логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

02.jpg

 04.jpg

Три дена во непрестаен пост, молитва и покајание
12/25 февруари 2015 лето Господово

„И откако постеше (Исус) четириесет дена и четириесет ноќи, најпосле огладне. А кога пристапи до Него, искушувачот Му рече: ‘Ако си Син Божји, заповедај овие камења да станат лебови’. А Он му одговори и рече: ‘Напишано е  - не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога’“ (Мт. 4, 2-4).

Колку е докажана и безброј пати потврдена вистинитоста на сите Христови зборови! „Не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога“. Го знаат ова и го искусиле во своите животи сите христољубиви души; знаат тие дека не само земната храна го одржува животот на човекот, туку, уште повеќе, небесната – храната што ни доаѓа непосредно од Бога. Силата на овие зборови на Спасителот најмногу доаѓа до израз за време на Чесниот Пост, а особено во првите три дена, кога оние што се решиле сосема да се воздржуваат од секаква храна и пиење, се насладуваат само од Божјата мудрост. Хранејќи се од таа Божествена храна, слеана одозгора во чудесните великопосни богослужби, Бигорската света обител со многу свои духовни чеда овие три дена беше потоната длабоко во морето на духовното созерцание, себеиспитување и покајание. Со часови и часови, и ден и ноќ, нашите души како сува земја ги впиваа капките на духовната мудрост, кои како во порој истекуваа од покајните стихири на Посниот Триод, од светоотечките слова, од старозаветните пророштва и сказанија, од Псалмите Давидови, од Великиот покаен канон на големиот познавач на длабините на душата – светиот критски пастир, премудриот Андреј. Навистина од Бога подарено време за пробудување од гревовниот сон, за заборавање на суетниот метеж и враќање при себеси, време кога небото ни се открива и болката на покајанието ја поттикнува душата да се ослободи од гревот и страстите, време на сознателни усилби, кои ни помагаат да стекнеме поинаков поглед на светот – имено тоа дека Господ го определил Царството Божјо во нас.


03.jpg
И најпосле, по тридневното целосно воздржание, во храмот торжествено одекнува молитвениот глас на нашиот Старец, архимандрит Партениј: „Благословено е Царството на Отецот, и Синот, и на Светиот Дух...“ Со самиот тој возглас пред почетокот на првата Литургија на предосветените Дарови, како да се исполнија одеднаш нашите души со некаква сила и умиление, за накрај тоа умиление да прерасне во вистинска духовна радост во мигот на причестувањето со светите Христови Тајни. И како да не се радува човек, гледајќи ги си сите тие млади души, кои ги оставија своите земни грижи и обврски и дојдоа в манастир, за да го поминат заедно со монасите тешкиот подвиг на тримирот? Сега, соединети со Христа, нивните лица се озарија со благодатна светлина, која како благослов ќе ја однесат во своите домови и ќе ја споделат со своите ближни.

Нека семилосрдниот Бог го прими подвигот на тие млади христољубиви души за благослов на целиот наш народ! И нека ни даде благодатни сили да ги завршиме сите денови на светиот и Велик Пост како што Му е Нему угодно, та да стигнеме на крај неосудено да се поклониме на тридневното Христово Воскресение!

 05.jpg

 08.jpg

  07.jpg

10.jpg

17.jpg

 18.jpg

 21.jpg

22.jpg

 23.jpg

24.jpg

Повеќе



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

03/05/2026 - недела

Преп. Теодор Трихина; Преп. Анастасиј Синајски; Блажениот Анастасиј Синаит патријарх Антиохиски; Блаж. Григориј патријарх Антиохиски; Св. апостол Закхеј; Преп. Атанасиј Метеорит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная