логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail



In Младост, брак, семејство, Православна светлина, мпц, црква on Април 5, 2012 at 2:58 pm

Отец Алексиј Јанг

Одговорностите на сопругот

 

Мажот е глава на жената… Знаеме дека секоја организација, секоја институција – било тоа да е Црква, парохија, манастир, или, во светот, банка, акционерско друштво, училиште – мора да има глава, водач. Истото се однесува и на успешниот брак, зашто семејството е исто така единка, духовна и физичка организација. Според Светото Писмо и Светото Предание, водач во бракот е сопругот. Повторно, зборовите на свети Павле: Мажот е глава на жената… Тој е водачот. Тој го претставува начелото на авторитет во семејството. Исто како што свештеникот е духовен водач на парохијата, одговорен пред Бога за парохјаните, со тоа и духовен авторитет во парохијата, исто така мажот е свештеник во неговото семејство, одговорен за уредувањето на семејниот живот.

Ова не значи дека тој е нешто повеќе од неговата жена. Пред Христа, сите сме еднакви; нема ниту машки пол ниту женски. Всушност, бракот е рамноправен сојуз. Да нема забуна: нема место за било каков шовинизам во Православието. Ниту, пак, тоа што е глава не му дава на мажот било каков диктаторски, тирански, своеволен или апсолутен авторитет над неговата жена и деца. Но, како и со секоја важна позиција, одредени одговорности одат и со оваа, а тие се многу тешки, многу комплицирани, но исто така многу провокативни и потенцијално креативни одговорности. Светото Писмо ни кажува дека мажот мора да си ја сака неговата жена како што Христос, исто така, ја засака Црквата и се предаде Себеси за Неа (Ефес. 5, 25). Најголем дел од христијаните-сопрузи малку знаат што значи овој вид љубов. Во светот, под поимот „љубов“ обично се мисли на физичка љубов или сентиментална, романтична љубов. Ова нема никаква врска со христијанското сфаќање за љубовта. Да си спомнеме на Христовите зборови кон Неговите следбеници: Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. Тогаш, љубовта, од христијански аспект, значи жртва и самоодрекување. Мажот мора да води голема грижа, да мисли, да внимава и да биде претпазлив во врска со неговата жена, како Христос што се грижи за Црквата. Претпазливоста на мажот може да трае и до самата смрт. Зашто како што Христос се подложи на смрт заради Неговата љубов кон Црквата, така и сопругот-христијанин мора да предаде сè – дури и неговиот живот, ако треба – за неговата сопруга. Повторно, свети Павле вели: Мажот е глава на жената како што Христос е глава на Црквата… Знаеме каква глава беше Христос: Он им ги миеше нозете на Неговите ученици. Според нашиот Спасител, да бидеш глава, да бидеш прв, значи да служиш – да бидеш прв во давање љубов, во разбирање, во трпение, во заштита на семејството. За ваков водач или глава е повикан да биде мажот. И кога тој е ваков водач, тогаш е реален маж, вистински маж, верен на неговата божествено назначена природа.

Мудрата сопруга ќе го охрабрува нејзиниот сопруг да биде ваков маж; самата таа нема да се обидува да ја заземе позицијата на авторитет. Психолозите велат дека гневот на жената, што го чувствува кон мажот, кој ì дозволува да го преземе водењето на семејството, е најдлабок од сите. И сега откриваме дека многу од случаите на деликвенција, па дури и ментални болести доаѓаат од семејствата каде што таткото престанал да биде водач, извор на сострадание, љубов и заштита.

Должноста на мажот да ì дава љубов на неговата сопруга и семејство не му дозволува да ја заплашува жена си. Тој не смее да ја третира жена си како наемен слуга – како што прават многу мажи. Еве што вели за ова свети Јован Златоуст:

„Слугата, навистина, можеби некој е способен да го врзе со страв; не, дури ни него, зашто и тој набрзо ќе те напушти. Но партнерот на нечиј живот, мајката на нечии си деца, основата на нечија радост, никој никогаш не треба да ја врзува со страв и закани, туку со љубов и добар карактер. Каква заедница е таа, каде што жената се тресе пред нејзиниот маж? И какво задоволство ќе има сопругот ако тој се однесува со неговата жена како со роб? Да, дури и ако пострадаш заради неа, не ја карај; зашто ниту Христос не ì го направи ова на Црквата“.

Мажи, сопрузи, за нас вистинската љубов почнува кога себеси се даваме за другите. Ние први почнуваме да сакаме – во христијанска смисла – кога први даваме. Еднаш некој сопруг му се пожалил на свети Јован Златоуст дека неговата жена не го сака. Светителот му одговорил; „Оди си дома и сакај ја“. „Но ти не разбираш“, му рекол сопругот. „Како можам јас да ја сакам кога таа не ме сака?“ „Оди си дома и сакај ја“, му одговорил светителот. И имал право. Каде што нема љубов, мораме да дадеме малку љубов, и тогаш ќе ја најдеме.

Честопати сопрузите му се жалат на свештеникот дека нивните сопруги не ги сакаат. Тогаш свештеникот открива дека сопругот воопшто не сака да даде љубов; тој само си седи назад и очекува да биде сакан, како некој вид на идол, кој чека да му служат и да му се поклонуваат. Таквиот сопруг треба да открие дека единствениот начин да добие трајна љубов во бракот е самиот тој да ја даде, зашто во животот обично го добиваме она што го даваме: ако даваме омраза, добиваме омраза; но ако дадеме љубов, ја добиваме назад, за возврат.

Отците на Црквата ни кажуваат дека сопрузите-христијани мора да си ги сакаат нивните сопруги повеќе од нивните секуларни ангажмани, зашто нема поголем успех од среќен дом, и ниту еден успех што ние мажите ќе го постигнеме не ќе има значење ако не успееме во домот. Нашите семејства го заслужуваат најдоброто. Има мнозина од нас мажите денес, кои се најдобри пред очите на светот, а најлоши во домот. Поради ова, Отците на Црквата ни велат најмногу да ја вреднуваме дружбата на нашите сопруги, и да имаме поголема желба да бидеме дома со нив, отколку да бидеме во продавница. Сопрузи и идни сопрузи, да си ги ставиме при срце овие зборови на Французинот од дваесеттиот век, Андре Моруи: „Јас се врзав себеси за живот; Јас избрав; отсега па натаму моја цел ќе биде, не да барам некого, кој ќе ми угодува, туку да му угодувам на оној, кого го избрав…“

Одговорностите на сопругата

Свети Павле вели: „Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа… Како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè“ (Ефес. 5: 22, 24).

Денешното општество, особено овде во Америка, а посебно во јавните медиуми – филмови, телевизија, списанија, книги – го презира духот на послушноста. Наместо тоа, во секоја прилика сме поттикнувани да го правиме „она што сакаме“, да се грижиме за „број еден“, да си го задоволиме секој каприц и желба. Но православниот христијански брак, како што рековме, не е дел од секуларното или световно општество. Неговата цел и целите на општеството не само што не се согласуваат; тие се дијаметрално спротивставени. Целта на христијанскиот брак е вечен живот во Рајот со Исуса Христа; целта на световното општество е задоволство, уживање сега и овде, и особено, себезадоволување и своеволие.

Но преку Светото Писмо и Преданието ни е откриено дека, послушанието е всушност катализатор за христијанско совршенство – односно, послушноста, покорноста, всушност помагаат да се забрза процесот на борба за стекнување добродетел во нашиот живот. Од друга страна, пак, своеволието многу ја зголемува страста гордост и може да ја одвои индивидуата од христијанскиот начин на размислување и живеење. Митрополитот Антониј Храповитски пишува:

„Ако сакаш да бидеш добра, интелигентна личност, а не глупава овца, само уште еден член на стадото, тогаш не се согласувај со твоите современици кои гинат духовно и телесно; не оди по патот на своеволието, туку по патот на послушноста. Само тогаш ти ќе бидеш личност. Тогаш, можеби… ти самиот… ќе ја сочуваш твојата вера и твоето срце неогрубени, душата чесна, нема да бидеш удиран и развртуван како ветроказ, како што се многуте твои современици“.

Самиот Христос е најсовршениот пример на послушност, зашто преку Неговата послушност на Неговиот Отец Он отиде на страдање и смрт заради нас, и нè одведе од грев кон слобода и спасение.

Сите ние, во едно или друго време, сме виделе примери на семејства каде што жената „носи панталони“. И што обично мислиме со тој груб израз? Мислиме дека жената ја презела улогата на водач на семејството и се обидува да стане глава на мажот. Ова може да се случи зашто мажот е многу слаб – или можеби премногу себичен и преокупиран за да ги преземе неговите вистински одговорности; или, пак, може да се случи зашто самата жена има духовен или емоционален проблем што ја тера да посакува авторитет и моќ. Во такви случаи честопати жената има силен и агресивен карактер што се манифестира и во нејзините односи надвор од семејството. На таквата жена ì недостасуваат најосновните квалитети на женственоста – кротост, смиреноумие и добрина. Во таква ситуација има само чувства на очај, фрустрација, незадоволство, па дури и гнев кон членовите на семејството. Една од првите работи што свештеникот мора да ги направи кога советува маж и жена кои се во таква ситуација, е да се обиде и да го убеди сопругот да почне со преземање на вистинската улога на водач во неговото семејство, и мора на некој начин да ја убеди сопругата да се откаже од авторитетот што не ì припаѓа.

Треба да се каже дека овие улоги не се ексклузивни: има периоди кога е погодно за жената да покаже цврстина, или за мажот да ì биде послушен на неговата жена. Во најзрелите, високо напреднати и духовни бракови, односите на мажот и жената се развиваат во едно меѓусебно послушание.

Превод од англиски јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

Priest Alexey Young,

The Orthodox Christian Marriage

Преземено од: Отродоксија и ортопраксија

Друго:

Различноста на сопружниците 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3414
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3246
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…