логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

„Нема православно богослужение во кое Света Дева не се слави и велича како Приснодева и Богородица. Безбројни се Стихирите, песните за Неа, Молитвите упатени кон Неа… Секој збор на Црковната свест за Неа е молитва кон Неа, славословие за Неа… Господ Христос и Неговата чудесна Богомајка за молитвените чувства на Православната Црква се две нераздвојни битија“, ќе рече св. Јустин Попович.

Чудесното собитие на јавувањето на Божјата Мајка се случило во првата половина на X век, во Влахернската Богородична црква во Цариград, за време на византискиот цар Лав Мудри (886 – 911). Овој храм го изградила царицата Пулхерија, жената на царот Маркијан. Подоцна царот Лав I Велики веднаш до овој храм изградил параклис во кој во 469 година ја положил ризата на Богородица, за која направил и кивот од сребро и злато, кој го нарекол „светиот гроб“. Токму во овој параклис секој петок спроти сабота се правело бдение во чест на Пресвета Богородица. Тука, покрај облеката на Богородица се чувал и нејзиниот омофор и дел од појасот. Под омофор се подразбира женската горна облека, која освен телото ја покрива и главата. Со оваа горна облека Богородица е претставена на секоја своја стара икона.

3.angeli.so.truba

Самиот настан е поврзан со св. Андреј Јуродив, чијшто спомен Црквата го празнува веднаш после празникот „Покров на Пресвета Богородица“. Во спомен на ова собитие, во XII век е воведен овој Богородичен празник, но не во Грчката Црква каде што се случил самиот настан, туку во Руската и тоа веројатно е поврзано со почитта кон личноста на св. Андреј Јуродив. Во Русија уште во XII век постоеле храмови наречени „Богородица Влахерна“, и потоа од Руската земја овој празник се раширил по целиот православен свет. Дека овој празник е востановен во Руската Црква се гледа од самата служба напишана во Русија во XII век, како и од старите поуки напишани за овој празник. Во Грчките богослужбени книги не постои служба за овој празник, но мислата за Богородичниот покров била жива и во Грчката Црква, а тоа ни го докажуваат грчките богослужбени текстови во кои Богородица се нарекува Покров. Овој Богородичен празник нема ниту еден ден претпразненство или попразненство.
Предание за празникот

Во житието на св. Андреј Јуродив се опишува самиот настан заради кој и се востановил празникот Покров на Пресвета Богородица. Таму се вели дека за време на бдението кое се извршувало кај кивотот во Влахерна (претходно, споменавме за кој кивот се работи), св. Андреј, заедно со својот ученик Епифаниј се наоѓале во храмот. Во четвртиот час од ноќта блажениот Андреј ја видел Богородица како влегува во храмот низ царската врата (која водела од нартексот во храмот), во придружба на мноштво ангели и светии. Кога дошла во близина на амвонот, св. Андреј му се обратил на св. Епифаниј и му рекол: „Ја гледаш ли Госпоѓата и Царица на светот?“, а неговиот ученик му одговорил: „Да, оче духовен“. И долго време Богородица со преклонети колена се молела, облевајќи го со солзи своето лице. После тоа дошла во олтарот, каде се молела за народот кој се наоѓал во црквата. Кога ја завршила својата молитва, го извадила од себеси својот блескав како молња омофор кој го носела на својата пречиста глава, и земајќи го во своите раце го раширила над сиот народ кој се наоѓал во храмот. Долго време омофорот ги покривал верните, а потоа, откако Таа заминала, го зела него со себе, оставајќи му ја на народот благодатта.

3.angeli.so.truba

Црковниот великодостојник кој е востановувач на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, и автор на празничното пролошко слово, воодушевен од овој чудесен и несекојдневен настан, меѓу другото напишал: „… Посакав Пречиста да не остане без празник Твојот свет покров, но како што Ти, Семилостива, сакаш да го украсиш чесниот Твојот покров, украси ги со веселба и оние кои Те прославуваат… И како што милостиво ги покри народите кои беа таму во црквата, така и нас грешните Твои слуги, покриј нѐ со покровот на Твоите крила, рушејќи ги советите и мислите на сите оние кои помислуваат зло против нас. И спаси нѐ по милоста на Твојот Син во овој и во идниот век, и сите кои со страв и вера притекнуваат кон Тебе, и оние кои на Тебе се надеваат на брза помош и застапништво…“.

Со тоа што Богородица богоподобно го љуби човечкиот род и е извор на сите наши добра, се објаснува особеното и единствено почитување кон Неа во Православната Христијанска Екумена. Она што Самиот Бог уште во Стариот Завет го објавил, дека Марииното име ќе биде почитувано и славено (спор. Пслм. 45, 17; Ис. 60, 12…) на некој начин прави продолжение и дополнение на празнувањето на Празниците на Христовиот Домострој во Тело, што, пак, значи дека секое празнување на Богородичните празници добива Христолошки и Сотириолошки карактер. А тоа е така, затоа што Богородица најпотполно Го Овоплоти Бога во Себеси и затоа што Таа е основа на догматите Христови.

 

Извор:

 

https://bigorski.org.mk/katehizis/znachenje-praznik-pokrov-presveta-bogorodica/

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1222
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1110
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…