Поука на денот (31.01.2016)
Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.
(Преподобен Никон Оптински)
Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.
(Преподобен Никон Оптински)

Иконата – не е портрет, туку првообраз на идното храмовно човештво. И, така како што таквото човештво ние засега не го гледаме во сегашните грешни луѓе, туку само го исчекуваме, иконата може да послужи само како негово символично изображение. Што во тоа изображение означува истанчената телесност? Тоа е – остро изразено одрекување токму од оној биологизам, кој ја воздигнува наситената плот до највиша и безусловна заповед.

Гледаме дека трудот се насочува на тоа, не да бидеме со Бога и да живееме со животот на Светиот Дух, туку на тоа, да добиеме нешто од Бога. Бог настапува како гарантер за нашиот успешен живот. Синко, дај Ми го срцето твое – вели Христос, – а сето останато, Јас сам ќе ти го дадам, зашто во...

Ава Исаија рекол: ако ти дојде помисла да го осудиш ближниот за некаков грев, тогаш најпрво размисли за себе самиот: самиот ти нели си погрешен од него? И ако мислиш дека правиш добро – не надевај се дека си Му угодил на Бога. Тогаш нема да се дрзнеш да го осудуваш ближниот.

Ние сме во постојан страв дека нема многу да направиме во текот на времето што го имаме, страв дека немаме контрола над неговото неумоливо минување, страв дека нема да имаме доволно време. Но, доволно време за што? За да го потрошиме на тривијални задоволства, да оставиме „нешто“ зад себе, да го видиме светот? Всушност, ова би можело да се смета како „губење на времето“.

Така е и со нашиот ум, ако тој често оди во друштво на прзнословци, топлината на срцето ќе истинее и благодатта ќе исчезне.
Страстите како озборувањето, клеветата, љубомората и зависта, злопамтењето, неодговорноста и мрзата, исто така многу му пречат на човечкото срце да ја прими благодатта.

– Трпението не е поднесување на другиот. Кога велам дека го поднесувам другиот, тоа е како да велам: „Другиот воопшто не чини, јас сум добар и го поднесувам“. Трпението е кога јас чувствувам дека јас ја поднесувам состојбата во која се наоѓа другиот и ме боли колку и него. Во тоа има многу смирение и љубов...

Бог често не одговара на нашите молитви. Тој молчи. Неговото молчание за многумина претставува знак, дека „Бог не постои“, дека „Бог умре“. Но, ако би размислиле, во каква положба го ставаме Бога со нашите страсти, би виделе, дека Тој нема друг пат, освен да молчи.

Вo врeмeтo кoга св. Никoн Сув им рoбувал на Татаритe, Татарoт сe разбoлeл дo смрт, па глeдајќи дeка наскoрo ќe умрe, на свoитe синoви им нарeдил пo нeгoвата смрт да гo распнат рoбoт Никoн на крст над нeгoвиoт грoб. Нo св. Никoн прoзрeл вo иднината и видeл дeка oвoј нeгoв сурoв гoспoдар ќe сe крсти,...

Денес, на 23 декември, 2015 г, о. Василиј би наполнил 55 години. Во 1988 г, студент на престижниот факултет за новинарство МГУ, мастер на спорт во меѓународна класа, капитен на универзитетскиот тим и член на тимот на СССР по ватерполо, Игор Рослјаков дошол во тогаш возродуваната Оптинска Пустина, и останал во неа засекогаш.

Телесната болест можеме да ја откриеме врз основа на видливите симптоми. А според симптомите, кои ја издаваат зависта, лесно го препознаваме човекот, кој живее под нејзината власт. На крај, големо проклетство, големо безумие и голем злочин е да се завидува на другите луѓе. А што, всушност, е зависта?

Но во последно време таму во џамиите почнаа да се шират повици, за уништување на христијаните, за обезглавување на христијаните. Тоа го немаше порано. Тоа го немаше за цело време на постоење на Црквата таму: не само во последно време, туку за сите 150 години, колку што е таму присугна Русија, колку што присуствува Православната Црква.

Свети Николај присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Од голема ревност кон вистината, го удрил со рака ересијархот Ариј. Поради тоа бил отстранет од Соборот и од архиерејската служба сè додека на неколкумина водечки архипастири не им се јавиле Христос Бог и Богородица мајка за да им го објават своето благоволение спрема Николај.

Нo Бoг, кoј сè глeда, нe гo oставил Свoјoт трпeлив слуга. Пoминал нeкoј граѓанин и сe заглeдал вo Јoвана. И иакo Јoван бил вo бeднo мoнашкo расo, и вo лицeтo бил исушeн и блeд oд пoстoт, тoј граѓанин гo пoзнал вo нeгo нeкoгашниoт гoлeмeц и прв царски министeр кај кoгo и тoј бил на служба. И Јoван гo пoзнал нeгo, нo и eдниoт и другиoт стапилe вo пазарeњe за кoшницитe какo нeпoзнати.
Исцрпени од тиранијата на ниските страсти, ние, природно го молиме Благиот Господ, Неговиот Дух да почива на нас. Духот на разбирањето на патиштата на Неговото спасение.
А окрепени од овој Дух, ние гледаме дека во трагичните искушенија се ослободуваме од последиците на падот;

Вистина е дека го избрав академскиот живот, бидејќи Бог ми даде ум со кој е добро да Му служам, а академскиот свет е место каде умот би требало да се користи. Но после осум или девет години многу добро знам што се случува на универзитетите. Само неколку „старомодни“ професори ја ценат умноста, но и тие наскоро ќе изумрат. Останатите се грижат само да заработат пари, да си обезбедат добра положба во животот...

Сиот наш земен живот, од раѓањето до последното воздивнување, во својата конечна форма ни изгледа како еден единствен, краток акт. Неговата содржина и квалитет може да се види во еден миг. Претставете си сад од идеално чисто стакло, исполнет со вода. Еден поглед е доволен за да можете да кажете дали водата е чиста или не е, и во која мерка. Така ќе биде со нас при преминувањето во другиот свет.
За верата на стотникот
Недела IV по Педесетница
Митрополит Антониј Блум
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух
Во денешното Евангелие Христос како пример за вистинска, автентична вера ни го дава стотникот и ветува, дека сличните
на него ќе влезат во Царството Божјо и од Запад и од Исток, од четирите страни.
Не сме ли ние оние, кои се повикани од Бога и кои навистина стигнале од четирите страни кон Царството Божјо, кои се припоиле кон Израилот, кон тајната на избраниот народ и кои го надминале, затоа што, како што рекол Самиот Спасител, најголемиот во Стариот Завет е најмал во Новиот Завет?
Во денешното Евангелие верата на стотникот поразува со тоа што тој не само што безусловно се доверил на Бога, безусловно бил уверен дека Спасителот може да го исцели неговиот слуга, но уште повеќе - дека Тој може тоа да го стори со еден збор; дека не е потребно Спасителот да оди во неговиот дом, да се допре до болниот, да го повика со непосреден збор кон тоа исцеление: не, доволно е за Создателот на светот да каже еден збор и да се случи исцеление.
Колку често во нашата молитва ние, не само се молиме, туку упорно изискуваме од Христа, та Он да ни се појави тука, таму, сега, та на некаков начин да го почувствуваме Неговото присуство и Неговото дејство. И еве ни се дава пример: незнабожецот, кој едноставно поверувал, дека во Бог има доволно љубов и доволно силна власт, за да направи чудо, дури и без да се приближи до оној кој има потреба од чудо.
Овој расказ се совпаѓа со расказот за тоа, како по чудесниот улов на риби Петар во ужас му се поклонил на Христа и Му кажал: Оди си од мене, Господи, јас сум недостоен за Твоето присуство... Тој исто така го доживеал Божјото величие, тој со таква сила почувствувал, дека не само што е недостоен, туку нема сила да го понесе тоа светлозарно, преобразувачко присуство, и го замолил Господа да си замине.
Кој од нас во себе нашол некогаш доволно вера, доволно целовитост во однос кон Бога, за да рече: Доволно ми е Твоето слово, кои се слуша од Евангелието, кои одекнува низ цела вселена; доволно ми е збор - јас ќе послушам и ќе бидам жив? Амин.
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев
Изворник: http://www.mitras.ru/archive/070623.htm

Умот честопати со години се заморува за да научи еден или два странски јазици. Во нашево време многумина знаат странски јазици, но овие јазици немаат никаква врска со јазиците од Светата Педесетница, зашто живееме во великиот Вавилон. Големо зло е кога со богословие се занимаваме само со помошта на нашиот разум, и кога нашиот разум го претставуваме како присуство на Светиот Дух.

– Совест имаат и неверните луѓе?
– Секако. Тоа е својство што Бог како природен закон им го дарува на сите луѓе уште од раѓање. Но кај неверниците совеста е многу грубо и слабо развиена, додека совеста што е осветена со Светото Крштение и ...