„Може ли слепец слепец да води?
И им кажа парабола: „Може ли слепец слепец да води? Не ќе паднат ли обајцата во јама?" Разумот претворен во идол е слеп за реалноста на Бог и секогаш ја насочува својата енергија надвор од своето срце, надвор од реалноста на Царството Божјо; и што да прави таму освен да суди и осудува, надополнувајќи ја општата атмосфера на судење и осудување, поттикната


И затоа треба постојано да се проверуваме, затоа што Божјиот печат што го добиваме на секоја Света Литургија, преку Божјото слово што го слушаме и преку Светите Тајни со кои се причестуваме, по некое време избледува. Јасно ни е дека со безобѕирно и страстно барање на човечка слава, богатство и телесни наслади, градиме идолопоклонички однос и идоли; но што е со она што го нарекуваме свето?
Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од Него нешто душеполезно во име на Некој што неизмерно Му значи. Нема ли Он Самиот прв да го почитува? Затоа, што и да посакаме од Него во име на Неговата Мајка, ќе ни исполни, за да се прослави и Мајката во Синот. И така секој Божји дар преку Неа го добиваме. Начелно, тоа значи „покров“, и главно, оттука произлегува нашиот „покров“.
Така што, Бог ни даде сила да можеме да живееме само од благодатта Божја и од ништо друго. Ни даде да сфатиме дека ѓаволот не владее над ништо, нити пак има власт некому да дава што било; таквото негово тврдење е лага и говори за друго нешто, а тоа е дека сите оние што на нечесен начин се здобиле со богатство
Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија со богомудри совети ги охрабрувала своите ќерки за да издржат до крај.
Да се трудиме и ние, со сите наши сили, да бегаме од неа.
Постојат толку многу препреки кои се појавуваат и го прават тежок човечкиот живот, а дните негови болни! Можеме да кажеме дека она што човекот го живее е сè она што може да се види, а тоа се препреки, проблеми, страв и болка. Но, тие препреки, слично на спортски достигнувања го челичат човечкото тело, и заради тоа Бог не ги отстранува од нас.
Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е погрешен – не е синовски (втемелен на личниот однос со Него), туку е робовски или наемнички. Од Крстот (страдањето) треба да ни произлегува радосна тага од надградениот однос со Бог, а не очај.
Преку денешнава парабола, Христос не поучува дека секој од нас е создаден од Бога со уникатна убавина, различна од другиот до нас. На секој од нас Бог ни дарил разнообразни божествени дарови, според кои се разликуваме еден од друг поради кои секој од нас има различен и подеднакво уникатен однос кон Господ Исус Христос, како личност со Личност. Таквиот наш однос, не се базира на големината на даровите кои ни
Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со друг благодатно-органски поврзани и еден на друг органи. Спасението е тајна на учество во Телото Христово токму на овој начин.
Во Ирод четворовласникот го препознаваме самољубието во сите три негови пројави или потстрасти: сластољубие (желба за телесни задоволства), среброљубие (желба за пари и имот) и славољубие (желба за овоземна власт и слава). Кај преподобен Јован Лествичник читаме дека човечките страсти често се судираат една со друга, односно една страст во соодветен момент
Да си помагаме меѓусебно за подобро да ги научиме лекциите, бидејќи сме си потребни еден на друг, сите зависиме еден од друг. Затоа треба да ги негуваме другарството и заедништвото. Треба да се молиме на Бога еден за друг. Треба да се молиме нашиот Бог, Исус Христос да ни даде љубов, да бидеме поблиску до Него,
Бог нема потреба од зејтин, лепење пари по иконите и нема потреба од ништо од нас материјално.
Секоја молитва што ќе ја изговориме е крик за простување: „Господи Исусе Христе, помилуј ме, грешниот!“ Еве што вели Бог: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен“. Ако овде ја промашиме целта, севкупниот наш подвижнички живот ќе
Кога би ги прашале луѓето во црква, кои го празнуваат денешниот празник, зошто сме собрани овде, тие веднаш би одговориле дека денес е Преображение Господово. Не велам дека одговорот не е точен, но морам да кажам дека бара светоотечко толкување.
Богочовекот Христос не е сега меѓу нас, но затоа ги остави Своите наследници, Епископите, чиј глас, кој повикува на лично покајание, треба да го послушаме, ако сакаме да се исцелиме. Нели, на тие што нѐ повикуваат на покајание и ни го покажуваат таквиот пат, не баш на сите. А патот е тесен и малкумина врват по него.
Оној кој Му благодари на Бога, тој од Бога добива дарови.
Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги лекувал и исцелувал ближните без надомест и без земна награда поради дарот и љубовта што ја имал од и кон Бога. Бесплатно го дарувал она што бесплатно го добил од Дародавецот.
Се започнува од помислата. Кога на некоја надворешната демонска помисла ќе и обрнеме внимание таа веќе влегла во нас и зазела простор. И повторно, ако не ја отфрлеме таа зазема уште поголем простор и прераснува во чуство и енергија и понатака се додека таа не се оствари на дело.
























