логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TVITer7Вo гнeвoт Бoг сe oдвраќа oд избраниoт нарoд и сe жали на нeгo на oстанатитe Свoи сoзданија, сe жали на нeбeсата и на зeмјата. Чујтe мoи свeти и слoвeсни ангeли, и чујтe ситe зeмни бeслoвeсни прeдмeти! Сакав oвoј нарoд да гo направам свeт и слoвeсeн, а тoј сe пoнижи пoд бeслoвeснитe прeдмeти сo нeчистoтија и сo нeблагoдарнoст. Ги нарeкoв Свoи синoви и ги вoзвишив, а тиe ми свртeа грб и oтидoа кај нeчиститe идoли! Гнeв, Бoжји гнeв, гнeв на љубoв штo пo илјадапати му прави дoбрo на губавиoт, нo и кoја илјадапати  e пoплукана oд губавиoт.

Нека дава сила
Синот на Пресветата
Да истраеме во подвигот
На постот и љубовта,
Та преку молитвите на онаа која Го роди,
Стократни плодови на покајанието да принесеме,

Та преку тој наш подвиг
Се прослави името
На Отецот,
Синот и
Светиот Дух.
Амин!

3.angeli.so.trubaАко го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги лекувал и исцелувал ближните без надомест и без земна награда поради дарот и љубовта што ја имал од и кон Бога. Бесплатно го дарувал она што бесплатно го добил од Дародавецот.

3.angeli.so.trubaТоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат што и да им каже, иако Тој внимава и на тоа – колку тие можат да примат; второ, други луѓе, просто, сакаат да научат или слушнат нешто ново, но сепак, за дали тоа ќе го прифатат или не, критериум си останува нивниот разум; трето, доаѓаат при Него луѓе болни или ...

TVITer45Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe бидe сoчуван oд oвиe oпасни нeпријатeли. Лажнитe учитeли сe или слeпци или сe какo разбoјници; првитe заради свoeтo слeпилo ги вoдат вo прoпаст и сeбeси и другитe, втoритe заради завист намeрнo ги завeдуваат другитe на крив пат за да им ги прeдадат душата и тeлoтo на пeкoлниoт oган.

3.angeli.so.trubaСпомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на разбирање на Светото Писмо, на духовно раководење, на предвидување, на претскажување, на љубов и кон непријателите, на посебна Божја грижа и заштита, итн., итн. Зборуваме за дарови на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот.

3.angeli.so.trubaЕпископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и подобро „дело“ (1 Тим 3, 1) од тоа, да се служи на главната цел на Божјиот домострој ‒ спасението на луѓето, кои Божјата Промисла денес ги доверува на мојата грижа на моето тајноводство.
Затоа, мојот живот и надеж ги доверувам на човекољубивиот Господ Христос, и се молам Неговата благодат, што Тој ја испраќа во Таинството на хиротонијата, да дејствува во мене (Еф 3, 20), исцелувајќи ги моите слабости, дополнувајќи ги моите недостатоци

TVITer172Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги контролира и умот, и срцето, и душата, и телото на човекот. Прелеста може да се развие до илузија, како севкупна атмосфера во која човекот живее. Илузијата комплетно го одвојува својот роб од Божјата реалност и благодат.

3.angeli.so.trubaСе одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти Христос, иако Бог, ни покажа пример на послушание кон родителите и сѐ до Својата триесетта година им беше послушен на праведниот Јосиф и на Својата Пречиста Мајка. Се одрекуваме од Христос и не одиме по Него, ако не живееме во согласност со Преданието на Црквата и во согласност со Евангелието...

TVITer166Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe дави заради јажeтo, туку заради давeникoт да гo спаси.

И вeрата нам Бoг ни ја дал какo пат, на чиј крај патницитe ќe примат спасeниe на свoитe души.

И какo јажe Бoг ни ја дал вeрата на нас давeницитe вo мрачнитe вoди на грeвoт, нeзнаeњeтo и пoрoкoт, и сo пoмoш на вeрата да гo спасимe нашиoт живoт.

3.angeli.so.trubaКако што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување лажни чувства. Оттука произлегуваат и гревовите направени со збор, како и со дела.
Двете состојби на прелест заемно се поврзани и се надополнуваат – се потхрануваат едната со другата. Прелеста на умот предизвикува лажни чувства, а прелеста на срцето – лажни заклучоци и помисли на умот. Прелеста може да го направи бесплоден нашиот подвиг за многу години.

  3.angeli.so.truba  Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата што ќе ти бидат определени од нашата Света Црква и од надлежниот архијереј. Продолжи да ги надградуваш доверените души во доброто и во благочестието. Постојано моли се за твоите дела да Му бидат угодни на Бога.

3.angeli.so.trubaДа се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро, според зборовите Спасителови упатени кон учениците Негови: Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и слуга на сите![1]. Тоа значи да се биде смирен работник на нивата Божја, служител на тајната на љубовта, на тајната на Евхаристијата, не само во храмовите Божји, туку и во живите храмови – срцата на луѓето. А светата Евхаристија, делото на Божествената Литургија, е дело на едно непрестајно благодарење кон Бога.

3.angeli.so.trubaДенес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку громогласно Достоин не сум чул, се прашувам дали ќе чујам...
Имав поинаков благослов од првопредвидениот: место да сослужувам, од мал монитор, во репортажното возило на МТВ, го проследував и доловував настанот.

V.Naum.Veljusa3Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и на земјата, и наместо да спасуваш души – кои сакаат да се спасат, таа власт да ја користиш со намера за нивно вечно погубување, од лично суетни и од национал-шовинистички побуди – немам зборови. Тоа е толку голем грев пред Бог што поради него страда целото Православие.

3.angeli.so.trubaТеологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од начитаност и логика отколку знаење што произлегува од личносна заедница со Бог и своите ближни, во Телото на Воплотеното Слово, Црквата.

3.angeli.so.trubaВо духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе и кон нашите ближни. Саможивоста стана философија на нашето вата, ние всушност се ослободуваме од сите несреќи, слабости и немоќи на богозаборавниот и човекозаборавниот живот, искитен со сиот гнас што се нафатил на нашата природа од Каина до денес.

3.angeli.so.trubaДа си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме сите оние што различно мислат од нас, сите оние што можеби го кријат својот подвиг и наместо нив да почнеме телата свои да ги распнуваме преку пост, молитва, покајание, исповед, причестување за да се ослободиме од страстите и по дух да живееме подобно на нашиот светител кој со својот живот ни даде пример на голем аскет, 

3.angeli.so.trubaИсто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е Тој што принесува и Се принесува, Кој прима и Се раздава. Епископот вели: „ангел на мирот, чувар на нашите души и тела“, и секој човек е посетен, а секој демон отстапува – додека повторно не биде повикан. „Простување и разрешување“, и секој грев е простен – додека повторно не биде направен. „Сѐ што е добро и полезно за нашите души и тела“, и сѐ на добро се менува – додека ние не го промениме, по наше. „И направи го овој леб чесно Тело Христово, а што

3.angeli.so.trubaСвети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на словенски јазик. Но, неговата улога како свештеник и управител со манастирот не завршувала тука. Како многу учен и образован човек, кој познавал многу јазици, кај него секојдневно доаѓало мноштво народ за да се поучи за верата, но и за да слушне совети за секојдневниот живот, за земјоделието, за сточарството и другите практични работи.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1481
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1844
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1649
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…