СПОРЕД СВЕТИ ПАЈСИЈ, КОГА НА ДРУГИТЕ МОЖЕМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ ДУХОВНО?

Ако сакаш да ѝ помогнеш на Црквата, подобро е да пробаш да се поправиш себе си, отколку да ги исправаш другите. Ако успееш да се подобриш себе си, еден мал дел од Црквата е веднаш поправен. Следствено, ако сите го направат истото, телото на Црквата ќе биде во благосостојба.
Но, денеска, луѓето повеќе се занимаваат со сè, освен со самите себе.










Сè дoдeка eдeн чoвeк самo мудрува за Бoга, сè дoтoгаш тoј e нeмoќeн, пoтпoлнo нeмoќeн кoн лoшиoт дух. Лoшиoт дух му сe пoтсмeва на нeмoќнoтo свeтскo мудрувањe. Нo штoм eдeн чoвeк пoчнe да пoсти и да сe мoли на Бoга, лoшиoт дух сe испoлнува сo нeoпислив страв.




Сите треба да знаеме што бараме од Црквата, а она што може таа да ни го даде е личната врска со Христос. Многу важно е да знаеме дека влегувајќи во Црквата, ние сме повикани да се соединиме не со учењето на Црквата, туку со нејзината Личност, да имаме личен однос со една Личност- Исус Христос, со живата Личност Која постои и со Која човек може и треба да има љубовен однос.
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да ги поврати почетната сила и благодатта што ги поседувала душата.
























