Премин Портал

Кожувчанка

 ZareGsvKozma1

25. октомври 2026. година
Преподобен Козма Мајумски
Недела XXI по Педесетница (Лука, зачало 30)

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.


Благочестиви христијани,


Чудото за кое слушнавме денес од евангелскиот текст го опишува само светиот апостол Лука, исто како што воскресението на Лазар го опишува само светиот апостол и евангелист Јован, а пак, воскресението на Јаировата ќерка се опишани само од евангелистите Марко и Лука. Најпрво, Господ Исус Христос ја воскреснал Јаировата ќерка веднаш штом починала, па синот на Наинската вдовица кој веќе бил носен на одарот, а потоа го воскреснал Лазар кој веќе четири дена лежел во гробот. Од сите овие настани, вклучително и оној кој што е опишан во денешново евангелско четиво, гледаме дека реакцијата, односно дејството Христово не било предизвикано од ништо особено, туку дека се работи за семилосно однесување на Семоќниот Бог. Во денешниов текст согледуваме, неизмерна жалост на една мајка која го погребува својот син единец, бескрајно и безусловно милосрдие Божјо, и на крајот, чудо -- кое произлегува од Христовата божествена природа.

ZareGsvKozma2


Кога Господ Исус Христос ја здогледал мајката како ја следи погребната поворка и тажи над својот починат син единец, како што опишува евангелистот, „се сожали над неа, па ѝ рече: Не плачи!“ Самата глетка навистина била жална - Христос не барал докази за вера, не барал одговори кој е и каков бил починатиот, какво Му е семејството -- но едноставно, безмерното човекољубие излегло на виделина. Тука не се работи за привид, некоја преносна смисла или значење, туку за вистински настан, кој се случил во одредено време на одредено место. Чудото се случило наеднаш, со силата на зборот Божји, кога вели: „Момче, тебе ти велам, стани!“


Овие зборови се така едноставни како и зборовите при создавањето на светот и човекот. „Ајде да создадеме човек“ - „Момче, тебе ти велам, стани!“ - нема никаква разлика во едноставноста на зборот. Нема дури никаква разлика во љубовта од која е создаден човекот и љубовта со која момчето повторно оживува. Бог нема потреба од нашите скептични прашања -- дали нешто е, или не е; нема потреба да се докажува пред својата творба. Да се потсетиме, и светот и човекот се создадени од неизмерната Божја њубов. а и ова момче, на кого ниту името не му го знаеме е воскреснато од истата таа убов, милосрдие и човекољубие. Бог не противречи на своето дело - Бог не против законите кои Самиот ги поставил -- Он е над тие закони, во димензија за нас неразбирлива, замаглена, но сепак ветена. Божјиот образ е даден, но подобието е зададено - токму подобието, односно богоуподобувањето, е нашиот секојдневен исчекор нанапред кон совршенството во кое нè повикува нашиот Создател.

Апостол Лука продолжува со описот на настанот и вели: „Мртовецот стана и седна, и почна да зборува; и Он го предаде на мајка му.“ Гледаме како создаденото го слушнало гласот на својот Создател и веднаш ја извршило заповедта. Ова е онаа иста заповед како при создавањето на светот, кога божествената моќ го вдахнала животворниот дух во правот и создала човек. И тогаш, и во овој момент, мртвото оживеало; каде и да била душата на ова момче, таа послушно, откако ја слушнала заповедта на својот владетел, се вратила во телото и заедно со телото ја исполнило заповедта.


Оваа милост укажана кон вдовицата, која претходно го изгубила мажот, а сега и синот, е милост која се добива само од Бога. Тоа е нашата поука, и денес и во иднина.

Самиот Спасител ни порачува: „Одете и научете што значат зборовите - милост барам, а не жртва.“ Милосрдието, правењето милост едни на други, и едни кон други, е доблест која веднаш и безусловно ја вивнува човечката душа кон Бога.
Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го продолжи синџирот на милоста околу себе, да ја надмине и умножи примената милост, раздавајќи милост околу себе. Тоа е дарот кој го имаме, кој сме го примиле, на кој секојдневно се поучуваме, а ретко го практикуваме.

Затоа, и оваа куса евангелска приказна треба да разбуди во нас човек, а во целото општество -- луѓе, кои навистина живеат во заедништо; чии животи се испреплетуваат во добро и полезно. Милоста не бара толеранција, туку вистинското живеење; милоста не е да се толерира, односно да се трпи присуството на ближниот,но да се живее со него и за него, и едни за други. Тоа е она што Бог го бара од нас - тоа е она што Бог го ветил за нас кога вели: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.“

 ZareGsvKozma15

о.Жаркко Ѓорѓиевски

 

Скопје,25.10.2026- Божествена Литургиај  во храм на св.вмч.Димитриј

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3372
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3419
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная