Св. Теофан Затворник: Претерани грижи (Речник на христијанскиот живот-53)

Празнословието
Не можете да го оставите празнословието... Празнословието е најразорно дело. Нему рамно зло му е кога шетаат не пазејќи на сетилата... И едното и другото многу го попречуваат успехот во молитвата...
Јазикот?! Нема поштетна работа под небесата. Добро би било така да се уреди, за секоја недоличност од негова страна да се нешто да го убоди (макар малку). Така би бил посмирен, а вака е како апаратче кое пее песни... како да го навиле, пуштиле и ... тра-ла-ла.








„Голема е силата на црковната молитва! Затоа и јас ви ја давам таквата заповед,љубени чеда мои: Љубете го храмот Божји! Не ги пропуштајте црковните служби.
Има нешто во човекот, скриено длабоко во него, во најзагадочните места на неговото внатрешно битие, што е посилно од секое искушение, од секоја препрека, од секој страв, од секоја суетност… Нешто што го придвижува кон вечноста, кон победата над овој свет… Стремежот да биде со Бога. Да се наоѓа во непрестајно општење со Него, во заедница со Најпрекрасниот, во причастие со Неговите Божествени енергии. И ете, следејќи го неотклонливо тој внатрешен копнеж, преку макотрпниот
Блажена е душата која Го засакала Господ и од Него се научила на смирение. Господ ја сака смирената душа која цврсто се надева на Него. Таа секој миг ја чувствува Неговата милост. Дури и кога разговара со луѓето, таа е обземена од љубовта кон Господ. Преку долгите борби со злите духови таа го засакала смирението повеќе од сѐ и не им дозволува на демоните да ја избркаат љубовта кон ближните од неа.
На 13. 03. 2020 година, во Втората недела од Великиот пост, во Соборен храм во Скопје, отец Зоран Копчаревски во сослужение на о.Сашо Николовски и о.Бранислав Стојанчов, отслужи Мало повечерие со читање на втората статија од Акатистот кон Пресвета Богородица
Божествената Литургија на претходноосветени дарови е една од најчудесни и трогателни богослужби
"Говореше авва Нистерој: „Неповреден од стрелите на ненавидникот останува монахот што го љуби тихувањето; а оној што се меша со мноштво луѓе постојано е рануван.“ И уште: „Слугата што не ги врши делата што му ги дал неговиот господар нека се приготви да биде биен.“ (Лука 12, 47)"
Темата за смртта е баш на вистинското место за време на постот. За неа треба да се говори. Да се гледа со широко отворени очи. Да се бара исход од неа. И луѓето да копнеат за вечноста. На крајот на постот ќе се произнесат и зборовите на апостолот: „Смрт, каде ти е осилото? Пеколу, каде ти е победата (1. Коринт 15,55)?“ и двата најважни зборови за целото човештво: „Христос воскресна“! Некои, дури и сакаат да ја откажат објавата на таа вест, затоа што мислат оти ќе се заразат доколку ја слушнат.
Не сум загрижен од стравот на луѓето кои не веруваат, туку повеќе ме загрижуваат ставовите на христијаните кои сакајќи да се постават како „адвокати“ на Бога, во случајов, дрско го небрегнуваат здравјето на ближните.
По читањето на второто Старозаветно четиво, од центарот на црквата се воздигнува една трогателна и возвишена песна: „Нека се исправи мојата молитва како темјан пред Тебе, а воздигањето на моите раце како жртва вечерна“ . Овие зборови се земени од 140 псалм. За време на ова псалмопение, се кадат Престолот и Жртвеникот во олтар. Овие стихови, заедно со останатите стихови од истиот псалм се повторуваат шест пати.
За осветување на водата сведочат древните автори уште од првите векови на христијанството, како „Апостолските установи“, „Евхологион“ на свети Серапион Тмуитски, како и отците Теодорит, блажениот Јероним, Епифаниј и други. Сите говорат за осветување на водата, со повикување на Светиот Дух, и со потопување на крстот во водата и крстообразно благословување од страна на свештеникот – елементи кои се задржале до денес.
„ Искушенијата ни се секогаш од полза, но само ако сме трпеливи.
Вoзљуби ја сиромаштијата Христова, за духовно да се збогатиш преку неа. Постот е колесница, која води кон небото. Постот ги раѓа пророцитe и ги умртвува законодавците. Постот е добра заштита на душата и надежен сожител на телото. Тој е оружје за доблесните и училиште за подвижниците. Постот ги отстранува искушенијата и поттикнува на подвиг во благочестието. Тој е сожител на трезвеноста и виновник за целомудрието.
Автентичноста на доживувањето не се поистоветува со помпезно изразување, бурна сензационалност, восхит, изненадување или световно воодушевување. Христијанското доживување е таинствено, длабоко и внатрешно. Доживувањето на Хананејката, која прифати Господ да ја споредува со кучињата, на Закхеј кој јавно ги исповеда своите неправди, на крвоточивата која тајно зеде сила од Бога, претставуваат примери на автентичност. Никој не внимаваше на овие луѓе.
Господи Исусе Христе, Учителу на милоста, 
Но, кога ќе настапи бура на искушенија, тогаш застануваат со "сидрото" и со трпение чекаат подобрување на благодатна атмосфера за нивните подвизи.
























