† ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН ЗА МОНАХИЊАТА ДОРОТЕЈА
По завршувањето на Литургијата, беше отслужен парастос за покој на душата на упокоената монахиња Доротеја, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодно слово.
По завршувањето на Литургијата, беше отслужен парастос за покој на душата на упокоената монахиња Доротеја, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодно слово.
Малкумина се оние што од опит ги разбрале овие Божествени зборови, и навистина ретки се оние што во полнота ги доживеале. Еден од овие ретки тајници на Божјата благодат е и преподобниот Наум, Чудотворецот од Охрид, кроткиот и тивок проповедник на Евангелието Христово, татко на словенското општежитие, образ на монасите, утеха на тажните, мудрост на неразумните, закрилник за родот наш словенски.
На 03.07.2016 година, втора Недела по Педесетница, Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски.
Имаше некој што го праша ава Пимен: како треба да се пости? Ава Пимен одговори: мислам дека може да се јаде секој ден, но по малку, да не се биде сит. – А ти, му рече ава Јосиф, кога беше млад, зар не постеше по два дена? – Точно, му одговори старецот, постев и по три дена, и по четири, и по цела недела – и старците, како силни мажи,...
Светла седмица, старецот благослови на бдението да бидам замонашен. Бев приведен пред олтарот и започна чинот. Во делот кога се спомнува новото монашко име го слушнав името Климент. На крајот од монашењето, старецот се обрати со следниве зборови:
Со голема благодарност кон Распнатиот и Воскреснатиот Господ, вечерва го извршивме потстригот на нашиот брат, монах Климент. Кај братот гледаме...
„Верувам дека Христос е Вистина, но доколку некој ме увери дека Христос не е вистина, попрво би бил со Христа, отколку со вистината“
Ф.М. Достоевски
Ете, на Закхеј му е простено среброљубието, на блудницата – телесните гревови, на разбојникот на крстот – разбојништвото и на многумина други – , многу други гревови. Зошто тогаш не би можело да се прости и одрекувањето на вистината, неверието, исмевањето на Бога Светиот Дух?
Не издржал, а да не го запраша просјакот: Зарем навистина си толку понизен и скромен?
Не, – одговори просјакот. – Но, доколку коњаникот беше среќен човек, никогаш не би дошол да ме удри со камшикот по лице!
Ако искуствено не ја знаеме својата теологија, секој од нас верува на поинаков начин, па немаме една иста нарав, не живееме на ист начин и затоа не чувствуваме меѓусебно единство. Кога сите имаме иста догма, во Црквата постои длабоко и внатрешно единство. Поради тоа, Црквата ги одлачувала од своето тело...
Светите Отци ни кажуваат дека како што продолжуваме да се молиме, да ги живееме Заповедите, одиме во Црква и го слушаме нашиот духовник, можеме да очекуваме да бидеме ослободени од неодлучност, вознемиреност, и двоумење. Нашата волја станува посилна. Можеме да очекуваме да бидеме достапни за другите на начини на кои поинаку не би можеле да бидеме,...
На 26.06.2016 година, во првата недела по Педесетница во која си спомнуваме за сите светии, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското..
На ден 16. 07. 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот, Повардарската епархија ќе организира групна крштевка во водите на реката Бабуна во Велес. Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
Во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, во просториите на МАНУ, на 24. јуни 2016 година, се одржа промоција на изданието на црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски од 1371. Изданието го претставиа приредувачот на изданието проф. д-р Гелиан Михајлович Прохоров од Институтот за руска литература од Руската академија на науките и членовите на неговиот научен тим:
Во првиот член од Символот на верата исповедаме: Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо. Според библиско-христијанското учење, светот не е вечен (не постои отсекогаш), ниту, пак, неговото постоење се должи на случајот. Светот е создаден од ништо од страна на Бог Творецот.
Токму затоа да го пренесеме во својот живот она што преподобните Отци го кажуваат за монашкото устројство на животот, кое е двострано: согледување (теорија) и дело (пракса). Што во монашкиот живот е согледувањето (теоријата?) Можно е некој да биде потстрижен за монах, а да се занимава, грижи и вознемирува за многу работи. Но како во тој случај да Го најде Бога?
Ова човечко славословие за Преблагословената добило и небесна потврда, кога Архистратигот Гавриил, испратен лично од Неа, му кажал на „смирениот послушник од Гората Атонска“ дека навистина е достојно да Ја ублажуваме Мајката на нашиот Бог. И токму споменот за ова преславно чудо беше причината за сеноќниот празничен и молитвен собор во Бигорската Обител.
На 20.06.2016 година, понеделникот по празникот на Светата Троица (Педесетница), ден кого Црквата го посветила за прославување на Пресветиот и Животворен Дух, како еден од Светата и Животоначелна Троица, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Божествена Литургија во црквата „Света Троица“, во Маџир маало.
За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...
… Никој никогаш не ја видел во сета полнота Божјата Убавина, и затоа, според св. Григориј Ниски, нема око што ја видело, дури и вечно да се напрега: всушност, таа не може целосно да се види онаква каква што е, туку единствено според мерата во која е достапна преку силата на Светиот Дух. А како дополнение на оваа непојмливост, најбожествено и најчудесно е тоа што најголемото поимање што човек може да го има,
На 22 јуни 2016 година, со почеток во 20:00 часот,во Музеј на град Скопје во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија
концерт ке одржат етаблираните уметници Момчило Куфојанакис, виолина и Весна Ангелова Христов, пијано.