логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Потребно е многу внимание. 

Невнимателно однесување е пречка за Божјата благодат. Недостатокот на почит е најголемата пречка, што не дозволува Божјата благодат да ни се приближи. Колку поголема почит имаат децата кон родителите, кон наставниците и воопшто кон сите повозрасни, толку повеќе тие ја примаат благодатта Божја. Колку повеќе се незауздани, толку повеќе Божјата благодат ги изостава. Светската слобода го прогонува правилното и благо воспитание. Во колибата дојдоа некои деца кои викаа пред нивните татковци: “Еј, тато, имаш ли цигари? Моите завршија! “. Каде можеше да се види ова предходно? И да пушеа некои, пушеа во тајност. Сега, нешто друго се случува! Како после да не сме потполно напуштени од Божјата благодат? Денес, девојките ги навредуваат своите браќа со најгрдни зборови, бидејќи се верници. И тоа пред мајка си и татко си, кои за жал, не им кажуваат ништо. Ми се крена косата кога ги слушнав. Потоа сам со себе си разговарав.

Светското опкружување и светските родители, ги уништуваат своите деца. Животната средина иасто така има силно влијание. Има малку деца кои имаат скромност и љубов. Повеќето незауздани деца се такви, при што немаат срам. Многу родители ги водат своите деца кај мене и велат: “Отче, моето дете има бес”. А гледам, дека децата немаат бес – Бог да чува! Малку се деца кои имаат бес. Сите други се подложени на некое надворешно бесовско влијание. Односно, демонот им заповеда надвор од нив, а не во нив. Но, надвор од нив, тој си ја врши својата работа.

И каде започнува? Од бесрамноста. Кога децата бесрамно им зборуваат на возрасните, тие ја прогонуваат Божјата благодат. А кога се оддалечени од Божјата благодат, до нив се доближуваат нечестивите сили и децата стануваат неподносливи, прават неугледни дела. А оние деца кои имаат почит и ги слушаат родителите, наставниците и возрасните, тие  постојано ја примаат Божјата благодат и го имаат Божјиот благослов. Благодатта ги закрилува и ги заштитува. Големата љубов кон Бога заедно со големата почит кон повозрасните, привлекува голема Божја благодат во нивните души и ги облагодетува до таков степен, што тие стануваат забележливи за другите, поради божествениот блесок на благодатта. Божјата благодат не оди кај бунтовниците, оди кај чесните, кротките, добро воспитани деца. И децата кои имаат почит и стравопочит, се гледаат. Имаат еден поглед кој сјае! И колку поголема почит имаат кон родителите, кон повозрасните, толку повеќе примаат во себе од Божјата благодат. Колку повеќе се незауздани, толку повеќе се напуштени од благодатта Божја.

Кој ќе започне: “Не го сакам ова, сакам друго, сакам трето”, и настојува, тој ќе стане бунтовник. Зашто и Луцифер, сакал да го искачи својот престол над Божјиот престол. И забележете, сите деца на кои им угодувате, стануваат бунтовници. Ако децата не се покајат, за да избегаат од злиот бран што ги поплавува и продолжуваат да постапуваат бесрамно, тогаш –  Бог да чува! – двапати повеќе биваат напуштени од благодатта и стигнуваат до таму што бесрамно говорат и за Бога, а тоа значи дека веќе биваат командувани од духовите на злобата.

Старец Пајсиј Светогорец

 

Извор: http://www.pppe.mk/2019/site-detsa-na-koi-im-se-ugoduva-stanuvaat-buntovnitsi/

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2953
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2782
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…