Свечена академија по повод 70 години од Првиот Црковно-народен собор (03.03.2015)

На 03.03.2015 по повод 70 години од Првиот Црковно - народниот собор за возобнување на Охридската архиепископија како Македонската православна црква се одржа Свечена академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, на која свое излагање имаа Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Претседателот на Собранието на Р. Македонија г. Трајко Вељаноски.

















Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.





























