логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Протојереј Александар Шмеман

 

Порано или подоцна, на сите ќе им стане јасно дека Православието нема да го зачуваме со концентрирање на напорите за зачувување на „елинизмот“, „русизмот“ или „србизмот“. Еклисиолошката формула: „постои Константинопол на кого што Црквата му го доверила вселенското преемство“ станува: „нужно е да постои Константинопол!“ Но, трагичната двосмисленост на таа премиса е во тоа што Патријархот, чија функција е да сведочи за вселенскиот карактер на Црквата, да биде чувар на христијанскиот елинизам кој ја спречува секоја поединечна Црква целосно да се поистовети со национализмот – истовремено е за една посебна нација носител и символ токму за нејзиниот национализам. Вселенското преемство станува преемство на Грција. Мошне е карактеристично дека дури и грчките јерарси, кога зборуваат за „елинизмот“, го имаат предвид не толку „христијанскиот елинизам“ на Византија, колку „древно-елинската култура“ на Платон и на Питагора, на Хомер и на „Атинската демократија“ – како, божем, да се биде Грк значи да се биде речиси единствен „наследник“ и „носител“ на тој „елинизам“.

pantokrator.r.jpg

*  *  *

Јас лично прилично голем дел од својот богословски живот сум го посветил на „заштитата“ на вселенското преемство на Константинополскиот Патријарх, така што никој не може да ме обвини за „антиконстантинополитанство“. Тоа преемство, неговата неопходност за Црквата, неговото огромно потенцијално значење за Православието, уште еднаш свечено го исповедам и го потврдувам. Меѓутоа, за да може тоа првенство повторно да стане тоа што треба да е, мора да се очисти од сите двосмислености, од сите небитни контексти, од сите националистички заклучоци, од зависноста од минатото, од сегашноста и од иднината, од сето она што не ја претставува Црквата, и само Црквата.
 
Во сегашниот миг можеби најнасушна задача на вселенското преемство е: да нè ослободи од еретичките и од многубожечките национализми коишто ја гушат вселенската и спасителна улога на Православната Црква. Треба веќе еднаш да престанеме да говориме за нашите „славни денови и времиња“. Затоа што славата, според автентичното предание на Црквата, Му припаѓа само на Бога, а Црквата ионака е основана за прославување на Бога, а не на самата себе. Кога ќе го разбереме тоа, она што за човекот  е невозможно, ќе биде можно за Бога.

*  *  *

Несомнено е дека централниот и одлучувачки фактор на пост-византиската религиозна историја е токму потсвесното, но сепак очигледното претворање на Византија во постојана, основна и нормативна димензија или нота на самото Православие, претворање на „империјалниот“ слој во суштински слој на православното предание. Причините за тој парадоксален процес се премногу бројни и сложени за да можеме тука макар и да ги наброиме. Некои од нив имаат корени во самата Византија, некои во долгото турско ропство, некои во новите слоеви на грчката историја. Но, фактот е тука: преданието условено со историчноста на Црквата, т.е., „примањето“ на минливи и релативни „светови“ со кои таа била поврзана во текот на своето земно патување, ја одведе Црквата во своја спротивност: во антиисториски и неисториски карактер на грчкото поимање на нештата: Византија за Грците не е едно од поглавјата (па макар било и од централна важност и во многу нешта одлучувачко – во историјата на постојаното „патување“ на Црквата), - таа е целата историја, нејзиниот постојан terminus ad quem – крајна цел, после која веќе не може да се случи ништо важно, и којашто, како таква, може само да се чува. Реалноста на тој исклучителен и врховен „свет“ не зависи од историјата. Историскиот пад на Царството во 1453 година не само што не го разурнало, туку, напротив, го ослободило од сето она што, често, е само „историско“, т.е., минливо и привремено, го претворило во автентична надисториска реалност, во „суштина“ која веќе не подлежи на историските преврати. Историскиот царски град можел повеќе од петстотини години да се нарекува Стамбол – за Грците тој е  Константинопол, Нов Рим, срце, центар и символ на „реалноста“ којашто стои надвор од секоја историја.

Но вистинскиот и парадоксален карактер на таа „реалност“ е во тоа што воопшто не е тешко таа да се поистовети со која било „форма“ или „содржина“. Тука, се разбира, не се работи за Византиската Империја како таква, за политичката „мечта“ за нејзино можно историско возобновување. Грците се премногу реалистични за да не ја разберат илузорноста на таквата мечта. „Содржината“ на таа реалност, исто така, не е ниту особената верност или интересот спрема доктриналното, богословското, духовното и културното предание на Византија, т.е. оној „православен византинизам“ кој претставува суштински дел на православното Предание. Тој „византиски свет“, кој сам по себе е основно „мерило“ – свесно или, главно, потсвесно – на грчката религиозна настроеност на умот, не е ниту историската, ниту духовната Византија. Но тогаш, што е тој? Одговорот е од решавачко значење за разбирањето на грчкото религиозно и еклисиолошко поимање на нештата: Византија како истовремен темел и оправдување на грчкиот религиозен национализам.

Тоа парадоксално соединување на два различни, ако не и противречни слоја на историскиот развој на православниот свет стои во самиот центар на огромното и трагично недоразбирање, коешто по многу нешта е извор на сегашната криза.

Тоа соединување го нареков парадоксално затоа што, како што веќе реков, самата „суштина“ на византиското „империјално“ предание не била национална, туку универзална. И самата таа универзалност – колку и да била теориска и несовршена – ì дозволила на Црквата да ја прими Империјата и да направи од неа свое земно „пребивалиште“.

Борбата помеѓу „грчкото“ и „христијанското“ ја сочинува содржината на големата и за секогаш нормативната патристичка епоха, нејзина автентична „тема“. И токму „грчкиот“ препород, раѓањето на грчкиот национализам, автономен во однос на христијанскиот елинизам, бил, во последните години на Византија, еден од основните фактори на Флорентинската трагедија.

Според тоа, она што се случило со грчката настроеност на умот не е резултат на еволуција и на развој, туку на преврат. Трагичните случувања во историјата на Империјата, горчливото искуство на турското ропство, борба за зачувување на голиот живот и за ослободување – сето тоа го сменило изгледот на „империјалното“ предание и му дало смисла сосема спротивна на онаа што тоа предание ја имало во почетокот, и која што ì дала можност на Црквата да го усвои. Универзалното е заменето со „национално“; „христијанскиот елинизам“ – со „елинизам“; Византија – со Грција. Единствената и универзална христијанска вредност на Византија им била пренесена само на Грците, на грчката нација која сега добила, по пат на исклучива идентификација со „елинизмот“, нова специфична боја. Мошне е карактеристично дека дури и грчките јерарски, кога говорат за „елинизмот“, го имаат предвид не толку „христијанскиот елинизам“ на Византија, колку „древно-елинската култура“ на Платон и на Питагора, на Хомер и на „Атинската демократија“: да се биде Грк значи да се биде речиси исклучив „наследник“ и „носител“ на тој „елинизам“.

Тој „елинизам“ е, всушност, грчки израз на светскиот национализам кој е од понова дата и ги има своите корени во Француската Револуција 1789 година и во европскиот романтизам. Како и секој друг национализам од таков вид, и тој е изграден на митолигија, делумно „световна“ а делумно „религиозна“. На световен план тоа е мит за исклучивата врска на Грците со „елинизмот“ – кој, пак, е заеднички извор и темел на сета западна култура. На религиозен план тоа е мит за исклучивата релација со Византија, христијанската „икумена“ – која, пак, е заедничкиот темел на сите Православни Цркави. И токму таа двојна митологија, или подобро – притисок кој таа го врши на грчкото црковно мислење, толку многу го отежнува еклисилошкиот дијалог со Грците.

Првата тешкотија е во различното поимање на местото и на улогата на Вселенскиот Патријарх во Православната Црква. Сите Православни Цркви, без исклучок, го признаваат неговото преемство. Постои, меѓутоа, битна разлика во сфаќањето на тоа првенство меѓу грчките Цркави и сите други.

Основната мера за неговото преемство за негрчките Цркви е суштинската еклисиологија којашто отсекогаш го признавала вселенскиот центар како израз на согласност и единство, односно како таксис – поредок на старешинството и чест меѓу Црквите. Оттука вселенското преемство истовремено е и суштинско, во таа смисла што тоа постои отсекогаш во Црквата, и историско, во смисла што неговата „припадност“ може да се менува, како што, всушност, и се менувала, бидејќи зависи од историската положба на Црквата во одредено време. Преемството на Константинопол било востановено од страна на Вселенските Собори, со согласност на сите Цркви. Тоа и го прави „суштински“, зашто тоа навистина е израз на согласност на Црквите, на нивното единство. Но, од друга страна, точно е и тоа дека тоа преемство било востановено во одреден историски контекст како еклисиолошки одговор на одредени состојби: настанокот на христијанската Империја. И макар што денес во целата православна Црква никој не ја чувствува и не ја искажува неопходноста од каква било измена на „поредокот“ на Црквите, таквите измени и порано се случувале и, макар и теориски, можат да се случат и во иднина. Така, на пример, во случај да дојде до „преобраќање“ на Римокатоличката црква, „вселенското преемство“ може да му се врати – како што може и да не му се врати – на првиот Рим. Таков е, во својата најпроста форма, еклисиолошкиот став на овие негрчки Православни Цркви. Преемството – потврдено од сите други – на Цариградскиот Патријатх тука нема никакво „национално“ толкување и не содржи никаков божествен, односно вечен таксис, поредок на Црквите. Ако е нужно, со согласност на Црквите искажана преку Вселенски Собор, постоечкиот поредок може да биде променет, како што и порано се менувал во случаите на Антиохија, Ерусалим, Ефес, Кипар, и на самиот Цариград.

Ваквата теорија, меѓутоа, за Грците е „анатема“, така што токму тука излегува на виделина двосмисленоста на современата православна еклисиологија. За Грците „мерило“ за преемството на Вселенскиот престол не се наоѓа во некое одредено еклисиолошко предание, туку во исклучителната положба којашто ја има Вселенскиот Патријарх внатре во тој „елинизам“, кој, како што видовме, ја сочинува „суштината“ на нивното религиозно сфаќање. Зашто, ако световниот центар на тој „елинизам“ се наоѓа во Атина, неговото религиозно огниште и символ, без сомнение, се наоѓа во Константинопол. Во тек на многу векови под турско ропство, Патријархот бил религиозен етнарх на грчката нација, огниште и символ на продолжетокот на нејзиното постоење и на нејзиното автентично лице. Оттука Вселенскиот престол за Грците и ден денес останува реалност на еден ред, не толку еклисиолошки и канонски, колку духовен и психолошки. „Канонски“, Грците можат да припаѓаат или да не му припаѓаат на Патријархот. Така, од една страна, Еладската Црква е независна од Патријархот, а од друга страна, секој Грк кој живее во Австралија или во Латинска Америка не наоѓа под негова „јурисдикција“. Но, каков и да е неговиот „јурисдикциски“ статус, сите тие се под Константинопол. Тука не е важен Константинопол како вселенски центар на единство и на согласност, туку Константинопол како таков, Вселенски престол како носител и чувар на „елинизмот“. Неговото преемство сега ì се припишува на самата суштина (еssе) на Црквата, станува само по себе nota Еcclesiae. Еклисиолошката формула: „постои Константинопол на кого Црквата му го доверила вселенското преемство“, станува: „нужно е да постои Константинопол“. Но, трагичната двосмисленост на таа премиса е во тоа што Патријархот, чија функција е да сведочи за вселенскиот карактер на Црквата, да биде чувар на христијанскиот елинизам кој спречува секоја поединечна Црква целосно да се поистовети со „национализмот“ – истовремено е за една посебна нација носител и символ токму за нејзиниот национализам. Вселенското преемство станува преемство на Грците. За Грците, коишто постепено се нашле во стапицата на поистоветувањето на „византиското“ со „грчкото“, со националната и, дури, со етничката улога на византизмот, секој обид на востановување на политичка и црковна независност од Империјата од страна на Словените, на Арапите или на Романците – значел речиси автоматска опасност за „елинизмот“, обид за уништување на Грците и на нивното првородство во рамките на Православието. Тие никогаш не успеале да разберат дека суштинското единство на православниот свет не е ниту националното, ниту политичкото, ниту, дури, ни јуридикциското единство, туку токму единството на „христијанскиот елинизам“, на православното воплотување на првобитното христијанско предание. Тие не го разбрале тоа затоа што го поистоветиле „христијанскиот елинизам“ со „елинизмот“, т.е., со грчката национална и етничка „личност“.

Разните „автокефалии“, дарувани во текот и по византискиот период, претставувале „отстапки“ и „прилагодувања“, а не признавање на нешто нормално, нешто што „одговара“ на новата состојба, слично како што признавањето на „империјалната Црква“ ì „одговарала“ на претходната состојба – на христијанската Империја. Бидејќи во грчката религиозна настроеност на умот немало место за таа нова состојба, затоа на неа во реалноста е гледано како на нешто случајно и привремено. Тоа била причината што ниту една „автокефалија“ не била дадена слободно, туку секогаш била резултат на борба и на „преговори“. Исто така, од истата причина, принципот на „автокефалноста“, кој претставува основен принцип на сегашното устројство на Црквата, и ден денес не е целосно разбран од страна на грчките „официјални“ црковни кругови, како во неговиот „почетен стадиум“ („право на давање автокефалност“), така и во неговата модалност (последиците за меѓуцрковните односи, коишто произлегуваат од него.

Едно е јасно, а тоа е можеби и најголемиот парадокс на сиот тој развој: не сакајќи да го признаат принципот на автокефалија de facto, грчките „официјални“ црковни кругови како да се праваат со истата онаа логика којашто ги натерала Грците да го отфрлат и да се борат против тој принцип, односно, со идејата за суштинската разлика меѓу елинското Православие и другите „Православија“. За разлика од оние поранешните, коишто во минатото се бореле против „автокефалии“ зашто тие (автокефалии) ја отфрлале премисата дека „христијанскиот елинизам“ – како суштина на Православието – може да има каков било друг еклисиолошки израз освен изразот на „империјалната Црква“, а таа е грчка, – овие сегашните ги признаваат автокефалиите зашто, заменувајќи го „христијанскиот елинизам“ со „елинизмот“, сметаат дека е нужно другите „Православија“ да бидат израз на некоја друга „суштина“: „руско Православие“, „српско Православие“ итн. А бидејќи повикот на грчкото Православие се состои во зачувувањето на елинизмот, тогаш и повиците на другите Цркви се состојат во тоа да ги чуваат своите сопствени – двојно национални – „суштини“. Составувајќи го на тој начин својот полн круг, „империјаното“ сфаќање се поврзало со „националното“. А тоа било неизбежно ако се потсетиме дека вистинскиот извор на современиот „национализам“ не е во Христијанството туку во идеите на Француската Револуција 1789, која е вистинската „мајка“ на ситничавите фанатични и негативни „национализми“ од 19 и 20 век. Тоа по што сепак се разликува тој нов грчки (не византиски, туку современ) национализам од другите православни национализми, е убеденоста којашто се задржала во него од неговото „империјално“ минато, дека меѓу сите православни „суштини“ грчката „суштина“ има преемство, дека зазема iure divino прво место. Заборавајќи дека вистинското единство на Православието не произлегува од „елинизмот“ како таков, туку од „христијанскиот елинизам“ кој вистински има „преемство“ над сите други негови „изрази“, поистоветувајќи го тој елинизам со самите себе, Грците претендираат на „преемство“ коешто навистина би можело и да им припаѓа, но врз основа на сосема други претпоставки. Ете во тоа се состои, во нашите дни, основната двосмисленост на „вселенското преемство“ во Православната Црква. Дали тоа му припаѓа на првиот меѓу епископите, на оној кого„согласноста“ на сите Цркви го уважува, или тоа му припаѓа на духовната глава и носителот на „елинизмот“, чијашто христијанска вредност и припадност е исто толку сомнителна како и на кој било друг современ полу-многубожечки национализам?

Само доколку сме способни нашите прашања да ги поставиме на онаа висина на која единствено и е можно да се даде одговор на нив, т.е., на висината на суштинската еклисиологија, само ако сме во состојба да ги увидиме и да ги оцениме фактите во таа основна перспектива, – само тогаш бурата што се крена ќе биде осмисленна, и само тогаш таа ќе не доведе до заедничката победа. На сите, порано или подоцна, ќе им стане јасно дека Православието нема да го сочуваме со концентрирање на напорите за зачувување на „елинизмот“, или на „русизмот“, или на „србизмот“. Напротив, чувајќи ги и исполнувајќи ги барањата на Црквата, ќе го спасиме и сето она што е суштинско во различните воплотувања на христијанската вера и на христијанскиот живот. Ако проф. отец Флоровски, руски богослов кој живее и работи „во прогонство“, имал храброст (во својата книга „Патиштата на руското богословие“) да го разоткрије и да го осуди оддалечувањето на „русизмот“ од „христијанскиот елинизам“ и така цело едно поколение руски богослови да ги ослободи од последните остатоци на псевдо-месијанскиот религиозен национализем, зарем тогаш не е време и на Грците - па макар и на еден од нив – да им направи една таква, навистина тешка, но ослободувачка операција, во врска со двосмисленоста на „елинизмот“?

 

Од книгата: Во барањата на корените на американската бура

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная