логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVITer50

Да се исплаши човек


     „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен. Мнозина ќе ми речат во оној ден: Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме? И тогаш Јас ќе им кажам: Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!“
Страшно е ова што го читаме денес. Замислете, има луѓе кои во Христово име пророкуваат, бесови изгонуваат и многу чуда прават, но всушност, извршуваат незаконски дела и не воспоставуваат личен однос со Господ, т.е. Богочовекот Христос не ги познава. Ќе се запрашаме сите – како е тоа можно?


Прво, можно е поради вонредната благодат што делува во Црквата за да може таа и денес, во вакви услови – кога се ретки носителите на редовната благодат, нормално да функционира. Има и такви од официјалното свештенство што убаво проповедаат и пишуваат беседи, што изгонуваат бесови и што прават многу чуда – доволно е и самото служење на светата Литургија за тоа, но од моментот кога ќе си помислат дека тоа го прават со сопствен памет, сила и умешност, а најчесто тоа го прават и во своја слава, тие прават беззаконие и нивниот духовен развој, односно личниот однос со Бог им е блокиран.
Самите можат да се препознаат по отсуството на дарот на умно-срдечната молитва и немањето на потреба од исповед и духовно раководство - но, слепи се за тоа да го видат, а и да го видат, немаат смирение да се покаат; другите ги препознаваат по големата суета, како и по штетата што јавно ја прават во Црквата – најчесто, по внатрешните поделби.


И второ, можно е поради самата демонска помош при пророкување, изгонување бесови и правење чуда. Тоа најчесто им се случува на два вида лаици: на оние кои самите на себе си наметнуваат некаква месијанска улога во Црквата и на оние кои ни се познати како гледачи, бајачи, гатачи и секташи. Овие вториве, не ни се интересни за обработка, иако уште прават многу штета. Првите се поштетни.


Да се потсетиме, што точно им се случува на првоспомнатите. Сите оние што нема да го восогласат начинот на својот живот со степенот на душевниот или духовниот развој на кој се наоѓаат, како и со позицијата и улогата што ги имаат во Црквата, а имаат голема идеја за самите себе, се изложуваат на демонско влијание, како и на демонопседнатост. На пример, човек нема просветленост на умот – што произлегува од подвигот на умно-срдечната молитва и нема официјален свештенички чин, а нешто „поучува“ по социјалните мрежи и нешто ја „спасува“ Црквата од некакви си еретици или национални издајници. Таквите се идеални за демонопседнување, како и да станат инструменти преку кој демоните
делуваат во овој свет. Најлоша комбинација е спојот помеѓу првите и вторите.


Сите такви многу ќе се изненадат кога ќе го слушнат Божјиот глас: Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела! Не дај Боже никому!


Митрополит Струмички Наум

 11.06.2026

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2242
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2244
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 701
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

11/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост на масло)

Спомен на Првиот Вселенски Собор; Светата маченичка Теодосија Тирска; Преподобната маченичка Теодосија; Свети Александар, епископ Александриски; Светиот маченик Нан (Јован) Солунски; Падот на Цариград;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная