатта, за жал до нашиве времиња. Во Стариот завет цар Саул ја бара помошта од ѓаволот обраќајќи се...
„Пред секоја работа - домашна или службена, сеедно, не заборавајте дека вашата сила, вашата светлина, вашиот успех е Христос, и неговата жртва на Крстот; затоа
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение.























