логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов апостол Тома
6 октомври / 19 октомври

Ученик Христов бивајќи,
 на Божествениот Апостолски Собор сотрудник,
со неверие го прими известувањето,
за Христовото воскресение,
и тогаш со допир поверува во пречистото Негово страдање,
о сефален Тома. Затоа и сега измоли за нас
мир и голема милост!



 
Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Макариј
6 октомври / 19 октомври

Се ослободи болката на душата твоја,
и се покажа ревноста во мачеништвото
за Христа принесено, о, Макарие преподобен оче.
А Он како татко милостив ја исполни молбата
и го прими преумувањето на одарот на светоста.
Награда небесна добивајќи моли се, вo нас
верата да не омлитави, спасение
да добиеме по твоите свети молитви.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 


Православен календар за 18/10/2020 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 

 

 Од Верскиот календар:

Светиот апостол Тома   

apostol.toma2.jpg

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажали што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри.

 Во Индија Св. Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи. Меѓу останатите Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри. Овие сестри беа од своите мажи намачени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуштија. Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до смртта. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во соживот, но се посветија на подвиг. Пелагија заврши како маченичка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ. Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го осуди апостолот на смрт и испрати петмина војници коишто го прободија со пет копја. Така си ја предаде душата во рацете на Христос Светиот апостол Тома.

 Пред својата смрт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гробот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело. На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта.

И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица

 

Преподобниот новомаченик Макариј    

Роден е во местото Кион во Витинија од хриситјански родители, Петар и Антуса, а крстен е со името Мануил. Родителите го дадоа да учи кројачки занает. Потоа татко му се потурчи и се пресели во Бруса. Кога еднаш Мануил појде во Бруса по работа, наиде на татко му, којшто навали на сила да го потурчува. Мануил попусто се противеше: Турците насила го обрезаа. Тогаш тој побегна на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана и се нарече Макариј. Дванаесет години беше извонреден монах, но никако немаше душевен мир. „Ако некој се одрече од Мене пред луѓето и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец“ (Матеј 10, 33) - тие Христови зборови непрестајно му зуеја во ушите на Макариј. Затоа реши и со благослов на својот Старец отиде во Бруса и јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Христа, нарекувајќи го Мухамед лажен пророк. Го биеја сто и триесет дена подложен на тешки маки и на крајот го убија со меч во Бруса на 6 октомври, 1590 година. Еден дел од неговите чудотворни мошти се чува во скитот на Света Ана на Атон.

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1237
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1117
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »