логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

 Korica.Pisma.Valaam.jpg

59.     
3 февруари 1951 г.
Прашуваш дали може да одиш на панаѓур! Самата реши! По советот на преп. Варсонуфиј, претходно помоли се, па потоа како ќе решиш така и постапи. Но не е панаѓурот причина за твојата вознемиреност, туку твојата суета. Зашто зборуваат така, а не онака како што мене ми одговара! Туку, еве што да направиш: за време на панаѓурот читај ја внимателно молитвата, тогаш ќе бидеш спокојна и целиот разговор ќе ти биде привлечен.
Денес, на 3 февруари, го погребавме јероѓаконот Корнилиј. Најверојатно се сеќаваш на него, целото време пееше молебни. Боледуваше само три дена; јас секојдневно го причествував. Утрото го причестив, а ноќта во 12 часот се претстави толку тивко што не го слушнаа дури ни четирите монаси кои живееја со него. Во 12 часот го погледнале, а тој веќе починал: очите му биле затворени, а рацете прекрстени на градите. Блажен крај!

60. 
20 јануари 1952 г.
Слушам дека твојот сопруг пие. Што да се прави? Не жалости се, не осудувај ги. Секој има свои слабости и недостатоци, па така ни тој не е без слабости и недостатоци. Ете, така се учите да го носите бремето еден на друг и така да го исполнте Христовиот закон.
Господ нека те измудри!
 
Колку бргу лета времето! Го чекавме денот на Христовото Раѓање, Богојавление и Новата година и сето тоа помина. Сега ја чекаме светата Пасха. Секако, пред тоа треба да го чекаме Великиот Пост, како средство за подготовка, за попотполно да го прославиме Светлиот Христов Празник.
Еве што забележав. Во староста времето лета побргу, бидејќи се има чувство дека се е завршено и дека се наближува времето на преминот во вечноста, па некако и сите интересирања се гаснат. А ако загледаме во душата на младите де-војки, ќе видиме како фантазираат дека ќе бидат среќни, ќе најдат добри сопрузи, ќе бидат богати и дека семејниот живот ќе им биде добар, како и многу други работи на таа тема, тие сликички се прострујуваат низ нивната глава и повторно — остануваат сами.
Нашиот манастирски живот се уште по малку тлее. Нашето братство остаре — станавме вистински дом на старци, кој од кој постар. Ако преживеам до февруари, ќе наполнам 79 години — јас сум прилично зрел за премин во вечноста. Му благодарам на Бога што ги доживеав овие години и што ме удостои мене грешниот да го поминам сиот живот во манастир. Не ги запознав светските патења, полни со лукавство, суета, лицемерие, лага и гордост. А зарем некогаш со тие пороци можеш да почувствуваш мир и милост во душата? Јас тврдам дека не можеш.
Ете, кога ти со сопругот одиш во театар или на маскембал, што чувствувате кога доаѓате дома? Секако, имате некој пријатен впечаток што сте го донесле од таму и ќе чекате можност повторно да отидете таму, освен ако не ве спречи болест! Ете, така поминува световниот суетен живот. А човек кога лежи на смртна постела или кога е болен, тогаш мора да доживее изненадување — настаните што ги проживеал, минатиот негов живот пред него ќе се одвива како на филм и дури тогаш тој ќе разбере дека овој свет е заведувач!
Го призивам Божјиот благослов врз сето твое семејство.

61. 
18 февруари 1952 г.
Вие немате деца, а сакате да ги имате. Вашата желба е природна, слична на поредокот на работите. Сепак, се се случува: децата понекогаш не им носат радост на родителите, туку големи неволји. Да се потпреме на Божјата волја, бидејќи Тој ги знае нашите потреби и пред да го замолиме, ако тоа е корисно, ќе имате и деца. Ќе се молиме вака: Господи, Ти ги знаеш нашите потреби уште пред да те замолиме! Благослови, според Својата добрина, тоа да ни биде полезно! Амин!

 

(Продолжува)

 Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1460
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1813
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1618
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…