логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


НЕПОЈМЛИВОСТА НА БОГА


Историскиот контекст на учењето на Григориј за непојмливоста на Бога е полемиката со евномијанството, во која во втората половина на IV век биле вовлечени голем број богослови, меѓу кои и големите кападокијци. Евномиј сметал дека Божјата суштина е појмлива за човекот: „Бог не знае ништо повеќе за својата суштина одошто ние; не може да се каже дека таа Нему му е позната повеќе, а нам помалку“1 „Јас го познавам Бога онака како што Тој се познава Самиот Себеси“, велел Евномиј.2 Учењето на Евномиј претставува рационализација на христијанството во кое нема место за чуда, не останува ништо таинствено, ништо што ги надминува можностите на човековиот ум.3 „Религија само во границите на разумот“, каква што барале европските рационалисти во XIX век4, веќе била создадена петнаесет века пред нив.
Таквата настроеност на умот претставувала целосна спротивност на она во што верувал и за што поучувал Григориј Богослов, кој христијанството го разбирал, пред сè, како тајна. Патот на богословот, како што видовме, тој го гледа како пат на мистично искачување на Синај; меѓутоа, тој пат води само кон созерцување на Бога „од кон грбот“, односно не кон спознавањето на Божјата суштина, туку кон некакво откровение во Бога со помош на воплотеното Слово и на тварниот свет:

Што се случи со мене, о пријатели, коишто заедно со мене ја сакате вистината и сте посветени во неа? Јас бегав за да го разберам Бога, и веќе на тој начин се искачував на гората, влегував во облакот, одделечувајќи се од материјата и од сè што е материјално, собирајќи се во себе колку што е тоа можно. Но, кога погледнав, само Го видов Бога од кон грбот, а згора на тоа, бев покриен со карпа5, односно со Словото, воплотено заради нас. Кога се истранив малку, не ја видов првата и немешлива Природа, позната единствено на Самата Неа, т.е., на Троица: не го видов она што пребива во просторот зад првата завеса, покриено со херувими6, туку само она што се наоѓа по краевите и што ни е достапно. А тоа, колку што ми е познато, е она величие или, како што го нарекува божествениот Давид, великолепие7 (коешто се согледува) во стварите од Него создадени и од Него раководени.8  

Човекот не може да го спознае Бога како што Самиот Тој се знае: тој може да спознава за Бога само преку Христос и преку набљудување на видливиот свет. Божјата суштина е недостижна за човековиот разум. Во тоа тврдење се содржи фундаменталната разлика меѓу теоријата на богопознанието на Григориј и на Евномиј. За првиот, богопознанието е пат надвор од границите на појмливото со човековиот разум, за вториот е – движење во границите на дискурзивното мислење. Знаеме дека Григориј бил борец против секој вид опскурантизам на христијанската почва, дека бил заштитник на разумот, на образованието, на ученоста; но, тој добро ја познавал ограниченоста на разумот и неговата неспособност да ја опфати Божествената реалност. Разумот може да го доведе човекот до признавање на постоењето на Бог, но на ниту еден начин не може да проникне во Божјата суштина. Расудувајќи за тоа, Григориј полемизира не само со Евномиј, туку и со самиот „богослов“ на елинската антика, Платон, цитрирајќи ја неговата позната изрека, на која и пред Грогориј се повикувале голем број христијански автори.9

„Да се појми Бог е тешко, а да се искаже е невозможно“, како што философирал некој од елинските богослови10... Јас, пак, велам: да се искаже е невозможно, а да се појми е – уште поневозможно. Зашто, појмливото може – ако не сосема, тогаш барем приближно – да му биде објаснето со збор на оној на кој ушите не му се целосно повредени а разумот не му е сосема затапен. Но, да се опфати таквата реалност со разумот е совршено невозможно и недостижно, не само за оние што се закоравени во мрзливоста и приклонети кон земното, туку и за крајно возвишените и богољубивите. Не знам дали тоа им е можно на повисоките и духовни природи кои, благодарение на својата близина до Бога и на тоа што се просветлуваат со потполната светлина, можеби и Го гледаат Бога, ако не целосно, тогаш барем посовршено и поодредено од нас...11 Таа природа е неопфатна и непојмлива. Не е непојмливо тоа дека Бог постои, туку е непојмливо што претставува Самиот Тој. Зашто, не е „празна нашата проповед“, и не е „суетна нашата вера“12 и ние не учиме за тоа (дека Бог не постои): не обидувај се во нашата искреност да гледаш зачетоци на атеизам или клеветање (на Бога), и не превознесувај се над нас како над оние коишто спознаваат во сопственото незнаење.13

Според Евномиј, атеизмот започнува со тврдење за непојмливоста на Бога; според Григориј, напротив, тврдењето дека Бог е појмлив по Својата суштина е врв на безбожност и на богохулење. Христијански богослов смирено признава дека има работа со тајна којашто ги надминува можностите на разумното поимање, наспроти рационалист кој претендира на тоа дека Бога Го познава не помалку одошто Самиот Тој се познава.
Говорејќи за Божјата суштина, Григориј започнува од цела низа апофатички искази во кои се одрекува телесната природа на Божеството. Бог не е тело, бидејќи е бесконечен, безграничен, неопиплив, невидлив; во Него нема поделба, нема борби, нема сложеност; Тој сите нешта ги проникнува со Себе и сè исполнува, не мешајќи се со ништо. Бог не е некакво „нематеријално“ или „петто“ тело14, вртено во круг; Тој не е Ангелско тело15. Значи, Бог е бестелесен. Но, терминот „бестелесно“ не ја опфаќа Божјата суштина, како што тоа не го прават ниту зборовите „нероден“, „беспочетен“, „непроменлив“, „непропадлив“ и сето друго што се зборува за Бога и за Неговите својства.16 Овие и слични апофатични изрази само укажуваат на тоа што Бог не е, но не можат да објаснат што е Бог по Својата суштина.
Дали Бог не постои никаде, или (постои) некаде? Ако се каже „никаде“, може да се постави прашањето дали Тој воопшто постои. А ако се каже некаде, тоа значи дека Бог е ограничен со место, макар е што Тој надвор од сите категории на места. Каде Тој постоел пред создавањето на светот? На ова прашање исто така е невозможно да се одговори, зашто ако Божеството е достигнато со разумот, Тоа веќе станува ограничено.17 Значи, „Божеството е непојмливо за човечката мисла и невозможно е Тоа да се претстави целосно такво какво што е“.18
Но, зошто Бог останува непојмлив? Не заради завидливост – одговара Григориј, „зашто завидливоста е далеку од Божествената природа, којашто е бестрасна, единствена добра и има власт, особено завидливоста спрема созданијата, коишто за Него се скапоцени повеќе од сè друго, зашто, што може да биде повозвишено за Словото од словесните созданија?“19 Ние не ја знаеме причината за Божјата непојмливост, но знаеме дека меѓу нас и Бога стои нашата „телесна темнина“, како некогаш меѓу Израил и Египет.20 За нашата телесност како преграда меѓу Бога и нас, алегорично се говори во Псалмот: „Од мракот направи Свој заклон“21; малкумина се способни да проникнат низ таа темнина.22 Со други зборови, додека се наоѓа во материјално тело, човекот не може да ја разбере Божествената суштина, зашто материјалноста стои како преграда помеѓу него и Бога.
Патот на богопознанието се споредува со трчањето по сопствената сенка, којашто не можеме да ја престасаме. Суштината на Божеството секогаш им се измолкнува на човековиот јазик и на човековиот разум, за тие да не се обидат да го опишат Бога. Вртејќи се во затворен круг на телесноста, невозможно е да се излезе на она ниво на кое настанува вистинското богопознание. Напоредо со тоа, богопознанието во овој живот не е можно поинаку освен преку нешто телесно. Следствено, полнотата на богопознанието е невозможна за човекот облечен во материјално тело:

Нам, затвореници на земјата, како што вели божествениот Јеремија23, облечени во ова грубо тело, ни е познато дека, како што е невозможно да се престаса сосптвената сенка, па дури ни за оној кој многу брза, зашто таа оди онолку напред, колку што бидува стасувана; или како што на видливото не може да му се приближи гледањето без помош на светлина и воздух, или како што оние коишто, според својата природа, пливаат во водата не можат да живеат надвор од водата, така и на оние коишто се наоѓаат во тело им е невозможно целосно да се присоединат со созерцувачките реалности без помош на нешто телесно. Зашто, секогаш се пројавува нешто наше24, дури и ако умот максимално се огради од видливото и, станувајќи онаков каков што е сам по себе, се стреми да се прилепи кон она што му е сродно, и кон невидливото... Така нашиот ум се труди да излезе од областа на телесното и постојано да општи со бестелесните реалност додека, останувајќи беспомошен, го набљудува она што ја надминува неговата сила.25

Патот на богопознанието се споредува, исто така, со слегувањето во бездна: колку подлабоко се спушта разумот, темнината околу него станува сè погуста; притоа, тој ни најмалку не се приближува до целта, зашто дното не постои. Нурнувањето во бездната на Божеството нема крај – а тоа, повторно, е поврзано со ограничениот човечки разум и збор, коишто не се во состојба да проникнат во тајната на Божјата суштина и на Божјите судови:

Така, секоја вистина и секој збор остануваат темни и тешко достапни. Ние како да сакаме да направиме нешто големо со мал алат, барајќи го знаењето за постоечкото со помош на човечка мудрост и пристапувајќи му кон она што се созерцува со умот преку сетилата, или – не пристапувајќи му без сетилни нешта коишто  нѐ опкружуваат и нѐ соборуваат од патот, и затоа не можеме, допирајќи се со соголен ум до чистите предмети, макар и во најмал степен да ѝ се приближиме до вистината и да го втиснеме во умот постигнатото.26 А колку словото за Бога е посовршено, толку е и помалку појмливо; тоа содржи сè помногубројни изрази и се потешки одговори. Зашто, секоја, дури и најнезначителна пречка, го запира и  го отежнува активирањето на разумот (словото) и му го препречува патот кој води напред, слично како што коњите што галопираат ги запираат со ненадејно потегнување на уздите, и со неочекувано удирање го менуваат правецот по кој трчаат. Така Соломон, ... колку повеќе се нурнува во длабочините, чувствува сè поголема вртоглавица и како некаков врв на мудроста го смета утврдувањето колку таа (мудрост) се оддалечила од него.27 А Павле се обидува да ги испитува, не велам – Божјата природа, зашто тој знае дека е тоа апсолутно невозможно – туку само Неговите судови;28 и бидејќи не наоѓа излез или запирање во издигањето, зашто љубопитноста на разумот не допира до каква и да е видлива граница, туку секогаш останува нешто неискажливо, тој – о, чудо!  кога и јас би го доживеал истото! – го облекува словото со восхит, сето тоа го нарекува богатство Божјо и длабочина, исповеда дека судовите Божји се непојмливи29, кажувајќи го речиси истото она што и Давид, кога судовите Божји ги нарекува голема бездна30, чие дно не може да се достигне ниту со мера, ниту со чувство, или вели дека за него и за неговата природа е прекрасно знаењето на Бога, дека тоа е премногу високо и дека ги надминува неговите сили и можноста за поимање.31

Патот на богопознанието завршува со изненадување и со восхит пред чудото – во таа состојба престанува секое дискурзивно мислење, зборот замолкнува. Таа состојба не е познание на Божјата суштина – тоа е стивнување на секое човечко знаење пред лицето на Божјата безграничност и недостижност. Познанието на Божјата суштина е недостапно за човекот, сè додека се наоѓа во телото, сè додека зборува со земен јазик и мисли преку земни категории.
 Следува ли оттука дека човекот ќе ја спознае Божјата суштина кога ќе се ослободи од телото? Григориј го остава ова прашање отворено. Сепак, самиот тој се приклонува кон тоа да даде потврден одговор на тоа прашање. Познанието на Бога ќе стане можно во состојбата на обожението, кога човековиот ум ќе се соедини со она што му е сродно, т.е., со Бога:

Бога – онаков каков што е Тој по природа и по суштина – никој од луѓето никогаш не Го нашол и не Го наоѓа; а дали кога и да е ќе Го најде – нека тоа го истражуваат и нека философираат за тоа оние коишто тоа го сакаат. А јас ќе кажам дека ќе го најдам тогаш кога она богоподобното и божественото во нас (ги имам предвид нашиот ум и разум) (noun kai logon) ќе се соединат со она што им е сродно, и образот ќе се издигне до Првообразот, кон Кого сега толку многу се стреми. И токму тоа, ми се чини, е изразено  во она мошне философско учење дека ние спознаваме онака како што самите сме спознаени32. А тоа што сега допира до нас е само некое фино излевање, слично на мал одблесок на голема светлина.33
 
 Значи, Григориј остава надеж дека во идниот век, кога човекот ќе се ослободи од материјалноста и од телесноста, ќе му стане достапно попотполно познавање на Бога. Се разбира, ниту тогаш човекот нема да Го знае Бога во онаа мера во која Бог се познава Самиот Себе: нема целосна идентичност меѓу Божјото самопознание и човековото богопознание. Но, за човекот се отвора можноста да Го спознае Бога онака како што Бог го познава Човекот34; оваа мисла на апостол Павле укажува на некаква полнота и непосредност на познанието на Бога во идниот век. Кога ќе отпадне преградата на телесноста, ќе стане можна средбата на човекот со Бога лице в лице. А во сегашниот живот можно е само приближување до таа средба, слично на искачувањето на Мојсеј на Синај, каде што тој во мракот и во облакот го познава ликот Божји, но не ја гледа Божествената суштина.

(Продолжува)

 

 


Архиепископ Иларион Алфеев: „Животот и учењето на св. Григориј Богослов.“

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 

 

Друго:

Архиепископ Иларион Алфеев: „Животот и учењето на св. Григориј Богослов.“

Stefan.Petkovden.jpg



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5868
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6671
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6476
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5662
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

30/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКИ ВТОРНИК – Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски; Свети Акакиј епископ Мелитински; Свети Агапит папа Римски; Преподобните Саватиј и Зосим; +Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная