Овој преблажен маченик Христов од младоста израсна како лоза доброплодна, која со духовна сладост ги напојува сите, а разумот му процвета како благомирисен крин, кој со љубов ги влече сите кон Христовата вера. Украсен со извонредната добрина Христова, со убавината на лицето ..
Св. Порфириј Кавсокаливит: Христе мој, едно барам, едно посакувам: да бидам со Тебе
Јас кутриот, што да ви кажам… многу сум слаб. Не успеав толку многу да Го возљубам Христа, мојата душа да копнее по Него. Чувствувам дека сум многу назад. Така се чувствувам. Немам стасано таму каде што сакам, не ја живеам таа љубов. Но не очајувам, туку ѝ се доверувам на Божјата љубов. Му велам: „Христе знам дека сум недостоен.