логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Каква треба да биде нашата работа во Рајот? Што правеле Адам и Ева? Како што вели Писмото, Господ го зеде човекот и го стави во Рајската градина за да ја одгледува и чува  (Битие 2,15), со други зборови да ги заштитува и одгледува растенијата таму. Тие растенија беа како облека на Божествена убавина, творејќи еден природен свет, еден природен израз на Божјата величественост и светост. Природниот свет беше одраз на Божјото величие, и преку природата Бог беше видлив за очите на нашите прародители. Одгледувајќи ја градината, тие се трудеа за славата и величието Божјо, внимателно негувајќи и растејќи ја тварта околу нив.

Значи, на прво место доаѓа работата. Не можеме да го доживееме Бога без работа. Луѓето што не работат напорно и не се трудат во своите земни обврски, нема да имаат успех ни во својот духовен живот. Ние мора да работиме.

7.Vselenski.sobor
Откако ги постави Адам и Ева во Рајската градина, Господ им рече:  Можете да јадете од било кое дрво во Рајот (Битие 2,16). Немојте да се чудите на ова. И јадењето е духовна задача, бидејќи Рајот е место кое што е поврзано и со телесните и со умствените сетила. Адам заедничареше со Бога преку плодовите на дрвјата, кои беа праслика на небесната храна, за која Христос вели: Земете јадете и пијте … (Мат. 26,26-27). Јадејќи ја Рајската храна, Адам не го хранеше само телото туку и својата душа. Тоа беше за него начин да заедничари во Бога. И затоа кога ќе ги слушнеме зборовите: Земете јадете и пијте…, ние го слушаме гласот Божји кој нѐ повикува на заедничарење во Рајот. Но храната на Адам беше плод од дрвјата, ние, пак, јадеме од Самиот Леб кој слезе на земјата (Јов. 6,32-35).

За Адам јадењето и пиењето беше начин за возвишување кон Бога. Исто е и со нас: ние се храниме од Божественото учење, и од  секој збор што излегува од устата Господова (Мат. 4,4). Словата на Отците се исто така храна и питие, како што се и житијата на светиите и сите молитви и химни на Црквата. И тоа е нашата Рајска градина, нашиот Едем, Божествена гозба, уживање и хранење со Бога. Ете као Царството Божјо ни станува достапно, можеме да го вкусиме и ни се нуди како духовна храна.

7.Vselenski.sobor

Се разбира, имаше, како што знаете, едно дрво од кое на Адам му беше забрането да јаде, бидејќи тој не беше сѐ уште спремен, не беше доволно зрел. За некој да може да добие голем духовен дар, или откровение на некоја голема тајна, тој треба да созрее, во послушанието, за да покаже, во текот на еден подолг период, дека тоа навистина го посакува. Ете зошто духовникот може да му даде правило: „Две години не го прави тоа и тоа“, за во текот на тие две години, или два месеци или кое и да е време, да покаже дека се променил на подобро, при што послушанието е знак на неговата посветеност. Така и Бог направи со Адам.

 

Извор:Бигорски манастир

13ти декември2019 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1265
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1475
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1343
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »